Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
2Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
3Евроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за Македонија
ХороскопДневен хороскоп за 15. октомври 2022 година Дневен хороскоп за сабота, 15. октомври 2022 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Кариера Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој. Здравје и совет Несоница по кошмарните сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Кариера Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично. Здравје и совет Не манипулирајте со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен. Кариера Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Здравје и совет Не е исклучена кашлица.. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Кариера Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Здравје и совет Одете кон својата цел. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Кариера Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Здравје и совет Позанимавајте се со својата листа на приоритети. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Кариера Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Здравје и совет Пазете се од провев. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Кариера Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Кариера Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Здравје и совет Бидете праведни. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Кариера Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Здравје и совет Соработувајте со младите. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Кариера Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат. Здравје и совет Одлично сте расположени. Лав 23.7-22.8. Љубов Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Здравје и совет Бидете одговорни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Кариера Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаЈанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, ИталијаОпштина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија, предводена од градоначалникот, при што се одржа средба на која се разговараше за можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка.Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и добри практики во областа на лозарството, винарството и винскиот туризам, како и на можностите за соработка во културата и промоцијата на локалните потенцијали. Кавадарци, како центар на Тиквешкиот вински регион, има богата традиција во лозарството и производството на вино, што претставува одлична основа за поврзување и заеднички иницијативи со општини од Италија, земја со истакната винска и културна традиција. Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, размена на знаења и искуства и отворање нови можности за идни заеднички проекти во интерес на граѓаните на двете општини, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионотДенеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот.Денеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот, со посебен акцент на македонскиот пат кон Европската Унија и посветеноста на Владата на реформите и европските интеграции, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан. Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија, објави премиерот Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаЕвроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за МакедонијаЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро времеЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро време – порача евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас. Тој најави дека износот од 750 милиони евра од Планот за раст наменети за земјава наскоро може да се зголеми, како и дека освен веќе доделените 65 милиони евра, дополнителни 40 милиони преку Европскиот мировен фонд може да ни бидат доделени за зајакнување на македонските воени капацитети. - Овде во Македонија, сите заеднички вложуваме напори и се надевам дека многу наскоро ќе можеме да ги направиме одлучувачките чекори за отворање на преговорите за пристапување, за да можеме да чекориме кон она што треба да биде заедничка иднина под еден покрив – покривот на Европската Унија,- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Германската амбасадорка во земјава – Петра Дрекслер, ја пофали земјава за проактивен пристап кон европската безбедност, особено преку континуираната поддршка за Украина, но како што рече, независно судство претставува темел за целокупната отпорност. -Исто така, треба да имате предвид дека функционалното и независно судство претставува темел и предуслов за сè друго; зашто, без судски интегритет и владеење на правото, нема вистински да се воспостави институционалната доверба неопходна за долгорочна отпорност,- - Петра Дрекслер, амбасадор на Германија во Македонија. Вицепремиерот и министер за транспорт – Александар Николоски изјави дека стратешките за ЕУ Коридори 8 и 10 како патните така и железничките, активно се градат, што освен од економска, како што вели, се значајни и за политичката стабилност на земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook