Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски
2Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски
3МОН: Се доградуваат училници во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, инвестицијата ќе овозможи едносменска настава
ХороскопДневен хороскоп за 15. јануари 2024 годинаДневен хороскоп за понеделник, 15. јануари 2024 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Кариера Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите. Здравје и совет Некои имаат духовни искуства. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Кариера Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови. Здравје и совет Помирете се со реалноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Кариера Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед. Здравје и совет Имате право кога ја негувате натуралноста. Овен 21.3-20.4. Љубов Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Кариера Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение. Кариера Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. Здравје и совет Работете го она што го сакате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации. Кариера Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно. Здравје и совет Ви треба кус одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате. Кариера Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено. Здравје и совет Уривате рекорди. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Кариера Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи. Здравје и совет Не мора да се брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен. Кариера Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите. Здравје и совет Ќе имате пријатни сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Кариера Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат. Здравје и совет Немојте да си го расипете карактерот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Кариера Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте. Здравје и совет Не знаете до каде може да стигнете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи. Кариера Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола. Здравје и совет Ќе бидете фокусирани на други.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
СветСеверна Кореја со осуда за воените вежби на САД и Јужна КорејаСеверна Кореја ги осуди воените вежби на САД и Јужна Кореја и изјави дека ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана, објавија севернокорејските државни медиуми.Повикувајќи се на севернокорејската новинска агенција „KCNA“, Ројтерс објави дека Пјонгјанг изјавил дека Северна Кореја ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана за да се спротивстави на „воените закани од американските и јужнокорејските сили“. Соопштението на „KCNA“ ги осуди воените вежби, велејќи дека тие придонесуваат за зголемување на тензиите на Корејскиот Полуостров. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека му наредил на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „значително да ги намали заедничките воени вежби“ со Јужна Кореја затоа што земјата не сака да им се придружи на САД во „денуклеаризацијата“ на Иран. „Врз основа на мојот многу добар однос со претседателот Ким од Северна Кореја, не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја. Овие вежби не само што се скапи за САД, кои ги сносат поголемиот дел од трошоците (како и обично!), туку испраќаат сигнал кој е целосно несоодветен и непријателски настроен кон земја која, сè додека Доналд Џ. Трамп е претседател, не претставува никаква закана“, рече Трамп во претходна објава на социјалната мрежа „Truth Social“.Тагови: Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПрвиот Јапонец во Астон Вила – голман, засилување и на бековската позиција Поранешниот голман на Парма и јапонски репрезентативец, Зион Сузуки, потпиша договор со Астон Вила, соопшти англискиот фудбалски клуб.Деталите од договорот не се објавени, но британските медиуми пренесуваат дека Астон Вила потрошила околу 35 милиони евра за трансферот на јапонскиот голман. Сузуки (23) е член на Парма од 2024 година и има одиграно вкупно 59 натпревари. Пред Парма, тој бранел за Сент Труден и Урава. За јапонската репрезентација има одиграно 28 натпревари. Денес Астон Вила се засили и со досегашниот бек на Атлетико Мадрид, Матео Руџери кој пристигна во Бирмингем за 25 милиони евра плус бонус од 1,5 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска СтрезоскиНа средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Академијата, како и за новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е во владина процедура. Со предложеното законско решение ќе се создадат услови за непречено функционирање на Академијата, вклучително и за надминување на досегашниот застој и продолжување на процесот за прием и обука на новата генерација слушатели на Академијата. Предложениот закон предвидува унапредување на нормативната рамка за функционирање на Академијата, со цел поефикасно спроведување на постапките за прием, обука и практична подготовка на идните судии и јавни обвинители, како и обезбедување континуитет во спроведувањето на програмите за почетна и континуирана обука. Посебно внимание на средбата беше посветено на просторните и техничките услови за работа на Академијата, како и на потребата од зајакнување на нејзините капацитети, имајќи го предвид обемот на активностите што следуваат. Министерството за правда и Академијата продолжуваат со заедничка работа за унапредување на квалитетот на обуките и зајакнување на капацитетите на правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter