3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 15. февруари 2022 година Дневен хороскоп за вториник, 15. февруари 2022 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , како и да детектирате и она што е најскриено во односот со личноста која ја сакате. Кариера Ќе влијаете на работите и луѓето околу себе, понекогаш и несвесно.Ќе забележувате и повеќе отколку што очекувате. Здравје и совет Подобрување и инспирација . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ја поврзете саканата личност со вашето друштво и пријателите. Ќе ви биде пријатно и драго поради тоа. Кариера Не се двоумите да вложите енергија во работата. Секој труд кога-тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Што сте замислиле, остварете го. Овен 21.3-20.4. Љубов Фантазијата ќе ве води низ патеките на срцето , па нема да бидете целосно реални. Отуѓувањето што е започнато , ќе ве оддалечи. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. работете енергично , а анализирајте полека. Здравје и совет Нерасположение без вистинска причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска е ден кога во љубовните прашања ќе ги мешате скромноста и високите идеали. Резултат ќе биде збунетост од другата страна. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за една соработка , зашто ќе ви се чини дека не е реална. Сепак , размислете. Здравје и совет Мали главоболки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Имате доволно самодоверба . Врските добро се развиваат , а ако сте уште сами , не чекајте туку излезете. Се е можно. Кариера Повеќето од вашите деловни активности ќе се одвиваат соо помош или поддршка на други. Покажете дека тоа го цените. Здравје и совет Ќе имате доволно време за дружба. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можело да се најдете на ново место со стари познајници или навики. Кариера Вашето знаење и стручноста се неспорни , но ќе ви се чини дека не ви придаваат доволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе бидете повеќе посветени кон партнерот , кој ќе биде почувствителен од вообичаеното. Бидете внимателни. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и ги контактирате колегите за нови деловни потфати. Здравје и совет Пуштете да ве води интуицијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе дадете се од себе за да ја збогатите својата врска. Предлозите ќе бидат необични , но интересни. Кариера Срцето ве влече меѓу луѓето , но ако треба да се сработи уште нешто , направете го тоа без приговор. Здравје и совет Јадете повеќе овошје и зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите кои се попречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Ќе покажете дека имате свежи идеи , кои ќе бидат изненадување за некои од соработниците. Слободно презентирајте ги. Здравје и совет Би било добро да се наспиете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидетге подложни на посилно искажување на емоциите , а инспирациите за љубов нема да ви недостигаат. Кариера Сите работи поврзани со луѓе добро ќе се одвиваат . Комуницирајте , отворете се , предлагајте ги своите идеи и решенија. Здравје и совет Во добра кондиција сте . Продолжете така. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Развојот на вашиот љубовен живот е неспорен. Можете да избирате , а понекогаш е и обратно. Важно е дека срцето ви е на место. Кариера Во деловната коресподенција , што е интензивна би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и на ист начин одговарајте. Здравје и совет Поставете си јасни цели . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Речиси е сигурно дека денот ќе го поминете дома во друштво на саканата личност. Ќе ви биде убаво и без поголеми љубовни активности. Кариера Стигнува предлог за една соработка што не сте ја очекувале.Малку сте збунети , но ќе реагирате бргу и ќе се снајдете. Здравје и совет Имате право да се опуштите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиРуски олимпиец загина во војната во УкраинаПоранешниот руски велосипедист и двократен олимпиец Сергеј Кучеров беше убиен во војната во Украина на 46-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Велосипедскиот сојуз на Тулската област. Кучеров ја претставуваше Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година. „Кучеров беше убиен додека учествуваше во специјална воена операција“, соопшти регионалната велосипедска федерација, користејќи го терминот што руските власти го нарекуваат инвазијата на Украина. Руските медиуми објавија дека неговиот погреб е планиран за петок, 23 октомври, во неговата родна Тула, на гробиштата каде што се погребани паднатите припадници на руските сили. Не е објавено каде точно загинал Кучеров, во која воена единица служел, ниту под какви околности починал. Веста за неговата смрт ја објавија руските медиуми на 21 октомври, додека се наведува дека починал еден ден претходно. Former Olympic cyclist Sergey Kucherov (Beijing 2008, London 2012), World Cup winner and multi-time Russian champion who joined the russian agression against Ukraine was neutralized on Oct 20. https://t.co/iE0qtmqNJO — UkrSportBase 🇺🇦 | Olympics (@Ukrsportbase) October 21, 2026 Настапил два пати на Олимписки игри Кучеров е роден на 18 јули 1980 година во Тула, а во текот на својата спортска кариера се специјализирал во велодромски велосипедизам, особено во индивидуални и тимски спринтови. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се натпреварувал во екипниот спринт со Денис Дмитриев и Сергеј Полински. Руската репрезентација го завршила натпреварувањето на 12-то место. Четири години подоцна во Лондон, тој повторно ја претставувал Русија во истата дисциплина. Овој пат настапил со Дмитриев и Сергеј Борисов, а руската репрезентација го освоила седмото место. Во текот на својата кариера, тој неколку пати ја освоил титулата руски шампион во поединечен и тимски спринт. Тој бил и победник на една етапа од Светското првенство во велодромски велосипедизам, а освоил и медали на натпреварите од Светското првенство во Германија, Кина и Москва. Руската велосипедска федерација се збогувала со Кучеров, кој го опишал како сигурен колега, голем професионалец и човек посветен на велосипедизмот. Неговата смрт е уште еден случај на поранешен врвен спортист кој починал за време на руската инвазија на Украина, која започнала во февруари 2022 година. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?Денес се наоѓаме во населбата Буњаковец, на улицата „29 Ноември“, денес позната како „Костурски херои“, каде што повторно се отвораат сериозни прашања за урбаното уредување и квалитетот на животот на граѓаните.Според информациите за овој објект, не е предвиден соодветен паркинг-простор, се сечат дрвја, а тротоарот е зафатен со градежни активности. Ова е особено загрижувачко во населба како Буњаковец, каде што паркирањето и движењето на пешаците и онака претставуваат сериозен проблем. Господине Горан Герасимовски, како е можно да се планираат и реализираат вакви проекти без јасни одговори за паркирањето, зеленилото и безбедното движење на пешаците? Кој ги штити интересите на жителите на Буњаковец? Господине Венко Филипче, заедно со вашиот градоначалник дојдете на терен и погледнете со какви проблеми се соочуваат граѓаните. Во кампањите се ветуваа хумано уредени населби, повеќе зеленило и подобри услови за живот, но граѓаните имаат право да прашаат дали тие ветувања се преточени во конкретни резултати. Не е доволно само да се зборува за модерен и уреден Центар. Потребно е да се обезбедат услови во кои граѓаните ќе можат нормално да живеат, да паркираат, безбедно да се движат по тротоарите и да имаат пристап до зелени површини. Затоа бараме Општина Центар јавно да ги разјасни условите под кои се одвива изградбата на оваа локација, дали се почитуваат одобрените планови и како ќе се заштитат пешачкиот простор и зеленилото. Граѓаните на Буњаковец заслужуваат конкретни решенија, а не само предизборни ветувања. Центар треба да се развива во интерес на луѓето што живеат во него!, рече Стефан Кирков, член на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)Бројот на повредени лица во тајфунот Чампи во Тајван се искачи на речиси 530, додека едно лице почина, соопштија властите.Според извештаите, човекот починал во четврток откако бил повлечен во морето од брановите во јужниот дел на островот. Бурата предизвикала голема штета во некои делови од Тајван. Властите регистрирале речиси 2.200 соборени дрвја и повеќе од 700 оштетени згради. Според извештаите на медиумите, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија. Powerful waves battered Taiwan's eastern coastline Friday as Typhoon Champi approached the island, bringing dangerous conditions to coastal areas. Taiwan's Interior Ministry warned residents to stay away from coastlines and ports, citing dangerous waves and strong winds intensified by the approaching typhoon and northeast monsoon. — CBS News (@CBSNews) October 23, 2026 Налетите на ветерот достигнале 162 километри на час Чампи, кој накратко достигнал јачина на супертајфун, оттогаш ослабнал. Тајванската метеоролошка служба објавила постојани ветрови до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, со налети кои достигнуваат 162 километри на час. Се очекува Чампи да се движи кон север и да помине во близина на кинеската крајбрежна покраина Џеџијанг до недела.Тагови: Тајван тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter