Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите
2Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ХороскопДневен хороскоп за 17. февруари 2023 годинаДневен хороскоп за петок, 17. февруари 2023 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. Почна вакцинацијата против сезонски грип. Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. Тој апелира здравствените работници да се вакцинираат. Вчера биле испратени пет илјади пораки до граѓани за вакцина. Оваа недела имало 65 пациенти со сипмотими на грип пријавени, кај двајца грипот бил и потврден. Пулмолозите апелираат на вакцина, бидејќи грипот ќе помине, но последиците од него остануваат и по прележувањето. Од „Мој термин“ за еден ден испратиле пет илјади пораки за повик за вакцина. На 15 ноември ќе пристигнат нови 26 илјади дози вакцини. Првата вакцина против грип ја примил жител од Виница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција, Андреј Жерновски Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц со кој Заев имаше средба.Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче. А за тоа кој ноторни аналфабети се говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со руски пранкери им го издиктира бројот на тогашниот заменик државен секретар на САД, Вес Мичел. Уште фрапира фактот кога СДС зборат за дипломатија, а нивниот сегашен експозе Фрчкоски, крадеше пари од Амбасадата. Да не ја заборави и домат дипломатијата на СДС и тоа дека Заев ја нудеше ќерката да ја даде за остров. И да секако, прес-конференцијата на оваа тема ја држи Андреј Жерновски, неакредитираниот амбасадор, кој не знае што значи кратенката НАТО. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАпсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборитеВо пресрет на неделните избори во Србија уапсени се повеќе лица во Нови Сад, Кралево и Белград, поради сомнежи за планирање на нереди на денот на изборите.Како што објави РТС, осомничена група од Нови Сад планирала на 25 октомври со околу 80 лица да дојде во Белград и да предизвикува нереди. Извршени биле претреси во објекти и простории кои ги користеле осомничените лица. Според РТС, во одделна акција по налог на Виштото јавно обвинителство во Кралево бил уапсен осомничен од Врњачка бања, заради повикување на насилна промена на уставниот поредок и планирано учество на немирите во Белград на изборниот ден .. Според српските медиуми биле приведени членови на криминална група предводена од осомничен наркодилер. Инаку, според последната објавена анкета од „нова српска политичка мисла“, студентската листа е во тесно водство. https://t.co/RuEuvRWjyp — Arsil (@arsagarson) October 21, 2026 Доскорешниот српски претседател, носител на листата- „Александар Вучиќ -Единствена Србија“ , е убеден дека ништо нема да може да ги смени резултатите и најави дека за исходот нема да се обрати пред 22 часот в недела.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook