Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 16.4.2019 годинаДневен хороскоп за вторник , 16. април 2019 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Без оглед што во љубовта не ви оди најдобро, деенска ќе најдете причина за смеа и за надеж. Ќе бидете многу конструктивни. Кариера Пред вас е ден кога многу врати ќе ви бидат отворени. Важно е само да се покажете во вистинско светло. Здравје и совет Бидете поотворени за нови идеи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата фантазија и интересните идеи ќе ве спасуваат од љубовната здодевност во која моментално се наоѓате. Кариера Можете да напредувате , но своите деловни цели ќе треба да ги наместите на ниво на реалноста. Поработете на тоа. Здравје и совет Издржете ги напорите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Односите на луѓето околу вас ќе бидат позитивни , но нема да ви донесат внатрешно емотивно задоволство. Кариера Денеска би можеле да постигнете најмногу , така што ќе соработувате со другите. Во случај да работите сами , можни се грешки. Здравје и совет Верувајте им на луѓето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашата комуникација со лицата од спротивниот пол ќе биде пријатна , а вие искрени. Тоа се добри адути за вашето додворување да биде прифатено. Кариера Денот е многу поволен за градење на нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите. Здравје и совет Преодна кашлица. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се вклопите во секојдневието без многу размислувања. Навиките на личноста со која сте во врска , ќе ги прифатите без дополнителни коментари. Кариера Ќе се трудите да соработувате и да бидете дипломат. Ќе успеете различни соработници да ги поврзете за истата работа. Здравје и совет Наспијте се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе го поврзете своето друштво со саканата личност. Ситуацијата ќе биде конструктивна , а сите околу вас ќе бидат задоволни. Кариера Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете шанса за да промовирате некои од вашите инвентивни идеи. Ќе успеете. Здравје и совет Не пијте коктели. Вага 24.9.-23.10. Љубов Веќе се нервирате поради тоа што немате контрола над се она што мислите дека треба. Сепак забавата ќе биде добра , па не се вознемирувајте. Кариера Ќе мора да поработите на усогласување на различните ставови. Послужете се со професионални аргументи. Здравје и совет Релаксирајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ако сте концентрирани на оние најситни детали во односот со саканата личност , пред вас ќе се отворат нови можности. Кариера Не брзајте за да изработите нештто по секоја цена , зашто ќе излезе многу подобро доколку прво ги согледате деталите. Здравје и совет Потребно ви е трпение. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во добро друштво со блиските пријатели ќе продолжите да се додворувате или ќе ви се додворуваат.Ќе биде забавно и малку провокативно. Кариера Денеска конечно ќе најдете заеднички јазик со надредените. Ќе се согласите со темата која долго време била камен на сопнување. Здравје и совет Зајакнете ја мускулатурата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е еден ветувачки љубовен ден. Внимавајте само љубовта да ја докажувате со дела , а помалку со зборови. Кариера Ќе се потрудите да ја преземете контролата над делот на работите што ви ги преложиле шефовите. Најмногу затоа што во целост не им верувате. Здравје и совет Заборавете ги озборувањата. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ниту денеска нема да направите некој голем напредок во односите , но со мали чекори , се ќе тргне на подобро. Бидете поскромни. Кариера Работите ќе ви се развиваат главно добро , но најмногу зашто луѓето околу вас ќе имаат поголеми проблеми при работењето од вас. Здравје и совет Ви недостига дисциплина. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашите позитивни љубовни фази ќе потраат и денеска. Ако излезете нема да згрешите , а може некого да поканите дома. Кариера Вработените во педагогија или во спорт , денеска успешно ќе доведат една фаза во работата при крај. Сите други добро ќе работат. Здравје и совет Нема веќе пречки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter