Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
1Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
3МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици
ХороскопДневен хороскоп за 16. февруари 2023 година Дневен хороскоп за четврток, 16. февруари 2023 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во љубовта денеска ќе покажете нежност и страст и тоа на многу рамномерен начин. Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Вашиот труд ќе се цени , но и натаму ќе бидете збунети кога станува збор за барањата што вие би ги поставиле во некоја задача. Здравје и совет Градете мостови на доверба. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе се испитувате себеси и на тој начин ќе си ја нарушите самодовербата. Мислите дека не може подобро , ама може. Кариера Не треба да се споредувате со другите. Секој е единствен и има некој свој талент. Треба само да го откриете. Здравје и совет Вреднувајте го тоа што го работите. Овен 21.3-20.4. Љубов Фантазијата ќе ви работи стотка на час и од таму ќе црпите свежи идеи за да го поправите односот со партнерот. Кариера Вашиот стил на работа веќе е за сите препознатлив, но сега и другите ќе ве прашуваатз а совет и за упатства. Помогнете им. Здравје и совет Мали нервози и грижи што ќе ги решите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе си дозволите мал луксуз за да си го зголемите уживањето со најсаканата личност. Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Направете се за вашите професионални способности да дојдат до израз и немојте да се плашите за да го покажете своето знаење. Здравје и совет Ќе имате интересни сништа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете во својот свет на сништата. Кариера На работното место покажувате се поголема склоност кон забави , а се помалку кон сериозната работа. Здравје и совет Не ги критикувајте другите пред да се погледнете себеси. Рак 22.6-22.7. Љубов Веројатно е дека ќе излезете на убава забава на место полно со уметнички вибрации и згодни луѓе. Кариера Изгледа дека делумно ги држите конците во своите раце. Како што сакате контрола , веднаш се чувствувате подобро. Здравје и совет Немојте да избрзувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку ќе се натпреварувате за тоа кој е главен во врската. Немојте да покажете тврдоглавост , зашто сите знаат дека попаметниот попушта. Кариера Калкулациите поврзани со млади луѓе или со креативна работа , ќе продолжи и денеска. Ќе настојувате се да изгледа интересно. Здравје и совет Одморете се попладнево. Девица 23.8.-23.9. Љубов Идеализам , сништа и провокации- сето тоа е можно да го доживеете денеска. Внимавајте. Кариера Нека не ве загрижува малото затишје на работното место. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се приберете. Здравје и совет Мали недоумици , што ќе ги надминете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете силни и убедливи во љубовните активности , било да се додворувате, да сакате или да прифаќате нечие додворување. Кариера Работите денеска ќе ви изгледаат полоши отколку што се навистина. Затоа не носете заклучоци , туку дозволете му на времето да ја покаже вистинската состојба. Здравје и совет И натаму добро ви оди. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов На дневен ред ќе се појават некои работи од минатото на вашето семејстов кои ќе треба да ги решавате. Кариера Се што досега сте преживеале , ќе знаете добро да го наплатите. Ќе се договарате околу својот надоместок или хонорар. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанаства , ги среќавате релативно лесно , но емотивното исполнување е се подалеку. Кариера Ќе мора да се прилагодите или да се договорите околу една соработка. Можеби нема да ви се допадне , но попаметно е да останете во игра , отколку да излезете. Здравје и совет Краткотраен дефетизам. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Трошокот што ќе се појави поради вашата органзиација на заенички ручек или вечера , малку ќе ве загрижи. Но, ќе вреди. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па бидете подготвени. Здравје и совет Кој последен се смее, најслатко се смее.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓаниЗабраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен. Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло. Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.Тагови: визи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаМВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми. Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно. -Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците. Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“. -Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место.. Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава. -Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook