Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопДневен хороскоп за 15. јули 2021 година Дневен хороскоп за четврток, 15. јули 2021 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Продолжува вашиот пријатен љубовен период. Границата се единствено вашите зборови , кои овој пат не би биле најдобро избрани. Молчете и сакајте. Кариера Поголемиот дел од работното време ќе поминете во механичко одработување на она што треба да го сработите. Здравје и совет Уживајте во убавиот ден. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе чувствувате вистинска плима од емоции зашто ќе бидете почувствителни од обично. Насекаде ќе барате љубов. Кариера Тешко ќе се концентрирате на работата, зашто ќе бидете склони се да земате при срце. Треба да ги разделите работата и емоциите. Здравје и совет Не се грижете ако имате мали отоци.Ќе поминат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе ги свртите низ главата малите грижи.Битно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите. Кариера На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да избегате дома. Здравје и совет Искористете го вашиот хумор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е надворешни влијанија да ве оттргнат од вашите сништа и фантазии. Ќе треба работите реално да ги согледате. Кариера Со почитување на другите, денеска ќе постигнете добри резултати. Со наметнување на своите ставови може само да си наштетите. Здравје и совет Одберете здрав живот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја прифатите реалноста и ќе ја градите својата врска најдобро што можете. Сега дури гледате колку ве сака партнерот. Кариера Додека ја работите секојдневната работа, вие се повеќе во главата го вртите филмот за некои нови идеи со кои би се унапредила работата. Здравје и совет Добро е што размислувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска лесно ќе влегувате како во својата така и во туѓата потсвест , па бргу и вешто ќе го прочитате партнерот. Кариера Ќе ја затворите вратата за неиздржани мисли и дела , па ќе се концентрирате на она што може да се исполни. Здравје и совет Можен е незаборавен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не сте сигурни дали да попуштите пред некои барања на партнерот. Добро ќе размислувате , зашто нема да знаете што да направите. Кариера денеска во работењето максимално ќе ја користите интуицијата. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи. Ќе бидете нежни , а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина. Кариера Во услужните дејности денеска ќе дојде до остварување на еден долго подготвуван проект. Здравје и совет Некои се решија да стават крај на лошите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден полн со инспирација за заљубување,можности за пријатни средби , дружења за кои долго сте сонувале. Кариера Ќе бидете енергични и подготвени да ги решавате и најголемите проблеми. Ништо нема да ви биде тешко , а на уморот ќе одговарате со хумор. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашето слободно време денеска ќе биде окупирано од пријателите. Може да им ги доверите своите љубовни грижи. Кариера Некои ќе се затекнат во ситуација да бидат протежирани или ќе добијат понуда што ќе им го направи денот убав. Здравје и совет Бидете професионални. Бик 21.4- 20.5. Љубов И денеска ќе бидете поврзани со друштвото и пријателите повеќе отколку со саканата личност. Во врската моментално сте на дистанца. Кариера Немојте да се залажувате дека сте го постигнале максимумот , зашто не сте ни блиску до него. Треба уште многу труд и вложување во себе. Здравје и совет Бидете реални. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои бараат сродна душа , нека обрнат внимание на личностите што ги среќаваат на работното место . Има таму некој што го привлекувате. Кариера Некои колеги денеска ќе се чувствуваат лошо и запоставено, па можеби вие ќе им дадетеутеха. Здравје и совет Подобро сте од повеќето , па помогнете им.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter