ХороскопДневен хороскоп за 16. февруари 2021 година Дневен хороскоп за вторник, 16. февруари 2021 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри. Кариера Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа. Здравје и совет Не си поигрувајте со луѓето. Риби 20.2.- 20.3. Љубов И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов. Кариера Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи. Кариера Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки. Здравје и совет Поработете на својата спретност. Бик 21.4- 20.5. Љубов Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите. Кариера Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни. Кариера Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете. Здравје и совет Луѓето не се играчки. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност. Кариера Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги. Здравје и совет Игнорирајте ги провокаторите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси. Кариера Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување. Здравје и совет Не чепкајте таму каде што не треба. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми. Кариера Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите. Кариера Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите. Здравје и совет Бидете она што сте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака. Кариера Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно. Здравје и совет Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави. Кариера Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно. Здравје и совет Бидете пореални. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација. Кариера Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера. Здравје и совет Помалку јадете , движете се повеќе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook