САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома
2САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома
3Платформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквост
ХороскопДневен хороскоп за 16. март 2025 годинаДневен хороскоп за недела, 16. март 2025 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине. Вага 24.9.-23.10 Љубов вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразите го својот став и борете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во ФранцијаСредношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта. Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец. Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата домаОколу 250 милиони Американци со право на глас денеска избираат нов конгрес на среднорочните избори кои се сметаат за своевиден референдум „за“ и „против“ политиката на Трамп..Се избираат сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 35 сенатори во Сенатот, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.. Последните анкети покажуваат дека соперничките демократи можат да ги освојат и двата дома на Конгресот и да ја одредат траекторијата од остатокот на мандатот на Трамп, чиј рејтинг падна на рекордно ниско ниво. Дел од истражувањата покажаа дека демократите имаат предност во пет од седумте клучни сојузни држави, вклучително и во Канзас, каде што демократите не победиле речиси 100 години.. Во завршниот говор во Вашингтон, Трамп обвини дека демократската партија номинирала најекстремна и најопасна листа кандидати во американската историја..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПлатформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквостПлатформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“.Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости. Оваа одлука не ја гледаме како изолиран случај, ниту како обична промена на терминологија. Таа е уште еден чекор во загрижувачкиот тренд на институционално потиснување на родовата еднаквост од јавните политики и законодавството, кој го следиме во последните години. По отстранувањето на поимите род, родова еднаквост, и се поврзано со сексуалноста, хомофобијата и заштита од дискриминација и насилство од законските измени во образованието, блокирањето на Законот за родова еднаквост и сè почестото доведување во прашање на веќе стекнатите права, сега сведочиме и на обид родовата нееднаквост да стане невидлива во училниците. Но, родовата нееднаквост не исчезнува со бришење на зборот „род“. Девојчињата и понатаму ќе се соочуваат со сексизам, сексуално вознемирување, притисоци и насилство. Момчињата и понатаму ќе растат под притисок на штетните очекувања за машкоста, моќта и доминацијата. Младите и понатаму ќе се соочуваат со дискриминација поради тоа кои се или затоа што не се вклопуваат во наметнатите општествени норми. Ако образовниот систем не ги именува овие појави и не им помогне на младите да ги разберат нивните причини, тогаш не придонесува за нивно надминување, туку за нивно премолчување. Особено е поразително што ваквите одлуки се носат во држава во која насилството врз жените и девојчињата останува сериозен општествен проблем, а институциите постојано зборуваат за потребата од превенција. Според податоците на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во текот на 2025 година се евидентирани 6 убиства на жени и 4 обиди за убиство, додека само во првите девет месеци од 2026 година се евидентирани 7 убиени жени и 2 обиди. Дополнително, во очекување на правосилноста на пресудата во случајот со серискиот убиец од Куманово, треба да се има предвид дека станува збор за уште четири убиства на жени, кои би можеле дополнително да ја зголемат оваа алармантна статистика. Овие податоци уште еднаш потврдуваат дека превенцијата на насилството врз жените и девојчињата не смее да остане само декларативна заложба, туку мора да биде проследена со конкретни, доследни и системски мерки. Каква превенција градиме ако не сакаме да зборуваме за родовите стереотипи што го оправдуваат насилството? Каква еднаквост промовираме ако избегнуваме да ги именуваме причините за нееднаквоста? И како очекуваме младите да препознаваат родово-базирано насилство ако образовниот систем го избегнува самиот поим? Државата не може да се обврзува дека ќе се бори против родово-базираното насилство, а истовремено да го отстранува родот од образованието. Тоа е противречна и неодговорна јавна политика. Дополнително загрижува контекстот во кој се случуваат овие промени. Првичната програма беше повлечена во септември, само неколку дена по отвореното писмо од верски кругови од 6 септември 2026 година и по јавните критики од верски и конзервативни кругови. Ова отвора сериозни прашања за независноста на институциите и за начинот на кој се носат образовните политики. Во секуларна држава верските заедници имаат право на свои ставови, но не смеат да станат арбитри за тоа кои научни поими се прифатливи во јавното образование. Доколку надлежните институции ги приспособуваат наставните програми на верски и идеолошки барања, се отвора сериозно прашање за почитувањето на уставниот принцип на одвоеност на верските заедници од државата (член 19 од Уставот). Прашањето е многу поголемо од една наставна програма: кој денес ги креира јавните политики во Северна Македонија – надлежните институции и стручната јавност или организираните групи што водат кампањи против родовата еднаквост? Со ваквиот пристап се создава опасен преседан. Се испраќа порака дека со доволно гласен притисок можат да се менуваат образовни стандарди, да се потиснува научна терминологија и да се доведуваат во прашање политики насочени кон еднаквоста и човековите права. Ова не е само проблем за организациите што работат на родова еднаквост. Ова е прашање за демократското управување, институционалната независност и способноста на државата да ги штити правата на сите граѓани, особено на децата и младите. Потсетуваме дека родовата еднаквост не е прашање на политичка наклонетост или идеолошки избор на власта. Таа е уставна вредност (член 9 од Уставот), законска обврска и составен дел од меѓународните обврски што државата ги има преземено, вклучително и преку ратификацијата на Истанбулската конвенција. Затоа, Платформата за родова еднаквост бара од Владата и Министерството за образование и наука јавно да одговорат: Зошто родовата терминологија систематски се отстранува од образовните политики; врз основа на кои стручни аргументи се направени последните измени; и како тие се усогласени со обврските на државата за унапредување на родовата еднаквост и спречување на насилството. Бараме програмата да биде ревидирана пред нејзината примена, и покрај изјавата на Министерството од 2 ноември дека станува збор за конечно решение. Бараме во програмата да се вратат научно заснованите поими и содржини и да се воспостават јасни гаранции дека образовните политики нема да се менуваат под притисок на групи што ги оспоруваат еднаквоста и човековите права. Не прифаќаме родовата еднаквост да биде предмет на политичко пазарење. Не прифаќаме девојчињата и младите да ја плаќаат цената на институционалното повлекување пред антидемократски и антиправни притисоци. Држава што го брише родот од образованието не ја брише нееднаквоста. Таа само покажува дека не е подготвена да се соочи со неа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter