ХороскопДневен хороскоп за 17. декември 2024 година Дневен хороскоп за вторник, 17. декември 2024 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате дека сте се посилни , можноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОдреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор МацураДавор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи. Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица. На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот. Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство. Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање. Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања. Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“. На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата. Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари. Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци. Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните. Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас. За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност. Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки. Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица АндовскиОливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор. По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски. Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter