Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски
2Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски
ХороскопДневен хороскоп за 17. февруари 2024 година Дневен хороскоп за сабота, 17. февруари 2024 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред. Кариера Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Нервоза и замор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува. Кариера Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм. Здравје и совет Ништо не може да ве изненади. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање. Кариера Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат. Здравје и совет Немир и несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови. Кариера Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно. Здравје и совет Сетете се на своите приоритети. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат. Кариера На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи. Здравје и совет Клопчето треба да се одмота до крај. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето. Кариера Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи. Здравје и совет Свртете се кон иднината. Лав 23.7-22.8. Љубов Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега. Кариера Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент. Здравје и совет Презентирајте ги своите идеи. Добри се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите. Кариера Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција Здравје и совет Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација. Вага 24.9.-23.10 Љубов Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат. Кариера Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други. Здравје и совет Покажете ги своите таленти. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов. Кариера Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат. Кариера Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино. Здравје и совет Вашите пријатели можеби ве шпионираат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочнува изградбата на ветерен парк во ШтипЗа три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип. Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски Нула денари од државниот буџет за големите музички спектакли за 35 годишнината од незваисноста ова лето – тврди премиерот Христијан Мицкоски. Според него, сите настани, вклучително и вчерашниот настап на светскиот диџеј Дејвид Гета, биле организирани од општествено одговорни компании, без да се одвојуваат буџетски средства. „Имам лоша вест за сите кои лиферуваа лажни информации. Тоа е дека буџетот овие настани го чинеа нула денари. Може да проверите. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Секој денар буџетски пари се троши на транспарентен начин.“ – Христијан Мицкоски – претседател на Влада Кулминацијата на прославата на 8 септември беше синоќа на преполниот стадион „Тоше Проески“. Неколку десетии илјади луѓе два часа уживаа во импресивното шоу на Гета, кој допатува директно од Ибица. Спектаклот не беше само музички – Гета на сцената приреди вистинско аудиовизуелно шоу со ласери, пиротехника, светлосни и видеоефекти. По шоуто со светските хитови на Гета, вечерта заврши со македонска музика и традиционални ора. Дел од публиката го продолжи славењето и пред стадионот каде ечеше „Бисер балкански“. Од МВР информираа дека за време на концертот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што биле приведени пет лица. Сепак, од МВР оценуваат дека настанот поминал исклучително мирно од безбедносен аспект. Со вчерашниот спектакл се заокружи прославата на 35 години независност. Претходно, караванот „Силно светнал ден“ помина низ повеќе градови, а на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно под просекот - ПИСА со аларм за македонските ученициЕкстремно лоши резултати и назадување на македонските ученици. Најновите податоци од меѓународното оценување ПИСА 2025 повторно го вклучуваат алармот за состојбата во образованието.Министерката Весна Јаневска причините ги лоцира во реформите и образовните политики од претходниот период. Посочи дека најдобри резултати македонските ученици постигнале во 2018 година, во периодот на „Кембриџ“ реформата, по што следувало назадување. ,, За жал резултатите повторно се многу лоши но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите кои се претходно направени.,, Но, реформите не се единствениот фактор. Според Јаневска, значајно влијание врз резултатите има и технологијата. Не може да се тврди дека вештачката интелигенција е главната причина, вели таа, посочувајќи дека можеби многу поголемо влијание имаат социјалните мрежи и неконтролираната употреба на мобилните телефони. -Децата мора да се вратат и на основните навики – да се учат да читаат и пишуваат на традиционален начин. Но, технологијата не треба да се исклучи од образованието. Истражувањето на ПИСА, покажа дека само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука, што е значително помалку во однос на развиените земји. Наодите покажале дека само 26 отсто од учениците во Македонија го достигнуваат ниво 2 или повисоко по читање, а просекот во земјите на ОЕЦД изнесува 69 отсто. По математика, основното ниво го достигнуваат 32 отсто од учениците, наспроти 65 отсто просек во ОЕЦД, а по природни науки 36 отсто, во споредба со 74 отсто во ОЕЦД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11