3Турција сериозно ги зголеми капацитетите- дури 62 проценти од струјата се добива од обновливи извори
ХороскопДневен хороскоп за 16. февруари 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 16. февруари 2026 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Она што сте го кажале , ќе има позитивно влијание. Партнерот ќе размислува за реалноста , а вие ќе бидете позадоволни. Кариера Ќе одработите она што мора да се сработи и тоа што можете побргу. По тоа ќе им се посветите на другите луѓе. Здравје и совет Излезете во природа на свеж воздух. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Кога би ги собрале сите ваши љубовни сништа , ќе увидите дека во последно време само сонувате. Спуштете се на земја. Кариера Климањето со глава не може никому да му користи, но ниту покренуваљње револуција не е најдобро решение. Треба да се размисли. Здравје и совет Успех со алтернартивните терапии. Овен 21.3-20.4. Љубов Својата среќа во личниот живот ќе ја споделите со блиските луѓе. Можно е да повикате гости кои ги сакате. Кариера Што и да работите , денеска без грижа ќе може да се потпрете на некои колеги , како и тие на вас . Ви претстои убава соработка. Здравје и совет Вежбајте правилно дишење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Фазата на уживање во љубовта ќе продолжи и денеска . Имате речиси се што можете да посакате. Кариера Одличен ден за сите дејности во кои се бара поврзаност со луѓето и смисол за убаво. Се се одвива се подобро и подобро. Здравје и совет Кашлица. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе иамте некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате помалку строго и опуштете се. Кариера Нема ништо да се придвижи доколку само чекате. Треба да се покажете , да зсе јавите , да се претставите. Здравје и совет Некои ќе имаат преодна настинка. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку сте решиле да бидете пољубезни , тоа нека биде искрено. Секоја измама ќе ве носи чекор наназад во односите со саканата личност. Кариера Доколку го проанализирате она што сте го сработиле , можете да бидете сосема задоволни. барем работата ви оди од рака. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Доколку тоа ви е премногу тешко , почекајте. Кариера Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Немојте многу да се грижите , зашто се ќе се врати на друга страна. Здравје и совет Бидете поконкретни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои се сами , нека не се откажуваат од додворувања. Кариера Денешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите колеги на работното место. Најдете компромис. Здравје и совет Внимавајте на сопствената грубост. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои успеале да воспостават поотворен контакт со лицата од работното место , денеска би можеле да ги повикаат на забава. Кариера Работата ќе ја одработите како зомби, а потоа ќе живнете и ќе се занимавате со спорт , забава , пријатели и љубов. Здравје и совет Можете да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се обидете уште повеќе да се зближите со личноста што ја сакате. Во тоа ќе ви помогне вашиот внатрешен глас , како и сексот. Кариера Многумина за време на работењето ќе осмислуваат нов проект , што сеуште нема конкретни темели. Сепак , идејата ќе биде многу јасна. Здравје и совет Ќе ги видите работите во целост. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во љубовните прашања нека ве води вашата интуиција. Со нејзина помош се ќе биде подобро и полесно. Кариера Во работите каде што постои слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите познати дејности ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Најдете златна средина. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ги пополнувате празнините. Кариера Во работењето со младите , ќе измислите нови идеи , кои целата работа ќе ја поместат чекор напред. Здравје и совет Помогнете им на послабите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по влажни коловозиСообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, но по претежно влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира за внимателно возење и прилагодена брзина, особено низ котлините и клисурите каде што постои честа појава на одрони. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, а на неколку клучни магистрални и регионални правци во тек се активни градежни зафати со посебен сообраќаен режим. Влажните коловози создаваат дополнителен ризик за возачите кои се движат низ котлините, речните долини и засеците. АМСМ издвојува четири патни правци каде што е потребна исклучителна претпазливост поради одрони од карпи и земја: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МетеоOблачно со повремени локални врнежи од дожд Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во наредните денови времето ќе биде под влијание на циклонска активност до вторник. Ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 31. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 31. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот. Здравје и совет Не постои совршенство. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат. Здравје и совет Ќе го надминете преодниот стрес. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења. Кариера Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте. Здравје и совет Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно. Кариера Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете. Кариера Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна. Здравје и совет Сепак имате доволно слобода. Овен 21.3-20.4. Љубов Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине. Кариера Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате. Кариера Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје и совет Посигурни сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Одвоете го приватното од деловното. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе. Кариера Подготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа. Здравје и совет Одморете се и наспијте се . Девица 23.8.-23.9. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек. Здравје и совет Тргнете се од каква било негативност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter