2Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување
ХороскопДневен хороскоп за 15. јануари 2022 годинаДневен хороскоп за сабота, 15. јануари 2022 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата. Здравје и совет Знаете што ви е потребно за да бидете здрави. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се. Кариера Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете. Кариера Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата. Здравје и совет Немојте да се противите . Овен 21.3-20.4. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност. Кариера Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат. Здравје и совет Бидете искрени кон себе и кон другите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка. Кариера Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем. Здравје и совет Емотивна нерамнотежа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора. Кариера На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува. Здравје и совет Спасот е во работењето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува. Кариера Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно. Здравје и совет Држете се до законите. Лав 23.7-22.8. Љубов Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право. Кариера Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се. Здравје и совет Мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро . Кариера Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат. Здравје и совет Јадете повеќе зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте. Здравје и совет Намалете ги калориите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место. Кариера Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа. Здравје и совет Делата се поважни од зборовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците. Кариера Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Најдете компромис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФон дер Лајен во октомври го посетува Скопје: Планот за раст и новата стратегија на ЕУ во фокусотПланот за раст и напредокот на земјите кандидатки ќе биде во фоксуот на посетата на шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен за време на три дневната балканска турнеја. Европската Комисија потврди дека Лајен од 30-ти септември тргнува во посета на Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Според најавената агендата, Скопје најверојатно ќе го посети на втори октомври. -Таа ќе се фокусира на следните чекори од европскиот пат на нашите партнери и на актуелниот напредок за постепена интеграција, помогнат од планот за раст за Западен Балкан. , изјави Ариана Подеста, портпаролка на ЕК. Посетата на Лајен во регионот, во чии рамки нема да ги посети Белград и Сараево поради како што појаснија изборната кампања таму, ќе се совпадне со периодот кога Европската Комисија ќе ја објави новата стратегија за проширување, предвидена за 30-ти септември. Хрватскиот европратеник и известувач за Србија, Тонино Пицула открива дека на маса се дури 12 нон пејпери, од кои до 30-ти септември треба да произлезе еден конкретен документ. -Тогаш ќе видиме дали оние најави за некои иновации во политиката на проширување, дали новите членки на ЕУ на почетокот ќе бидат лишени од правото на вето на заедничките одлучи кои се веќе донесени. Ќе бидат ли тие фиксирани во некаков конкретен предлог. Тоа нема да биде прв пат, се сеќавам на 2019-та година кога Македонија уште еднаш, поради францускиот притисок заобиколена, а потоа Комисијата по шест месеци излезе со новата методологија на преговарање со кластери, изјави Тонино Пицула, европратеник од Хрватска. Она што е сосема извесно е дека документот ќе содржи три суштински работи – постепено членство, со пристап до европскиот пазар, нова методологија и построга контрола на земјите кандидатки. Она што најмногу ги плаши поддржувачите на проширувањето е од помпезно најавуваната реформата да произлезе членство во ЕУ од втор ред. -Тоа би изгледало како „ве каниме на роденден, но не смеете да ја пробате тортата. Значи не можете некого да поканите, а да не смее ништо да каже. , изјави Сунчана Главаш, европратеничка од Хрватска. Еврокомесарката Марта Кос вчера го повтори ставот на Брисел дека Македонија мора да ги спроведе уставните измени, а дека потоа очекува да биде поддржана од Бугарија во преговарачкиот процес. И додека Европската Унија ја живее најдолгата пауза без проширување од основањето, Канада преку ноќ доби отворена врата да стане првата придружна членка на Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитувањеМакедонците и Бугарите не ја изгубиле меѓусебната доверба, меѓутоа, ни треба подадена рака од Софија за воспоставување на постојан политички дијалог за надминување на разликите – изјави заменик шефот на дипломатија Зоран Димитровски во Софија. Пред својот говор, Димитровски ја поздрави публиката на бугарски јазик, притоа нагласи дека секој што сака да зборува на мајчиниот македонски или бугарски јазик треба да ја има слободата во тоа. Во овој контекст, Димитровски изјави дека вклучувањето на бугарите во македонскиот Устав никогаш не било проблем, меѓутоа, како што рече, добрососедските односи мора да се двонасочна улица. -Прашањето за вклучување на Бугарите во нашиот устав никогаш не било проблем и никогаш немало спротивставување на вклучувањето на Бугарите и почитувањето на нивните права.// Но, она што би сакале да видиме е потег и од бугарска страна - почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на организациите на Македонците во Бугарија,- -Зоран Димитровски Заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија. Димитровски изрази надеж дека во следните месеци ќе се подобри дијалогот на релација Скопје – Софија со што Брисел ќе донесе одлука за отворање на преговорите за членство. Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче пак без оптимизам за европската иднина на државава. Тој стравува дека Македонија, во група со Косово и Босна и Херцеговина, како што вели, ќе остане слепо црево во Европа. -За прв пат, како еден дополнителен сигнал за волјата на ЕУ да се проширува е дговорот кој што се спрема за придружно членство на Канада. // Притоа најавува дека за четири земји ќе се изгради точна стратегија, пат во чекори до крајот на мандатот на оваа Европска Комисија, како тие ќе станат земји членки на ЕУ. За жал ние не сме во таа група,- -Венко Филипче, претседател на СДСМ. И покрај политичкиот проблем, Димитровски најави дека на 8 октомври во Софија ќе се одржи Самит посветен на стартешкито коридор 8, откако со посредство на ЕК се постигна договор за заедничка игзрадба на железничкиот тунел што ќе ги поврзува двете земји. Во меѓувреме, директорот на МЖ Инфранструктруа, Ивановски инфромриаше дека со залисилена динамика се работи на втората фаза на пругата Бељаковце – Крива Паланка и веќе се реалзиирнаи околу 40 проценти од проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветИран почна масовна мобилизацијаИран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и Израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци.Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци низ земјата. Според Associated Press, повеќе од 600.000 Иранци се пријавиле во иницијативата „janfaday-e iran“, односно „оние кои го жртвуваат животот за Иран“, преку која доброволците треба да добијат воена и цивилно-одбранбена обука. Иранските власти очекуваат бројот на пријавени да надмине еден милион. Размерите на мобилизацијата станаа особено видливи денес во Техеран. Стотици илјади луѓе учествуваат на голем собир организиран со поддршка на властите, кој Ap го опишува како најголема јавна демонстрација на поддршка за иранската држава од почетокот на американско-израелските напади во февруари. Басиџ претходно најави дека само во техеран на 18 септември се планира масовна вежба со 313.000 учесници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29