ХороскопДневен хороскоп за 15. октомври 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 15. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денеска ќе се чувствувате стабилно ,а од вас ќе зрачи токлаво колилчество на самодоверба , што ќе оставате впечаток како се можете да постигнете. Кариера Кај некои ќе дојде до окрупнување на имотот или заработката што ќе ви изгледа како вистинско мало богатство. Здравје и совет Здрави сте и инвентивни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до поголема отвореност меѓу вас и саканата личност. Доколку се додворувате , ќе станете дрдорливи. Кариера Ќе анализирате можни опцииза влоувања и развој на работата врз добри финансиски темели. Здравје и совет Вашите идеи се се подобри и подобри. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот партнер денеска ќе биде особено емотивен и инспириран за љубов. Оние кои сеуште се сами, ќе ги измачува копнеж. Кариера Во соработката со другите ќе покажете исклучителна способност за дипломатија , па дури и да не ви се допаѓа. Здравје и совет Проблеми со исхраната. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето работи ќе се одвиваат според желбите на вашиот партнер , а на вас ќе остане само да ги следите. Кариера Некои ќе сонуваат за подобри деловни партнери , иако оние кои сега ги иамте не се толку лоши. Треба дас е разбудите и самите дасе уверите во тоа. Здравје и совет Разбистрете ги мислите во тишина. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе веводи силна плима на чувства , ќе блескате и ќе имате потреба за љубов повеќе од порано. Ќе ви биде возвратена. Кариера Пред вас е ден одличен за секаков вид пријатни , естетски и уметнички проекти. Здравје и совет Изразете се слободно . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку сте во тајна љубовна врска , денеска вонеа би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза. Кариера Уметниците денеска ќе бидат посебно инспирирани за големи и квалитетни дела. За сите се однесува дека треба подобра организација. Здравје и совет Обрнете внимание на соништата. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можело да дојде до искрени изливи на емоции од страна или кон личност од работното место. Другите во личниот живот ќе бидат успешни. Кариера На работното место денеска ќе ви биде пријатно. Можни за ангажмани поврзани со убавина или со уметност , односно со работи што го прават животот посреќен. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на ситници. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете расположени за шеги и забава , а ќе ви недостига јасна цел поврзана со трезвенсот и емотивност. Кариера Се чини дека колегите толку ве сакаат што се подготвени се да направат за вас. Немојте тоа да го злоупотребувате. Здравје и совет Барате пријатна диета за себе. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Засилени од претходните љубовни успеси , вашата самодоварба ќе порасне , а вие ќе тргнете во нови подвизи. Кариера Ќе се двоумите дали во нешто што е стабилно и добро да внесете малку чудни идеи , што уште не сте ги испробале. Здравје и совет Некои размислуваат за диета. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидете се понежни и поемотивни. плимата на чувства ќе направи да блескате. Кариера Во ситните деловни задачи ќе има мал хаос , што ќе треба да го надминете со добар план и подобра организација. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашиот главен адут во љубовните теми ќе биде сензуалноста и смилосот за еротика. Многумина ќе заведуваат , без оглед на резултатот. Кариера Влијанијата се многу различни. Од една страна убаво напредувате и имате поддршка од другите , а од друга , некого иритирате. Здравје и совет Ќе има мали неровози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска во личните прашања ќе успеете да ја поврзете еротиката со идеалите. Се ќе стане појасно , а вие ќе бидете помирни. Кариера Се чини како да нема ниедна нејаснотија , што сега не би можеле да ја решите.Затоа многумина ќе ве прашаат за совет. Здравје и совет Излезете им во пресрет на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапуваЗа влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ, мора да има и кривична и политичка одговорност.СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески. Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски. Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност. Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка. Скопје, 25.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондовиЕвропската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата. Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто. Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен теренКралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите. Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода. Cherki equalized for Manchester City. https://t.co/UXHRSCkNF5 — Nirel (@Nirel01) November 24, 2026 Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1. Лига на шампиони, 5. коло вторник Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2 Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77 Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55 Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57 Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76 РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58 Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57 среда 18:45 Сабах - Барселона 18:45 Славија - Виљареал 21:00 Атлетико Мадрид - Викинг 21:00 Клуб Бриж - Ливерпул 21:00 Интер - Штутгарт 21:00 Лил - Баерн 21:00 ПСЖ - Рома 21:00 Шахтјор - Фенербахче 21:00 Спортинг - Манчестер ЈунајтедТагови: Лигата на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook