3Мицкоски со порака за празникот Успение на Пресвета Богородица: Обединувањето е нашата сила и иднина
ХороскопДневен хороскоп за 16. јуни 2021 година Дневен хороскоп за среда, 16. јуни 2021 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска почнува вашиот поволен љубовен период. Се отвораат шанси за излегувања на многу интересни места. Кариера Оние кои работат креативна работа , ќе бидат многу современи во своето изразување и идеите. И натаму шефовите ве нервираат. Здравје и совет Неопходно ви е релаксирање. Рак 22.6-22.7. Љубов Барањата за внимание кон еден член ан семејството накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Денот е добар за разработување на стручни стратегии со кои ќе ја унапредите работата на местото каде што сте вработени. Здравје и совет Верувајте му на вашето шесто чуло. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата верба во љубовта ќе биде доволна гаранција за да си дозволите еден на друг самостоен излез и забава во друштво. Кариера Ќе посакате вашата работа да биде посериозна , но тоа е само минлива желба. Всушност, се е на своето место. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени на разни палавштини. Доколку ја вклучите и смислата за хумор, би можеле убаво да се забавувате. Кариера Од секогаш сте ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара умешност на рацете. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе си признаете себеси дека би можело да биде и подобро , но денеска не е ден кога сте подготвени да дадете се од себе . Затоа не правете драма. Кариера Пуштете им на другите , а особено на надредените , да ги покажат своите планови. Вие не сте судија , туку доброинамерен соработник. Здравје и совет Вежбајте дисциплина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесете оригинални идеи , а најверојатно на ручек или вечера за само вас двајцата. Кариера Пред вас е убава деловна можност за добра и интересна работа , што ќе дојде ненадејно. Ќе мора бргу да реагирате. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот, ќе забележувате како вашиот приватен живот ќе добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ненадејно би можело да се укаже можност за деловна соработка со пријатели. Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска е убав ден за дружење.Можете да излезете и убаво да се забавувате , било да сте сами или во двојка. Уживајте. Кариера Ќе продолжите со напорната работа без притисоци. Ќе се чувствувате сигурно и опуштено , а другите ќе ве поддржат. Здравје и совет Малите грижи уште повеќе се намалуваат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзано муабетење со кафе. Ќе им биде забавно , но односите се површни. Кариера Ќе се потрудите работата да ја завршите што побргу зашто нема да ви се работи. Резултатите ќе бидат половични , а можни се и грешки. Здравје и совет Размислете за своите достигнувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се во врска ќе се обидат да си го збогатат својот сексуален живот заедно со партнерот. Оние кои се сами , ќе се обидат да најдат друг вид забава. Кариера Нема да дозволите да се занимавате со неважни работи , туку целосно ќе се посветите на вашата главна цел. Ќе бидете во право. Здравје и совет Држете се до познатите навики. Овен 21.3-20.4. Љубов Среќни сте што другата страна ве разбира или барем така ви се чини. Сега запрете со празни зборови и причекајте состојбата да се подобри. Кариера Ако некои од вашите колеги се жали на работата, треба да му се објасни дека треба да се работи користејќи ги сопствените знаења и искуства. Здравје и совет Немојте да бидете премногу дрски. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ги заборавите прашањата што ве измачуваа и во позитивен дух продолжувате понатаму. Ќе увидите дека таквиот пристап е поздрав. Кариера Некој сепак ќе мора да попушти , а тоа ќе биде онаа попаметната страна Прифатете ги новите предизвици кои се пред вас. Здравје и совет Преоден пад на имунитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Apple“ најавува настан: Доаѓа преклоплив „iPhone“ - но тоа не е најголемото изненадувањеТим Кук ја напушта компанијата, но доаѓаат нови уреди кои би можеле да променат сè во екосистемот на „Apple“.„Apple“ објави во среда дека нивниот следен настан за лансирање уреди ќе се одржи на 9 септември, под слоганот „Surprise and Shine“ (Изненадување и сјај). Surprise and shine! It’s almost time for the #AppleEvent, on Wednesday, September 9! pic.twitter.com/SLkIcNmLwP — Greg Joswiak (@gregjoz) August 26, 2026 Се очекува настанот да биде значаен, бидејќи се шпекулира дека „Apple“ ќе го претстави својот долгоочекуван преклоплив „iPhone“. Ова ќе биде и првиот настан на „Apple“ со Џон Тернус како извршен директор. Тернус треба да го преземе кормилото на технолошката компанија од Тим Кук на 1 септември. Се очекува „Apple“ да ги објави новите „iPhone 18 Pro“ и „iPhone 18 Pro Max“, но се шпекулира дека двата модели се со релативно постепени подобрувања, а не драматични нови дизајни. Извештаите сугерираат дека компанијата нема да објави стандарден „iPhone 18“ до следната година. Се очекува технолошкиот гигант да ги претстави и „Apple Watch Series 12“ и „Apple Watch Ultra“, заедно со нови паметни домашни уреди. Покрај новиот хардвер, компанијата би можела да објави и датуми за лансирање на „iOS 27“, „iPadOS 27“, „macOS Golden Gate“ и други претстојни ажурирања на софтверот. Настанот ќе се одржи во кампусот „Apple Park“ во Купертино, Калифорнија. Избор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати475 луѓе загинаа во катастрофалните поплави во Непал, над 1.500 луѓе се водат како исчезнати, соопштија непалските власти.Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите расува и нувакот. Портпаролот на армијата изјави дека сите 900 спасени лица се повредени и се на болничко лекување, но не даде детали за нивната состојба. Тој додаде дека дождот и непредвидливото време сериозно ги попречуваат спасувачките напори. „Никогаш во животот не сум видел ваква катастрофа“, рече тој. Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЛефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паникаСДС на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов - ширење паника и хистерија меѓу граѓаните.Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси. Филипче и СДС треба да знаат дека едно се инвестиции од поединци како онаа во Пехчево, а друго е кога државата преговара за отворање на вакви дата центри. И премиерот Христијан Мицкоски во јавноста прецизно објасни како би се одвивала процедурата кога станува збор за државата. Јасно кажа дека кога државата ќе преземе институционален чекор за изградба на таков објект, јавно ќе биде се презентирано. Официјалните информации се и дека се преговара со пет или шест потенцијални инвеститори. Се разбира, притоа никако нема да се посегне по она што подразбира животна околина и животен стандард на граѓаните, а за што Филипче вели дека е загрижен. Дали можеби целата грижа кај Филипче е поради лични причини. Дали грижата се појави во момент кога Филипче виде дека нема да може валкано со низа манипулации да се занимаат со ова луѓе блиски до него и до другар му Зоран Заев, како што тоа го правеа кога стануваше збор за марихуаната. Видовме дека Филипче во периодот кога се шеташе со Заев по Егејот имаше проблеми од сонцето и топлината па беше дезориентиран. И сега како да е ист, само се вклучува кога неговиот и бизнисот на Заев не поминуваат. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook