Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа
2Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа
3Стојкоски: Две нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на Вардар
ХороскопДневен хороскоп за 16. октомври 2024 година Дневен хороскоп за среда, 16. октомври 2024 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива. Кариера Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито. Здравје и совет Медитирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро. Кариера Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели. Здравје и совет Останете доследни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате. Кариера Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин. Здравје и совет Избегнувајте колачи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица. Кариера И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно. Здравје и совет Здравјето ви се подобрува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се. Кариера Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа. Здравје и совет Непостојаност во навиките. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете. Кариера На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи. Кариера Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат. Здравје и совет Ги победувате грижите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации. Кариера Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате. Здравје и совет Прошетајте се на чист воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо. Кариера Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте. Кариера Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето. Здравје и совет Изолирајте се во мир. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции. Кариера Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата. Кариера Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате. Здравје и совет Внимавајте на вируси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
ТехнологијаМодел на „Антропик“ испрати лажна дојава за убиство до полицијатаОделот на вештачка интелигенција Клод на „Антропик“ испратил лажна дојава за нерасчистено убиство преку јавен полициски формулар во Филаделфија. Инцидентот се случил на 18 јули 2026 година, а беше јавно обелоденет на 9 октомври. Пораката била означена како спам и не стигнала до истражителите, соопшти полицијата. Според извештајот на „Антропик“, моделот Клод Хаику 4.5 добил задача да изведува примерни активности на случајно избрани веб-страници. На една од нив наишол на страница за нерасчистено убиство со формулар за доставување информации. Моделот составил порака во која тврдел дека можеби има информации за случајот и дека видел лице што одговара на описот во близина на наведената улица. Сепак, страницата воопшто не содржела опис на сторителот. Полињата за име и контакт останале празни, а формуларот дозволувал испраќање и без тие податоци. Според полициското соопштение што го објави телевизијата „6 АБЦ“, компанијата го открила инцидентот на 28 септември, а ја известила полицијата на 7 октомври. Следниот ден се одржала средба со претставници на „антропик“. Полицијата го оцени доцнењето како неприфатливо и побара компанијата да ги зајакне заштитните механизми. Истовремено, нагласи дека нема показатели за неовластен пристап до полициските системи или за компромитирање на податоците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
СветИзбрана новата портпаролка на Белата куќа Конзервативната коментаторка Кејти Закари е избрана за нова секретарка за печат на Белата куќа, наследувајќи ја Керолајн Ливит, која ја напушти функцијата во август, објави „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на извори запознаени со случајот.Закарија моментално работи како виш советник за комуникации во компанијата „Трамп медиа енд технолоџис груп“ (Trump Media and Technologies Group), која управува со социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) на американскиот претседател Доналд Трамп. Претходно, таа кратко време работела како портпарол на тогашната секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. Каролин Ливит се повлече од функцијата секретар за печат на Белата куќа во август, но останува ангажирана како надворешен советник на Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неаПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот „Непокор.Борба.Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и антифашистичката борба, порача дека денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот „Непокор.Борба.Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и антифашистичката борба, порача дека денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина во која младите ќе останат во Македонија и тука ќе го градат својот живот. „Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче. Тој посочи дека празните училишни клупи и намалениот број првачиња се сериозен аларм за иднината на државата, нагласувајќи дека Македонија не смее да се помири со иселувањето на младите. „Затоа што денес најтажната слика на Македонија се празните училишни клупи. Околу 3000 првачиња помалку оваа година. Тоа е алармот што мора сите да го слушнеме. Затоа што држава без млади луѓе нема иднина. Ние не смееме да се помириме со тоа и нема да се помириме“, порача претседателот на СДСМ. Филипче истакна дека иселувањето не смее да стане нормалност и дека секој млад човек треба да има перспектива во сопствената татковина. „Не прифаќаме иселувањето да стане нормалност, затоа што изолацијата не е опција. Не прифаќаме во 21. век да нема чиста вода за пиење. Не прифаќаме власта да нема одговори и никој да нема одговорност. И најмногу од сè, не прифаќаме една цела генерација да поверува дека за неа нема место во сопствената татковина. Затоа што патриотизам е тоа како луѓето живеат денес и што ќе им оставиме на децата утре. И тоа е мерката за успешната политика. И токму затоа денес сакам посебно да им се обратам на младите. Тие што имаат 18, 20, 25 години. Вашата генерација денес има друга битка. Битка за иднината. Ние сме тука да ја водиме за вас и со вас. Затоа, наша следна голема национална задача е заедничка. Европската иднина и европски можности за секое младо момче и девојка тука во Македонија“, рече Филипче. Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот марш во Прилеп по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“. Во своето обраќање, Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики и антифашистичките вредности на партизаните, кои пред 85 години ја започнаа борбата за слободата и македонската државност. „Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот“, рече Филипче. Тој нагласи дека историската борба за слобода денес продолжува преку демократска борба против криминалот, корупцијата, неправдата и политиките на власта кои го поткопуваат достоинството на граѓаните. „Таа улога, таа борба бара храброст, истрајност и одговорност. Ние ја имаме храброста, ја имаме решителноста, а народот е нашата сила. Нашата денешна борба ја водиме со демократски средства, со вистината, со јавниот збор, во Собранието и со гласот на граѓаните“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека 11 Октомври не е само датум за одбележување, туку потсетник на огромната жртва на борците кои ја извојуваа слободата и ја поставија основата за создавањето на современата македонска држава. „Покрај сите наши славни историски датуми, треба да признаеме дека партизаните ја извојуваа најголемата и единствената победа која доведе до првата современа национална држава. Кога ја славиме победата, лесно ја забораваме неизвесноста пред првиот чекор. Лесно е да се биде храбар во говор, осумдесет и пет години подоцна. Во октомври 1941 година, храброста се мерела со тоа дали ќе излезеш од дома, знаејќи дека можеби последен пат ја затвораш вратата зад себе“, рече Филипче. Филипче истакна дека антифашистичката борба и победата во Народноослободителната војна се нераскинлив дел од македонската државност, од Илинден, АСНОМ до независноста, а обврската на денешните генерации е да го продолжат тој историски пат. „Од Илинден 1903, преку АСНОМ, од 1944, до референдумот за независност од 1991 година, низ различните историски епохи се провлекува една иста нишка. Тоа се поглавја на една многу, многу долга борба. Илинденците се бореа за слобода и ги поставија темелите на борбата. Асномците ците ја втемелија државноста. Генерацијата на независност ја создаде суверена и меѓународно призната република Македонија. Генерација за последните 10 години го обезбеди нашето членство во НАТО. А на нас и секоја следна генерација и останува обврската да продолжи таа историска вертикала“, рече Филипче. Тој порача дека денешната генерација има историска одговорност да ја зачува државата, да ја зајакне економски и да обезбеди иднина во која младите ќе останат да живеат во својата татковина, наместо да бидат принудени да ја напуштаат. „Да ја чува државата, да ја развива, економски да ја зајакнува и да ја носи напред кон Европа силна и обединета. Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче. Во обраќањето Филипче порача дека борбата за Македонија денес е борба за достоинството на секој граѓанин, за подобар живот, за правда и за европска иднина, нагласувајќи дека СДСМ нема да се откаже од вредностите врз кои е изградена македонската држава. СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20