Дневен хороскоп за 16. јануари 2021 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 16. јануари 2021 година

Дневен хороскоп за сабота, 16 . јануари 2021 година. 

Дневен хороскоп за 16. јануари 2021 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашите пријатели ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов.

Кариера

На некои вашите заслуги во работата нема да бидат целосно јасни , па ќе мора малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни.

Здравје

Вежбајте гимнастика.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска би можеле убаво да се забавувате , доколку излезете на место каде што име уметнички содржини. Игнорирајте ги фалбаџиите.

Кариера

На работното емсто ќе се озборува , а лажните приказни ќе бидат главните настани. Не обрнувајте внимание на ништо од тоа , туку работете она што требате.

Здравје

Останете будни и подготвени за промени.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Откако ќе одработите дел од ,,домашните работи” , повторно ќе се свртите кон партнерот или кон личноста од работното место која ве сака.

Кариера

Не сте свесни пред какви можности се наоѓате. Освен што можете да покренете голем број новини , тука се и стабилните работи.

Здравје

Подобро отворете ги очите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пртед вас е ден во кој одлично ќе ги поврзете своите внатрешни потреби со луѓето околу вас.

Кариера

Контактите и комуникациите со лица од странство се засилуваат. Денеска ќе преговарате околу некои детали.

Здравје

Ниту заморот не ве запира.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете настроени во целост да се впуштите во вашите фантазии , а вашите врски со љубовната реалност ќе се намалат.

Кариера

Денеска уметниците меѓу вас би можеле добро да работат. Другите ќе имаат пречки , не во идеите , туку во реализацијата.

Здравје

Можни се илузии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе настојувате саканата личност да ја наведувате на дневните тековни работи и така да ја приближите до реалноста.

Кариера

Ќе има некаква реорганизација на работното место . Новините се однесуваат на условите за работа , колегите , услугите и слично.

Здравје

Продолжете со новите здрави навики.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на чекор до вљубување, денеска конечно ќе сфатат дека сакаат и поотворено ќе тргнат кон таа насока.

Кариера

Нови периоди им следуваат на вработените во спортски , педагошки и забавбни дејности , а другите остануваат креативни.

Здравје

Дотерајте се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Друштвеноста и отвореноста денеска ќе бидат вашите главни квалитети. Оние кои уште се сами , ќе успеат набрзина да остваруваат контакти.

Кариера

Ќе се мерат вашите заслуги во работата. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност.

Здравје

Прошетајте се на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Фантазијата денеска ќе ви работи стотка на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што таа воопшто не е. Можни се нереални проценки.

Кариера

Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успеете да помагате и да читате меѓу редови таму каде што никој нема да може.

Здравје

Ова е ден на вашата сестраност.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

До лилчноста што ја сакате ќе се обидете да дојдете со помош на гастрономски специјалитети . Веројатно е излегување на вечера со морско мени.

Кариера

Ќе се снаоѓате балансирајќи меѓу барањата на другите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некаква средина.

Здравје

Не се нервирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ситуацијата ќе ве наведе на тоа максимално да е фокусирате на партнерот. Ќе размислувате како да продолжите заедно.

Кариера

Доколку договарате нова работа или проект, почекајте со одлуката барем до попладневните часови , зашто тогаш се ќе ви биде појасно.

Здравје

Намален имунитет и енергија. Одморете се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е со својата љубов малку да го задушувате партнерот. Дозволете му малку повеќе слобода.

Кариера

Вашите шефови на една , вие на друга страна . Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи до истата цел.

Здравје

Не играјте отворено .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Поставена е нова водоводна и канализациона мрежа во месноста Моклиште

Целосно завршен е проектот кој опфати поставување нова водоводна и канализациона мрежа во должина од 6,4 километри во месноста Моклиште како и резервоар со капацитет од 150м3.

Јанчев: Поставена е нова водоводна и канализациона мрежа во месноста Моклиште

Со ова се обезбедува стабилен и квалитетен систем за водоснабдување и канализација за жителите, но и за околу 400 нови викенд куќи. Овој проект е вреден 1 милион евра – финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа.

Општина Кавадарци продолжува да инвестира во модерна комунална инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се одрона карпа на позната плажа во Грција- туристите уживаат, кога наеднаш почнаа да паѓаат камења (ВИДЕО)

На познатата плажа Миртос на грчкиот остров Кефалонија се случи лизгање на земјиштето, кога дел од падината над брегот се урна, исфрлајќи големи камења и земја на плажата.

Се одрона карпа на позната плажа во Грција- туристите уживаат, кога наеднаш почнаа да паѓаат камења (ВИДЕО)

Инцидентот е снимен на видео објавено на TikTok. На него се гледаат големи камења и големи количини земја како се откинуваат од падината и паѓаат кон брегот, исфрлајќи густ облак од прашина во воздухот.

@tinabest2005 Μια συνηθισμένη μέρα στο νησί.. 🇬🇷😎 #kefalonia #myrtosbeach #greece #rocks ♬ πρωτότυπος ήχος - Smastoras

Иако лизгањето на земјиштето се случило кога на плажата имало пливачи, според достапните снимки, се чини дека не предизвикало поголема паника или сериозни последици кај луѓето во областа.

Како што покажуваат другите снимки објавени на социјалните мрежи, лизгањата на земјиштето на оваа плажа не се невообичаени. Само пред неколку дена беше забележан сличен инцидент, кога камења паднаа на плажата и во морето, додека пливачите беа на кратко растојание.

@evakingsbury Go to Myrtos beach, they said, it doesn’t feel dangerous, they said! No it’s not actually that dramatic. This only happened a couple times while we were there but as long as you don’t sit under the cave you’re fine. GORGEOUS beach anyway #sunset #myrtos #kefalonia #beach #rocks ♬ original sound - WherEva next?

На тој дел од плажата е објавено и предупредување, со кое се информираат посетителите за ризикот од можни лизгања на земјиштето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген го претстави славеничкиот Тигуан, пристигнува со R-Line пакет (ФОТО)

Фолксваген го претстави новиот Tiguan Edition 20, јубилејен модел кој слави две децении од еден од најпродаваните SUV возила во светот. 

Фолксваген го претстави славеничкиот Тигуан, пристигнува со R-Line пакет (ФОТО)

Од неговото лансирање на пазарот во 2007 година, повеќе од девет милиони Tигуан се продадени низ целиот свет до крајот на мај 2026 година, а тој е најпродаван модел на целата Volkswagen Group од 2017 година.

Цена и опрема

Јубилејниот модел е достапен веднаш во Германија, а цените таму почнуваат од 48.180 евра за верзијата со 1.5 TSI мотор со 110 kW (150 КС). Edition 20 е базиран на опремата Life, на која се додадени динамични R-Line елементи и ексклузивни детали за да се нагласи посебната природа на овој модел.

Една од највпечатливите иновации е новата боја на каросеријата, Maple Red Metallic, развиена ексклузивно за ова јубилејно издание. Моделот се издвојува и со голем број ексклузивни детали како што се ласерски гравираните натписи Edition 20 на Б-столбот, проекторите со лого на вратите, осветлените прагови со натпис Edition 20, 19-инчните тркала Coventry и црвените декоративни шевови на контролната табла, украсите на вратите и седиштата.

Клучен модел

Мартин Сандер, член на Управниот одбор на Фолксваген одговорен за продажба и маркетинг, истакна: „Tiguan беше клучен фактор во успехот на брендот Volkswagen во изминатите 20 години. Edition 20 е наш начин да им се заблагодариме на сите клиенти кои придонесоа за оваа успешна приказна.“

Третата генерација во три фабрики

Сегашниот, трета генерација Tiguan, лансиран во 2024 година, ја продолжува традицијата со целосно нов дизајн, модерен кокпит со голем екран на допир и широк спектар на погони, од TDI и TSI мотори, преку 48-волтни eTSI системи, до plug-in хибридни верзии со електричен опсег од повеќе од 100 километри.

„Тигуан“ моментално се произведува во три фабрики, во Волфсбург, Пуебла, Мексико, и во Антинг, Кина, а се продава во повеќе од 60 земји низ целиот свет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер