3Директорот на споменикот „Македониум“ си поднесе неотповиклива оставка поради спотот на косовскиот рапер
3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
ХороскопДневен хороскоп за 17. декември 2025 годинаДневен хороскоп за среда, 17. декември 2025 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе останете дома.Оние во стабилни врски нема воопшто да излегуваат , а осамените ќе сонуваат гледајќи добар филм. Кариера Можно е луѓето од вашата околина да ви даваат различни ветувања , што не се сосема реални. Бидете внимателни. Здравје и совет Ви се зголемува апетитот, не претерувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте , но не избрзувајте. Здравје и совет Нема веќе пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони работите да ги гледате розово. некои ќе ја идеализираат својата врска. Затоа споредбата со видувањето на другите луѓе нема да им се допаднат. Кариера Се што денеска ќе правите на работното место , ќе го работите со леснотија , како да станува збор за некаква забава. Здравје и совет Слушајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не успеете во сите ваши намери , ќе знаете се да свртите на шега или едноставно ќес е дистанцирате. Кариера Другите конечно ќе ги препознаат вашите заслуги и ќе ви ги признаат резултатите. пред вас е убав деловен ден. Здравје и совет Нервоза. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се впуштите во конкретно зближување со личност која ви се допаѓа , ќе имате завиден резултат. Кариера Вашите соработници ќе ве поддржат , но не се сите искрени. Ширум отворете ги очите за да видите кои се вистинските. Здравје и совет Согледајте ја целината. Бик 21.4- 20.5. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржале кога требало. Сега поправаат што може да се поправи . Кариера Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете можност за да презентуирате некоја ваша иновативна идеја. Ќе успеете. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска без проблеми ќе надминувате секаква пречка или мал проблем што ќе ви застане на патот на целосното задоволство. Ќе успеете. Кариера Ќе чувствувате дека би можеле подобро и повеќе, но ве попречува невниманието при работата. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Зајакнете си ја мускулатурата. Рак 22.6-22.7. Љубов Без оглед што во љубовта не ви цветаат рози, денеска ќе најдете причина и за смеа и за надеж. Ќе бидете контруктивни. Кариера Можеби на моменти ќе ви се пристори дека сте препуштени сам на себеси ,но нее така.Многу добро ве контролираат. Здравје и совет Мали нервози. Лав 23.7-22.8. Љубов За љубовните прашања ќе треба да го послушате ставот на вашиот партнер. Моментално е чувствителен , но добронамерен. Кариера денеска ќе немате реален однос кон себеси. Ќе замислувате дека вашето влијание е поголемо , отколку што е во стварноста. Здравје и совет Не ја критикувајте саканата личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ниту денеска нема да можете да направите поголем напредок во односите , но со мали чекори напред , се ќе биде подобро. Бидете поскромни. Кариера Денот е многу поволен за градење нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите. Здравје и совет Во работењето е среќата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе имате интересни идеи , со кои ќе ја оптеретувате саканата личност. Не мора се да искажете во детали. Кариера Вашата финансиска состојба ќе изгледа многу ветувачки , но вие самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат. Здравје и совет Добро размислете пред да делувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте во состојба да читате меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Би можело да сдојде до несогласувања меѓу некои ваши колеги со соработниците од странство. Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Ви недостига дисциплина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот По недели застој нов обид да се одглави изборниот законик. Партиите денеска седнаа на консултативна средба кај министерот за правда Јетон Шасивари, но без претставник на СДСМ. Иако денешната средба не донесе договор Шасивари порача дека разликите не смеат да го блокираат унапредувањето на изборниот систем. И министерот и останатите претставници на партиите очекуваат на следната средба да се вклучи и најголемата опозициска партија, а Шасивари најави дека за ова ќе бара средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче. -Идејата за денешната средба е да се даде втора шанса на работната група за измени во изборното законодавство. Целта на оваа средба е да ги сослушаме сите аспекти гронолошки на овој процес кој се одвиваше четири месеци и е дел на рефрмската агенда. Отсуството на СДСМ како релевантна политичка партија во нашиот партиски и политички систем е хендикеп за овој процес,- изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда . ВМРО ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица, што е на иста линија со коалицискиот партнер ЗНАМ, но оставаат простор за договор по останатите прашања. -По однос на предизборното финансирање ние сме спремни она што ќе го договорат ДУИ, СДСМ и Левица да го поддржиме како модел за користење на средствата за политичко рекламирање. Во однос на гласањето на дијаспората сметаме дека е уставна обврска на државата да овозможи гласање на секој државјанин без разлика на место. Треба да се олесни со посовремена методологија, без разлика дали ќе е електронско или по пошта,- изјави – Антонијо Милошоски – ВМРО ДПМНЕ. -Бевме минатиот пат на чекор со консензус да ја донесеме таа една изборна единица. Наш предлог беше со праг од 2 до 3 проценти но за жал еден од субјектите, но за жал еден од субјектите инсистираше на поголем број на изборни единици и кога немате консензус не го ставивме во промените на законското решение,- изјави – Весна Бендевска – ЗНАМ. За опозициската ДУИ на повидок е широк консензус за Изборниот законик. Левица пак останува на забелешките за финансирањето на изборната кампања. -Сме отворени за дијалог. Мислем дека бевме и сме многу блиску до еден широк консензус би рекол што е можност да се исполнат и препораките на ЕУ. За нас како ДУИ е прифатливо една изборна единица но за жал има различни предложи но за жал остана претходното решение,- изјави – Блерим Беџети – ДУИ. -Двете главни работи за кои се залагаме се една изборна единица и фер распределба на средствата за кампањи. Ние бевме против онлајн гласање затоа што не е тоа пракса во Европа, го има во неколку држави во неколку дури е укинувано. Глањето по пошта е пракса некаде но е прашање колку кај нас е тоа возможно ако знаме Македонски пошти како функционираат,- изјави – Борислав Крмов - Левица. Од СДСМ иако не присуствуваа на средбата преку соопштение реагираат дека тие нема да седнат на маса со, како што велат, криминалци и нивни измислени сателити нив, и нема да дозволат изборен грабеж. -Нема да поддржиме закон во кој ќе има друг начин на заокружување на гласачкото ливче поради историјата на злоупотреба на изборите во 2016 година и да нема електронско гласање на дијаспората. Нема да дозволиме отворање врата за изборна кражба, велат од СДСМ. Иако партиите останаа на разликите по некои од прашањата поврзани со Изборниот законик разговорите ќе продолжат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаЕУ ќе им понуди на земјите-кандидатки за членство пристап до единствениот пазарЕвропската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија.Европската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија чиишто нови детали ги објави Политико. Реномираниот портал пишува дека на овие држави ќе им се понуди постепена интеграција во единствениот пазар, вклучително и непречена трговија корисна за бизнисите. И во денешниот обемен текст Политико ги посочува земјите кои наскоро ќе добијат т.е. патоказ за забрзување на евроинтеграциите. На Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“ дизајнирани да го забрзаат процесот на нивно пристапување во наредните години. За другите, како Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Турција, процесот се одолговлекува, при што расте загриженоста дека тие би можеле да го загубат интересот или да гравитираат поблиску до Русија или Кина. Премиерот Мицкоски кој вчера и на претходните написи на Политико изрази скептичност дека Македонија ќе остане без патоказ, денеска само повтори дека се подготвени да дебатираат со шефицата на Европската Комисија во Скопје, а аргументите вели се веќе познати и непроменети. За критиките од лидерот на СДСМ Филипче дека Владата нема намера да ги продолжи евроинтеграциите, премиерот изјави: „ Не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Шефицата на Европската Комисија денеска ја започна турнејата во Албанија, утре ќе биде во Косово и Црна Гора, а в петок доаѓа во Скопје на средби со премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаДиректорот на споменикот „Македониум“ си поднесе неотповиклива оставка поради спотот на косовскиот рапер „Секси Мама“ во Македониумот за 500 евра го платија со функција директорот и членовите на Управниот одбор на историскиот музеј Крушево. Откако премиерот Мицкоски најави дека уште денеска од министерството за култура и туризам ќе побара нивно разрешување, директорот на институцијата Миха Оџаклиески експресно си поднесе неотпвиклива оставка, откако вчера пукна скандалот дека споменикот во кој се наоѓа и вечното почивалиште на Никола Карев, бил отстапен за снимање спот на косовски рапер без претходно одобрение од надлежната Управа за заштита на културното наследство. -Oдлуката е личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста. , вели Оџаклиески. Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека недозволиво е културно историски споменици да бидат користени за такви намени. -Навистина она што се случило таму е нешто што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура да биде разрешен директорот на оваа институција, заедно со Управниот одбор, зашто таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Им се извинувам на граѓаните поради пропустот што е направен и се случил. Ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани пак, претходно оцени дека станува збор за чувствителен проблем и дека при изнајмувањето на објекти кои се културно историско наследство, директорите мора да се запознаени со содржината на програмите кои се одржуваат во нив. Тој посочи и дека во владата ќе се разговара за соодветни законски измени, со цел ваков случај да не се повтори во иднина. -Законски си имаат право да изнајмуваат, но сепак директорите треба да припазат кога изјамнуваат објекти треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина. Така да нов е проблемот иако снимено е порано се уште немам јас детални информации, но сме во процес ќе видиме и со Владата ако треба ќе разговараме за овие процеси и ќе решиме како понатаму,- Седат Сулејмани – министер за култура и туризам. Оџаклиески вчера и самиот призна дека е направен пропуст, но дека недоличните сцени биле снимени на друга локација. Од Управата за заштита на културното наследство реагираа дека до нив никогаш не било доставено барање за одобрение за снимање, што е обврска во вакви случаи. Од таму објаснија дека дозвола за снимање и фотографирање во објект заштитен како културно наследство се добива ако снимањето е во согласност со промоција на македонската култура, уметност и наследство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11