2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
ХороскопДневен хороскоп за 16. октомври 2021 година Дневен хороскоп за сабота, 16. октомври 2021 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако се обидете да најдете некоја стара тема во односот со саканата личност , тоа ќе ве растревожи , иако врската и натаму ви е многу добра. Кариера Ништо не можете да прескокнете , иако би посакале да е така.Секое скалило на успехот треба да го одработите од почеток до крај. Здравје Поработете на својата спонтаност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе бидат преокупирани со семејни проблеми кои им задаваат главоболка, така што нема да имаат време за љубов. Кариера Контактите ви се добри , комуникациите пријатни , стабилни сте и цврстиво своите деловни планови. Здравје Не сте расположени , иако нема причина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во квалитетните приватни односи , ќе се замешаат некои прашања кои се непотребни. Ќе се покаже подоцна дека тие биле само губење време. Кариера Не заборавајте да направите попис на важните и на помалку важните задачи на работа , а особено ако размислувате за измени. Здравје Почитувајте го трудот на другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе наидете на мали разлики и повторно ќе се соедините во хармонична двојка. Ќе бидете задоволни и подготвениз а секаков вид уживање. Кариера Вашите шефови денеска ќе покажат смисол за креативност , но ќе бидат необјективни во одлучувањето. Здравје Проверувајте го рокот на продуктите што ги конзумирате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои премногу ќе се занимаваат со анализи , а помалку со љубовни дела.Во случај нешто да ви недостасува , свртете се кон ова второто. Кариера Би сакале да добиете одговори на одредени теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се. Здравје Верувајте во подобро утре. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пријатни сте за околината , ве сакаат и ценат , зрачите со самоувереност.Сите тие се добитни комбинации за љубов. Кариера Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете да работите повеќе и подобро. Затоа знаете дека и резултатите ќе бидат одлични. Здравје Продолжете понатаму. Овен 21.3-20.4. Љубов Мали нервози ќе внесуваат преоден немир во односите , но и ќе ве поттикнуваат повеќе да се ангажирате. Кариера Ќе ви недостига чувството на слобода. Притисоците за да ги завршите навреме обврските сега ги чувствувате како товар. Здравје Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне кон сите лични проблеми да пристапите филозофски и со стил. Кариера Добивате шанса зада го покажете своето знаење во областа на креативната уметност или декорација. Здравје Одморете го долниот дел од рбетот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Би можеле да барате изговор за вашите мали испади. Немојте да лажете , туку бидете искрени. Кариера Веројатен е контакт или деловна кореспонденција со луѓе поврзани со море или вода. Добро ќе соработувате. Здравје Бидете појасни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен период продолжува и денеска. Ќе бидете интерсни , како за себе , така и за другите. Кариера Денеска во финанасиските прашања би можеле да се покажете како вистибнски волшебник , кој може да реши секаков проблем. Здравје Во одлична форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе настојувате дас е опуштите во пријатен круг на ваши блиски луѓе и така да го надминете незадоволството од приватните односи. Кариера Додека чекате одговори на некои опд порано поставени прашања, ги организирате луѓето и контактите. Одговорите и натаму ќе доцнат. Здравје Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се трудите да бидете поопуштени и да заземете пријателски став за да ја надминете дистанцата во приватните односи. Кариера Вашите заслуги не се спорни , но ќе очекувате повеќе да ве разгалуваат. Шефовите тоа ќе го препознаат , но ќе има такви кои ќе негодуваат. Здравје Ништо не мора да се направи по секоја цена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтоматолог од Тетово пријавен за сексуално вознемирување од млада пациентка 23-годишна девојка од Тетово пријавила во полиција дека била сексуално вознемирувана од стоматолог во приватна ординација во градот.Според пријавата, на 14 и 18 септември 2026 година, додека пациентката престојувала во ординацијата за медицинска интервенција, стоматологот наводно ја вознемирувал. Случајот, според пријавеното, продолжил и надвор од ординацијата. Девојката навела дека стоматологот подоцна преку мобилна апликација ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина. Настанот бил пријавен синоќа во 22:40 часот во СВР Тетово. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Тагови: Полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ФудбалЈамал за односот со Бускетс: „Ме фати и ми одржа лекција“Бисерот на светскиот фудбал, тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал раскажа што му се случило во Барселона кога легендарниот Серхио Бускетс го фатил и му одржал лекција што ќе ја памети.Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, 19 годишниот ас на Барселона, Ламин Јамал призна дека се исплашил додека ги слушал зборовите на своите соиграчи. Ламин Јамал денес е еден од најдобрите фудбалери во светот и еден од кандидатите за освојување на „Златната топка“. Неговиот талент е неспорен, тој игра одлично и за Барселона и за шпанската репрезентација. Бележи големи успеси и со клубот и со националниот тим, но и самиот е свесен дека можеби тоа немаше да се случи доколку Серхио Бускетс не му одржал лекција на почетокот од неговата кариера. „Бев суспендиран од репрезентацијата на три недели бидејќи, како и сите деца, направив нешто многу глупаво. Денот кога отидов на првиот тренинг со сениорскиот тим, Бускетс ме фати и ме праша: 'Што направи во репрезентацијата?'. Имаше многу сериозен израз на лицето“, ја започна приказната Јамал. Тој и двајца соиграчи предизвикаа хаос во националниот тим кога имаа 15 години. Официјалната причина никогаш не е соопштена; тогаш беше објавено само дека „биле исфрлени поради недисциплина и дека таквото однесување нема да се толерира во националниот тим, без разлика за кого станува збор“. „Бев само дете и признавам дека се исплашив. Му кажав што се случило. Тој ми рече: 'Сега си во Барселона, сите знаат кој си и без разлика колку добар играч си, мораш да знаеш како да се однесуваш'.“ Ламин Јамал призна дека тој разговор со легендарниот фудбалер на Барселона многу му помогнал во кариерата. „Од тој момент, променив сè во мојот живот и целосно му се посветив на фудбалот. Престанав да излегувам. Одам на тренинг, одмарам, ја посетувам мајка ми и потоа почнувам одново. Целосно се посветив само на фудбалот. Фудбал, фудбал и фудбал“, заклучи Ламин Јамал.Тагови: БАРСЕЛОНА Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Земјоделците плачат, родот им скапува - власта не сака да ги слушнеПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, имаше средби со земјоделци во Обршани во општина Кривогаштани и во село Дебреште во општина Долнени, на кои земјоделци од различни сектори ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат.Земјоделците на средбите алармираа дека состојбата во земјоделството е толку катастрофална, што голем дел од родот, на пример од црвената пиперка, е скапан, поради тоа што не се откупуваше на време. Земјоделците од село Обршани и околните села од општина Кривогаштани, посочија дека власта ги излажа во однос на откупот на црвената пиперка - откуп нема, пиперката им скапува, а тоа што се откупува е по понижувачка цена од 17 денари за килограм, која услови кога се поскапено не ги покрива ниту производните трошоци. Филипче на средбата им порача на земјоделците дека СДСМ ќе подготви предлог-мерки за финансиски да им се помогне на земјоделците. „Ќе поднесеме предлог-мерка за интервентен откуп и загарантирана соодветна цена од 30 денари за килограм за тие количини црвена пиперка што не се откупени, а за тие земјоделци на кои што пиперката поради тоа што нема откуп веќе им е скапана и уништена, да се обезбеди обештетување“, рече Филипче. Во селото Дебреште, земјоделците го отворија прашањето за штетите од невремето што се случи летово и потребата од обештетување на погодените тутунопроизводители, особено тутунот во Дебреште каде што штетите се стопроцентни, а исто така огромни штети од невремето имаше и во селата Заполжани, Новоселани, Ропотово, и дел од Пешталево. Филипче на средбата најави дека пратеничката група на СДСМ, согласно барањата и предлозите на земјоделците во најкус рок во Собранието ќе поднесе предлог-мерки за финансиска поддршка, со цел да им се помогне на земјоделците. „Ние сме подготвени да поднесеме предлог-закон во Собранието, за да им се помогне на земјоделците, во овие тешки времиња. Земјоделците бараат помош, бараат решение и бараат некој да ги слушне, но оваа власт упорно ги игнорира и ги остава сами да се справуваат со проблемите со кои се соочуваат“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ, на средбите со земјоделците предупреди дека целиот сектор пропаѓа, а власта нема слух за проблемите на земјоделците. Филипче посочи дека земјоделците од цела држава се соочуваат со исти проблеми - нема откуп, понижувачки откупни цени, намалени и неисплатени субвенции. „Во земјоделството, луѓето плачат, а никој не ги слуша. Имаме власт која што нема слух за проблемите на граѓаните и земјоделците. Лозарите не зборуваат за откупни цени. Зборуваат дека не им го откупуваат воопшто. Скапува грозјето на нива. Млекопроизводителите не зборуваат откупната цена веќе иако е мизерна, туку скапува, нема кој да го земе. Пченката, ланската, уште не е откупена. Раноградинарските култури, огромен процент пропаднаа. Сега истиот проблем ќе имаме со тутунот. Зашто? Затоа што оваа власт сè што вети се излажа. Да ја посетам 160 денари ветуваше за тутунот. Воведоа класи за да ја намалат цената. Ние целиот тутун го исплаќавме прва класа“, рече Филипче. Притоа, Филипче потсети и дека СДСМ секогаш кога имале проблем земјоделците им помагаше со интервентни мерки. И сега како опозиција поднесуваше предлози, но власта сите ги одби. „Лани, колку за илустрација, дадовме предлог да има 3 денари за откупено грозје. Го одбија законот. Им го земаа по мизерни цени. И секоја година е сè полошо. Лани за мизерни цени откупуваа, сега не го откупуваат. Млекопроизводителите ми велат знаеме дека до година ќе биде уште полошо, затоа што овие што произведуваат млечни производи имаат купено млеко во прав од странство и велат ние сега знаеме дека до година ништо нема да биде. Ќе биде дебакал. Цел сектор ќе пропадне“, рече Филипче. Скопје, 19.09.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter