Дневен хороскоп за 17. април 2025 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 17. април 2025 година

Дневен хороскоп за четврток, 17. април 2025 година. 

Дневен хороскоп за 17. април 2025 година

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добо ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топло време и до крајот на наредната недела со температура до 37 степени

До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот, информираат од УХМР.

Топло време и до крајот на наредната недела со температура до 37 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

24 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Берово, Претор, Охрид, 31 Маврови Анови, 32 Крива Паланка, Прилеп, 33 Виница, Битола, 35 Тетово, Кавадарци, Струмица, Штип, 36 Демир Капија, Гевгелија, 37 Скопје Петровец, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на Ауди: Колку што е поскап автомобилот, толку купувачите повеќе сакаат бензинец (ФОТО)

Иако се откажа од големите V10 и V12 мотори, Audi остава простор за своите моќни бензински мотори. Тие ќе се нудат во годините што доаѓаат.

Шефот на Ауди: Колку што е поскап автомобилот, толку купувачите повеќе сакаат бензинец (ФОТО)

Audi порано можеше да го понуди својот голем A8 со моќен W12 мотор и сè уште да ги исполнува прописите за емисии од тоа време. На врвот на ерата на Фердинанд Пих, кога речиси сè изгледаше можно, инженерите на Audi дури и го опремија Q7 со V12 дизел мотор.

И двата 12-цилиндрични мотори одамна ги нема. Истото важи и за атмосферскиот V10, кој беше зад седиштето на Audi R8. Сепак, V6 и V8 моторите во Инголштат сè уште имаат иднина.

Тоа е интересен пресврт за бренд кој некогаш најави целосен премин кон електрични автомобили до 2032 година. Како и многу други производители, Audi оттогаш ги прилагоди своите амбициозни планови за електрификација.

Audi на тој начин ќе продолжи да продава автомобили со мотори со внатрешно согорување на неодредено време, а шефот на брендот Гернот Долнер сега откри интересна разлика во преференциите на клиентите во зависност од ценовниот сегмент.

Колку е поскап автомобилот, толку повеќе купувачите сакаат класични мотори

Во интервју за Блумберг, Долнер рече дека купувачите во повисоките сегменти се повеќе наклонети кон моторите со внатрешно согорување. Токму затоа, според него, имало смисла да се опреми егзотичниот Нуволари со голем V8 мотор базиран на технологијата на Lamborghini Temerario.

„Забележуваме дека колку е повисок сегментот, толку повеќе ентузијасти го претпочитаат моторот со внатрешно согорување. Колку е понизок сегментот, толку е поголемо прифаќањето на електричните возила на батерии“, рече Долнер.

На другиот крај од понудата на Audi, ситуацијата е затоа поинаква. Електричните автомобили добиваат поголемо прифаќање кај клиентите во пониските сегменти.

Audi има намера да го понуди новиот A2 токму на оваа група клиенти. Некогаш необичниот компактен модел треба да се врати како целосно електричен автомобил и индиректно да ја преземе улогата на A1 и Q2, чие производство неодамна заврши.

Концептот C останува електричен

И покрај тоа што Audi повеќе не планира толку брзо да се откаже од моторот со внатрешно согорување, Concept C ќе остане целосно електричен кога ќе влезе во сериско производство следната година.

Двоседот со првиот тарга покрив во историјата на брендот нема да добие бензински мотор. Ова го потврди за Motor1 Даниел Шустер, портпарол за технички развој на Audi.

Штета за љубителите на класични спортски автомобили, бидејќи токму на овој тип автомобил би му одговарал петцилиндричниот мотор на Audi од RS3.

Барем Audi успеа да го задржи V6 во новиот RS5, кој ја презема улогата на претходниот RS4. А идниот RS6, кој ќе се нуди како седан и Avant, ќе добие барем една верзија со V6 мотор.

Станува збор за тешки plug-in хибриди што Audi ги развива за да ги исполни прописите за емисии. Алтернативи би биле употребата на помали мотори или целосно прекинување на производството на соодветните модели.

Кај скапите автомобили, емоциите се важни

Изјавата на Долнер е една од поинтересните проценки на шефот на голем производител за иднината на моторот со внатрешно согорување. Со години, автомобилската индустрија зборува за електричните автомобили како неизбежна замена за бензинските пумпи, но купувањето автомобил не е секогаш чисто рационална одлука.

Како што автомобилот станува поскап и посебен, другите фактори стануваат поважни.

Ова е особено очигледно кај супер спортските автомобили. На никој навистина не му треба автомобил со околу 1000 КС што може да достигне брзина од повеќе од 320 км/ч, па затоа објаснувањето на таков клиент дека електричниот автомобил е поефикасен ја промашува самата суштина на таков производ.

Купувачите кои можат да си дозволат автомобил како Нуволари плаќаат за технологија, карактер и звук на моторот. Токму второто станува сè потешко да се зачува во последниве години поради сè построгите регулативи за емисиите и бучавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц: Обидот за напад со дрон, поврзан со Русија покажува систематска криза

Со зголемувањето на тензиите меѓу Германија и Русија, Германија ја обвини Русија дека се обидела со дрон да го нападне аеродромот Лајпциг-Хале. 

Мерц: Обидот за напад со дрон, поврзан со Русија покажува систематска криза

Дронот, полн со експлозив, бил пронајден во близина на украински авион, што предизвикало сериозна загриженост.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупредува дека земјата се соочува со „системска криза“ што може да има далекусежни последици. Тој нагласи дека припишувањето на нападот на Русија е „јасно и правно исправно“.

Германската влада не ги штеди зборовите - одлучи да го затвори рускиот генерален конзулат во Бон на 18 септември, а исто така објави и раскинување на договорот за работењето на Руската куќа во Берлин. Контролите за влез за руските граѓани исто така ќе бидат заострени.

Ситуацијата испраќа силно предупредување до Москва да го запре своето хибридно војување, рече Мерц на настан во близина на Хановер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер