Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
1Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
3Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
3Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
ХороскопДневен хороскоп за 17. јануари 2021 годинаДневен хороскоп за недела, 17. јануари 2021 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе. Кариера Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови. Здравје Терапиите се ефективни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви. Кариера Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им. Здравје Помалку јадете , повеќе спортувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни. Кариера Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас. Здравје Нема пречки пред вас. Овен 21.3-20.4. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки. Кариера Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето. Здравје Не се откажувајте од вашата цел. Бик 21.4- 20.5. Љубов Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности. Кариера Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено. Здравје Делата се посилни од зборовите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи. Кариера Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се сопгласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво. Здравје Бидете пообјективни. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција. Кариера На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт. Здравје Одете на сонце и на свеж воздух. Лав 23.7-22.8. Љубов Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа. Кариера Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите. Здравје Не брзајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската. Кариера Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата. Здравје Можна е минлива главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите. Кариера Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги. Здравје Зајакнете се со прошетка на свеж воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре. Кариера Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека. Здравје Осмислете пријатен ден за себеси. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни. Кариера Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат. Здравје Јадете здрава храна .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ФудбалВидео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери. Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи. Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти. Galatasaray- Fenerbahçe maç sonu çıkan kavganın en net açısı… Archie Brown,Abdülkerim bardakçı’ya arkadan saldırıyor. Apoda gereğini yapıyor.. https://t.co/yGbH9p6utj — 1905𝑅 𝐼̇ 𝑇 𝐼̇ 𝑀 𓃬 (@1905ritim) October 26, 2026 Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани... Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација. „Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски. Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени. Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конциПоранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, заврши во болница откако бил нападнат од германски овчар додека го шетал своето куче. Додека бил во прошетка, поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, бил нападнат од германски овчар, при што се здобил со сериозни повреди на ногата. Тој завршил во болница, каде што лекарите му ги санирале раните од каснувањата и му ставиле повеќе од 50 конци. Инцидентот се случил кога Пенант се обидел да го заштити своето куче, американска акита по име Кинг. Германскиот овчар прво го нападнал неговиот миленик, а поранешниот фудбалер веднаш реагирал за да го спречи судирот. Сепак, кучето потоа го нападнало него и го соборило на земја. Пенант им раскажа сè на британските медиуми, опишувајќи ги моментите што се претворија во вистински кошмар. Како што изјави, кучето му ја држело ногата во вилиците најмалку пет секунди, додека тој лежел на земја. „Беше навистина страшно. Другото куче го нападна Кинг, па јас скокнав да го заштитам. Во следниот момент, кучето ме нападна мене. Завршив на земја, а тоа ми ја држеше ногата во вилиците најмалку пет секунди“, рече Пенант, додавајќи дека нема намера да го пријави инцидентот во полиција. Фотографиите што ги сподели поранешниот фудбалер покажуваат сериозни повреди на десната потколеница. Лекарите санирале четири рани од каснување, но го предупредиле дека една особено тешка повреда можеби ќе бара хируршка интервенција. Во текот на својата кариера, Пенант настапуваше за повеќе англиски клубови, меѓу кои Арсенал, Ливерпул, Бирмингем Сити, Лидс Јунајтед, Портсмут и Стоук Сити. Својата професионална кариера ја заврши во 2018 година, на 36-годишна возраст, по 17 години поминати во фудбалот. Во Премиер лигата забележа вкупно 231 настап.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter