Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 17. април 2019 годинаДневен хороскоп за среда, 17. април 2019 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил. Кариера Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие? Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Бик 21.4- 20.5. Љубов рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези. Кариера Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт. Здравје и совет Обидете се да се однесувате позрело. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е. Кариера Ќер бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите. Здравје и совет Несоница. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија. Кариера Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас. Здравје и совет Бидете реални во своите проценки. Лав 23.7-22.8. Љубов Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца. Кариера Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи. Здравје и совет Следува нов козметички третман. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се. Кариера Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени. Здравје и совет Ќе се чувствувате како риба во море. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат. Кариера Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени. Кариера Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно. Кариера Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате. Здравје и совет Послушајте ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло. Кариера Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу. Кариера Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат. Здравје и совет Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас. Кариера Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија. Здравје и совет Некои делуваат прикриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24