Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
1Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
3МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици
ХороскопДневен хороскоп за 15. февруари 2023 годинаДневен хороскоп за среда, 15. февруари 2023 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Од идеја до реализација , а денеска малку ќе скршнете во светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред себе онаква каква што е. Кариера Ќе се послужите со многу креативна идеја за да решите мал деловен проблем. Здравје и совет Внимателно разгледајте ги сите опции. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите ќе биде воодушевувачка. Единствено е важно да не зборувате премногу и сенешто. Кариера Можното деловно патување ќе биде интересно. Доколку не патувате, можни се бројни деловни контакти. Здравје и совет Внимавајте на вирози. Овен 21.3-20.4. Љубов Одличен ден за секаков вид дружење и поврзувања со луѓе. Ќе бидете отворени , слободни и подготвени за сите опции. Кариера Можеби некои други сега се центар на настаните на работниото место , но вие продолжете да си ја работите работата во мир и тишина. Здравје и совет Добро ќе функционирате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска би можеле да доживеете многу пријатнио и неврзано дружење. Некои ќе најдат љубов преку пријателите. Кариера Новите работни задачи ќе бараат повеќе креативност и смисол работите да ги поставите на нов начин или делумно да се смените. Здравје и совет Радувајте им се на своите успеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе има мал отпор околу можна забава, но бргу ќе се договорите. Партнерот ќе ве поддржи. Кариера На работа ќе бидете само толку колку да ги одработите ситните задачи што сте ги заборавиле. Потоа ќе си заминете дома. Здравје и совет Опуштете се убаво поминете си без оглед на се. Рак 22.6-22.7. Љубов Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен отколку што сте мислеле на почетокот. Од таму и опуштеноста и среќата. Кариера Со задоволство би ,,посоветувале” некои свои соработници , но ако тоа го направите , би можело да дојде до голема кавга. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе успеете да ги заборавите старите недоразбирања и својот однос повторно да го издигнете на повисоко ниво. Заедно ќе уживате. Кариера Истакнете ги своите резултати за да ги победите оние кои ве критикувале. Достигнувањата се единствен важен аргумент. Здравје и совет Потребно ви е повеќе спиење. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некој од вашето мнинато можеби ќе ве изненади и ќе внесе минлив немир . Сепак нема да си дозволите да се вознемирите. Врската ви е успешна. Кариера Не ве учеле понекогаш да бидете покорни , па сега ви е тешко кога доаѓаат такви денови. Издржете, ќе помине. Здравје и совет Имате право на забава. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата најсакана личност денеска ќе ви јаде од рака. Ќе бара ваша заштита и нежност. Кариера Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни на своите достигнувања. Со такво сознание ќе работите без никакви проблеми. Здравје и совет Внимавајте на провев. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе дојде до мали надмудрувања со саканата личност , но ќе успеете да ги надминете со хумор и интелигенција. Кариера Понекогаш ви изгледа како околу вас да има циркус. Сепак , тоа е само надворешна фасада , со која ќе мора да се справувате. Здравје и совет Излезете и забавувајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска со саканата личност би можеле да пловите во светот на сништата. Кај пореалните веројатно е одење на кино. Кариера Оние кои се на годишен одмор , ќе му се посветат на домот , а оние кои работат ќе настојуваат што побргу да си дојдат дома. Здравје и совет Повеќе соработувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Личноста со која ќе се сретнете во друштво , би можела навистина да ве изненади со својата ексцентричност. Кариера Работите за кои се бара познавање на странски јазици , ќе се актуелизираат. Можеби тоа нема да биде јазикот што го знаете. Здравје и совет Внимавајте на инфекции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓаниЗабраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен. Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло. Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.Тагови: визи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми. Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно. -Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците. Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“. -Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место.. Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава. -Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook