ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
1Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
ХороскопДневен хороскоп за 16. март 2020 година Дневен хороскоп за понеделник , 16. март 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата сензибилност и ранливост денеска ќе биде поизразена отколку другите денови. Во таква ситуација , се ќе ви пречи. Кариера Во големите деловни задачи работите се одвиваат одлично, но во една ситна работа денеска доаѓа до неуспех. Здравје и совет Искористете ја својата брзина. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе зрачите со шарм и убавина , па нема да ви биде тешко да ја привлечете личноста која ви се допаѓа. Обидете се да ја отворите. Кариера На дневен ред доаѓаат мали анализи , што не треба да ги одложувате. Ве нервираат , но што се мора ,се мора. Здравје и совет Вежбајте гимнастика или шетајте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Одличен ден за љубов , излегувања и поврзување со саканите личности. Не губете време затоврени , излезете надвор. Кариера Во дејностите во кои треба да работите со луѓе , работите ќе ви одат од рака. Се друго ќе ви биде малку здодевно. Здравје и совет Покажете се пред светот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мал недостиг на самодоверба накусо ќе го забави добриот развој на љубовната врска. Бидете тактични и трпеливи. Кариера Без оглед што релативно добро ќе соработувате, ќе дојде до финансиски издатоци , на кои никој не сметал. Станува збор за луксуз. Здравје и совет Послушајте го мислењето на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов И денеска ќе бидете премногу чувствителни и ќе нема многу работи што ќе ве задоволат. Најдобро е да се стрпите. Кариера Вработените во администрацијата би можеле да блеснат на свој начин. Ќе направат нешто што ќе им се допадне на сдругите. Здравје и совет Внимавајте на настинка. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе продолжите да развивате добри односи со личности од спротивниот пол. Ќе бидете отворени и комуникативни. Кариера освен што ќе имате проблем со самостојната дејност , денеска ќе се покажете како одличен и љубезен соработник. Здравје и совет Ќе го споите убавото со корисното. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе треба малку поголемно внимание да и посветите на саканата личност. Помирете се со тоа дека не може се да биде по ваше. Кариера Денот не е добар за претставување нови инапредни идеи. Затоа воздржете се и работете го само она што е неопходно. Здравје и совет Минлив душевен немир. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата сила е во тоа што сте позрели од многумина и што знаете што сакате. Денеска ќе го препознаете тоа без проблем. Кариера Ви предлагаат службен пат на кој би можеле да договорите деловна соработка со тим од друга земја. Планирате како тоа да го реализирате. Здравје и совет Не треба да брзате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отвореноста и љубезноста и денеска ќе направат да и бидете достапни на секоја личност од спротивниот пол. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе ве поддржат во вашите настојувања. На сите им е јасно дека сте работник со сериозни намери. Здравје и совет Бидете она што сте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ништо нема да и препуштите на случајноста. Знаете што може да очекувате и токму тоа ќе се случи на ваша радост. Кариера Се затвора кругот со кој ќе ги зајакнете своите деловни работи. Ќе бидете задоволни што е така , зашто ја сакате сигурноста. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се сами денеска би можеле да забележат нечии симпатии од работното место. Можно е да биде и обратно. Кариера Ќе работите со поголема леснотија , што за вас е необично. Во некои моменти ќе се чудите самите на себеси. Здравје и совет Некои ќе одат на козметичар. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се чини како се да е во рацете на саканата личност. Вашето влијание на настаните овој пат е минимално. Кариера во финансиските теми денеска ќе дојде до мало недоразбирање , што набргу ќе го решите. Здравје и совет Обидете се да живеете поздраво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотСледете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од МакедонијаЕвропскиот совет за попис на птици ја претстави новата верзија на Европскиот портал за птици, преку кој во реално време може да се следи неделната распространетост на речиси 600 видови птици, колку што се среќаваат на европскиот континент. Благодарение на платформата ptici.mk што пред две години ја разви Македонското еколошко друштво (МЕД), во живо се евидентираат и набљудувањата на птици направени во нашата земја. Преку Европскиот портал на птици може лесно и да се спореди моменталната распространетост на кои било два вида птици што се среќаваат во Европа. Тука се прикажани селската ластовичка (лево) и белиот штрк (десно). Сето ова е возможно благодарение на огромниот обем на податоци што редовно ги доставуваат над 200.000 волонтери-набљудувачи на птици до различните онлајн-портали за евиденција на птици во Европа: 750 милиони записи за птици од 2010 година наваму, од кои 76 милиони само во 2026 година. Сите овие податоци автоматски и на дневна основа се доставуваат до централната база на податоци на Европскиот портал за птици, со што се овозможува секојдневно ажурирање на сите карти во алатката за преглед со најновите информации. Овој огромен проток на податоци за биолошката разновидност - најголемиот што моментално функционира во Европа со ажурирање во речиси реално време - се реализира преку Програмата „Лајф“ на Европската Унија и благодарение на тесната соработка на мрежа од 52 орнитолошки и еколошки организации од 41 различна земја. Една од нив е и Македонското еколошко друштво кое сакајќи да го поддржи растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, ја разви платформата ptici.mk во рамките на проектот „Зајакнување на Европскиот портал за птици“. Од нејзиното официјално пуштање во употреба во 2024 година до денес, на ptici.mk се внесени над 50.000 записи кои се „видливи“ и многу пошироко со оглед на тоа што платформата е целосно интегрирана во Европскиот портал на птици. „Користиме структурирани и стандардизирани протоколи за собирање податоци и унапредување на граѓанската наука без која ваквите потфати би биле невозможни. Така придонесуваме за поголема географска покриеност и подобрен квалитет на целокупните податоци за птици собрани во Југоисточна и Источна Европа. Ова е исклучително важно, бидејќи без континуирани и квалитетни податоци не може да се планира заштитата на природата, ниту соодветно да се управуваат значајните подрачја за птиците и нивните преселни патишта“, потсетува Данка Узунова, орнитолог и координаторка на проектот во МЕД. Новата алатка истовремено претставува и признание за клучната улога на илјадниците волонтери-набљудувачи на птици и покажува како ваквите поединечни локални придонеси можат да се обединат во корист на заштитата на птиците и подигнувањето на јавната свест на европско ниво, смета Габриел Гаргало од Каталoнскиот орнитолошки институт, главен координатор на европскиот проект. Токму значителните подобрувања во географскиот опфат, бројноста, квалитетот и поврзаноста на податоците во еден портал се од витално значење за правилно разбирање на сезонските обрасци на распространетост на птиците, промените во нивната бројност и следењето на популациските трендови на подолг временски рок. Собирањето на ваквите податоци е дотолку поважно имајќи предвид дека ја даваат основата на важни извештаи како што е најновиот извештај на „Брдлајф Интернешнал“. Насловен „Состојбата со птиците во светот“, тој укажува дека опаѓаат популациите на дури 41 % од птиците-преселници долж африканско-евроазискиот преселен пат, во кој влегува и Македонија. Оттука, освен што недвосмислено помагаат да се документираат и следат популациите на птици, ваквите сознанија и податоци даваат и насоки како да креираме политики и како да ги спроведуваме активностите за заштита на птиците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотОваа земја е прогласена за најдобра дестинација во светотЈапонија се најде на врвот на глобалната листа на Светскиот економски форум за развој на патувањата и туризмот, а по неа следуваат САД, Шпанија и Австрија. Што се однесува до Јапонија, во извештајот се наведува дека земјата ја проширила својата база на посетители и ги поттикнала патувањата надвор од главните туристички центри, со што го намалила ризикот од прекумерна концентрација на туристи, а истовремено пречекала рекорден број патници, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Во соопштението на Светскиот економски форум се наведува дека најновиот Индекс за развој на патувањата и туризмот покажува оти условите за патување се на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, при што 92 отсто од економиите бележат напредок во споредба со 2024 година. „Следното поглавје не се однесува само на привлекување повеќе посетители, туку ќе биде насочено кон создавање поголема вредност преку инвестирање во луѓето, инфраструктурата и посилна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, со цел туризмот да донесе трајни придобивки за заедниците, бизнисите и дестинациите“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот ЗаевГо разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС.Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче. Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница. Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook