3Турција сериозно ги зголеми капацитетите- дури 62 проценти од струјата се добива од обновливи извори
ХороскопДневен хороскоп за 17. февруари 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 17. февруари 2026 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ветувањето што сте го дале или сте го добиле ќе биде одржано , а вие спокојни , исполнети и задоволни во пријатно друштво. Кариера Вашите деловни достигнување се се повеќе очигледни , така што не треба да ве загрижуваат мали недоразбирања и кавги. Здравје и совет Спортувајте за да бидете уште посреќни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе се најдете во големо друштво , така што вашите недоразбирања со партнерот ќе бидат незабележани во групата. Кариера Не постои рецепт за успех , кој се обидувате да го најдете , туку едбноставно треба да работите , а резултатите потоа доаѓаат самите од себе. Здравје и совет Некои ќе танцуваат. Овен 21.3-20.4. Љубов Од грубоста на надворешниот свет денеска ќе избегате во светот на својата фантазија. Ништо чудно за вас , но на партнерот му е веќе доста од тоа. Кариера Се наоѓате во фаза кога вашит еуметнички идеи доаѓаат со толкава брзина и количество , што е тешко да ги запрете. Нешто ќе треба да запишете за во иднина. Здравје и совет Ослободете се од секаков притисок. Бик 21.4- 20.5. Љубов На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашата смисла за детали. Кариера На состаноците ќе дојде до непријатност , која од внатре ве нервира. Вие сакате се да е јасно , а ќе се случува спротивното. Здравје и совет Стресови на кои веќе сте навикнати , не се нервирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе дојде до мали надмудрувања меѓу вас и саканата личност. Во тоа вие ќе бидете онаа полудата страна. Кариера Ќе завршите што е можно побргу и со радост ќе му се препуштите на заслуженото безделничење. Здравје и совет Мали нервози. Рак 22.6-22.7. Љубов Во вашите приватни односи и денеска ќе има доста немир , недореченбост и фрустрации. Останете мирни. Кариера Обидете се да внесете повеќе креативност во својата работа , зашто така ќе работите полесно и со поголемо задоволство , а резултатите секако нема да изостанат. Здравје и совет Одете некаде сами и опуштете се од сите стресови. Лав 23.7-22.8. Љубов На памет ќе ви доаѓа забава без сериозни претензии. Тоа е затоа што нема да добиете она што го сакате. Кариера На работното место денеска би можело да дојде до искажување емоции и таленти кои не сте ги очекувале. Ќе биде интересно како на филм. Здравје и совет Потребно ви е опуштање. Девица 23.8.-23.9. Љубов Друштвеност и отвореност ќе бидат вашите главни квалитети денеска. Оние кои уште се сами , ќе успеваат бргу да остверуваат контакти. Кариера Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успевате да помогнете и да читате меѓу редови таму каде што не може никој друг. Здравје и совет Бидете отворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се потрудите да бидете љубезни во односите со саканата личност.Тоа ќе биде добро прифатено , па ќе ја подобрите комуникацијата. Кариера Веројатно ќе ги игнорирате шефовите и ќе продолжите по свое. Сепак , попаметно би било да најдете некаков компромис. Здравје и совет Може да одите на натпревар на омилениот клуб. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Не влегувајте во расправии , а особено не околу ситници. Вашиот однос ќе се подобри со тек на време. Треба да причекате. Кариера Со нетпрение ќе го чекате крајот на рабнотното време и слободното време зашто едноставно не сте во состојба да работите со задоволство. Здравје и совет Потсетете се на своето хоби. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете во целост свртени кон партнерот , но тој постојано ќе ви носи предизвици , кои во вас ќе будат немир. Кариера Во деловните преговори и на состаноците ќе се потпрете на својата креативност и така ќе најдете заеднички јазик со другите. Здравје и совет Размислете за својата исхрана. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Фантазијата денеска ќе ви работи сто на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што не постои. Можни се нереални проценки. Кариера Ќе се одмеруваат вашите заслуги на работното место. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност. Здравје и совет Преоден пад на имунитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по влажни коловозиСообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, но по претежно влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира за внимателно возење и прилагодена брзина, особено низ котлините и клисурите каде што постои честа појава на одрони. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, а на неколку клучни магистрални и регионални правци во тек се активни градежни зафати со посебен сообраќаен режим. Влажните коловози создаваат дополнителен ризик за возачите кои се движат низ котлините, речните долини и засеците. АМСМ издвојува четири патни правци каде што е потребна исклучителна претпазливост поради одрони од карпи и земја: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоOблачно со повремени локални врнежи од дожд Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во наредните денови времето ќе биде под влијание на циклонска активност до вторник. Ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 31. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 31. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот. Здравје и совет Не постои совршенство. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат. Здравје и совет Ќе го надминете преодниот стрес. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења. Кариера Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте. Здравје и совет Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно. Кариера Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете. Кариера Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна. Здравје и совет Сепак имате доволно слобода. Овен 21.3-20.4. Љубов Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине. Кариера Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате. Кариера Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје и совет Посигурни сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Одвоете го приватното од деловното. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе. Кариера Подготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа. Здравје и совет Одморете се и наспијте се . Девица 23.8.-23.9. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек. Здравје и совет Тргнете се од каква било негативност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook