Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
1Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
3ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
1Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ХороскопДневен хороскоп за 17. август 2022 година Дневен хороскоп за среда, 17. август 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики. Кариера Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните методи. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас. Кариера За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа , а другите ќе поминат вообичаен работен ден. Здравје и совет Соработувајте со другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи. Кариера Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето. Здравје и совет Поченете да спортувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди. Кариера Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен ан соработка. Здравје и совет Верувајте им на другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост. Кариера Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи . Здравје и совет Одморете си ги нозете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично , а разгледувајте ги полека. Здравје и совет Мали главоболки. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе добиете покана за излегување , каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи. Кариера Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте. Здравје и совет Преспијте пред одлуката. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било дас е решите за прошетка во двојка , можеби само на кафе со пријателите. Кариера Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат , но прво причекајте да стигнат сите информации. Здравје и совет Не се замарајте со ситни работи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не сакате да бидете здодевни , но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни. Кариера Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки. Здравје и совет Нервози и грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка . Кариера Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност , но ќе бидат необјективни во одлуките. Здравје и совет Осмислете ги прашањата пред да ги поставите. Рак 22.6-22.7. Љубов Сега се е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат. Кариера Додека се одморате во мирот на својот дом , во главата си замислувате како работите на друга позиција. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаРаботна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилностДелегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е во неколкудневна работна посета на Словенија.Во рамки на посетата, заедно со претставници од повеќе институции ќе се реализираат работни средби со високи претставници од релевантните институции во Република Словенија во однос на законската рамка, институционалните практики и примената на правото на Европската Унија во областа на трудот, миграцијата и трудовата мобилност. Во рамки на престојот ќе бидат посетени и реализирани средби со високи претставници на Министерството за економија, труд и спорт, Агенцијата за вработување на Словенија, Министерството за внатрешни и јавни работи, како и Канцеларијата за поддршка и интеграција на мигранти, каде ќе се презентираат искуствата на Република Словенија во примената на релевантното законодавство на Европската Унија и практичното спроведување на политиките во оваа област. Целта на студиската посета е размена на искуства кои ќе дадат придонес во унапредувањето на политиките и институционалната рамка во областа на трудот и трудовата мобилност, во согласност со европските стандарди. Студиската посета е организирана од страна на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во рамки на проектите „Искористување на потенцијалот на дијаспората за напредување во пристапувањето кон Европската Унија и мобилноста на работната сила во Западен Балкан“ и „Регионалната програма за управување со миграцијата (RMGP) – фокус на Западен Балкан и Република Турција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центритеАрамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните.Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија. Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот. СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло. А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат. Прашањата остануваат. Кој е инвеститорот? Која струја ќе ја троши центарот - домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните? Која вода ќе ја цица - од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар? Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира. Еден голем дата-центар троши струја колку цел град. Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија - повеќе од сите градски домаќинства заедно. Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци. Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030. Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови. Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати. Град во Калифорнија ги забрани на референдум. Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша. Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви. Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери. Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни. Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето. СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација. СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри. Нема проект. Има провизија што бара покритие. Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата. Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев и останатите.Македонското правосудство се претвори во бастион на СДС и ДУИ и со сите преостанати сили се стави во служба на одбрана на нивните криминалци. Остатоците на СДС и ДУИ во правосудните органи за да ги спасат од кривична одговорност Венко Филипче, Зоран Заев и таквите како нив укинуваат пресуди, стопираат истраги, враќаат предмети на повторување на постапки. Зависно од предметот и што тоа му треба на ликот кој се гони или треба да се гони за одредено кривично дело. Така, за автобуската несреќа на Дурмо Турс кај Ласкарци со 16 жртви, пресудата е укината. За 14 жртви кои живи изгореа во пожарот во модуларната болница во Тетово, затворена е истрагата и обвинение за кривична одговорност за Филипче нема. Тука е запрената истрага за случајот Мазут, тежок 167 милиони евра. Сето ова не е случајност, затоа што ова е правосудниот систем воспоставен од СДС и ДУИ кој и ден денес ги штити нивните луѓе и интереси. Ова покажува дека СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа нивното последно упориште за одбрана на нивниот криминален систем што го создаваа со години. Малкумината остатоци на СДС и ДУИ бирани во партиските штабови во Зајас и Струмица кои грчевито ги штитат од одговорност нивните поранешни државни функционери се ликови како Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска, Африм Фидани. Секогаш кога луѓе на СДС и ДУИ треба да одговараат пред лицето на правдата, тука се нивните инсталации во правосудството за предметите да се развлекуваат, истрагите да се затвораат, а пресудите да паѓаат. Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури и тоа е причината зошто граѓаните во правосудството имаат само 2% доверба. Затоа што правосудството, наместо да биде бастион и упориште на правдата, се претвори во бастион на СДС и ДУИ. Но, и СДС и ДУИ, и нивните корумпирани ликови, треба да знаат дека времето на недопирливите мора и ќе заврши, одговорност за секој според делото, ќе има. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook