Дневен хороскоп за 15. декември 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 15. декември 2023 година

Дневен хороскоп за петок, 15. декември 2023 година. 

Дневен хороскоп за 15. декември 2023 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно.

Кариера

Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате.

Здравје и совет

Послушајте ја интуицијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло.

Кариера

Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу.

Кариера

Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат.

Здравје и совет

Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас.

Кариера

Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија.

Здравје и совет

Некои делуваат прикриено.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил.

Кариера

Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие?

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези.

Кариера

Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт.

Здравје и совет

Обидете се да се однесувате позрело.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е.

Кариера

Ќер бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите.

Здравје и совет

Несоница.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија.

Кариера

Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас.

Здравје и совет

Бидете реални во своите проценки.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца.

Кариера

Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи.

Здравје и совет

Следува нов козметички третман.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се.

Кариера

Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате како риба во море.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат.

Кариера

Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени.

Кариера

Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка.

Здравје и совет

Чувствителност на грлото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тело на момче е пронајдено во вреќа во Бугарија- уапсен е поранешен полицаец

Тело на момче (27) е пронајдено во вреќа во селото Најден Герово, општина Саединение во Бугарија.

Тело на момче е пронајдено во вреќа во Бугарија- уапсен е поранешен полицаец

Поранешен полицаец е приведен, објави бугарски Телеграф.

Според истражителите, телото било во вреќата неколку дена и било пронајдено вчера вечерта. Поранешниот полицаец заработувал за живот како овчар, а морничавото откритие е откриено во неговото трло.

Телото на мимчето е пронајдено со знаци на повреди.

Полициски екипи и истражители работат на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсенал договори трансфер со англиски репрезентативец за 60 милиони евра

Арсенал се договори за трансферот на дефанзивецот на Астон Вила, Езри Конса, за околу 60 милиони евра, на што ќе бидат додадени бонуси. 

Арсенал договори трансфер со англиски репрезентативец за 60 милиони евра

Конса се збогуваше со своите соиграчи во среда, а во четврток треба да помине лекарски преглед. Клубот од Лондон бараше засилувања во одбраната поради повредите на Вилијам Салиба и Јуриен Тимбер.

Во понеделник, Конса се врати на подготовките на Вила по продолжениот одмор по Светското првенство. Арсенал, како што напиша „Атлетик“ минатиот петок, разгледуваше други опции во одбраната, а меѓу нив беше и дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џарел Куанса. Конси има уште две години од договорот со Вила, кој го потпиша во септември 2023 година за пет години.

Тој игра за Англија

Дефанзивецот беше важен член на англиската репрезентација која стигна до полуфиналето на Светското првенство ова лето. Тој ги започна сите натпревари до полуфиналниот пораз од Аргентина (2:1), а во тој натпревар влезе во игра во 72-та минута. Тој играше главно во средината на одбраната, но ја покриваше и позицијата десен бек по суспензијата на Кванса, улога што ја играше и во Вила.

Со години, Конса беше клучен играч во тимот на Унаи Емери, кој редовно се натпреваруваше на врвот на Премиер лигата и во европските натпреварувања. Минатата сезона одигра 48 настапи, а Вила ја освои Лигата на Европа и заврши на четвртото место во првенството.

Во сезоната 2024/25 беше во почетниот состав за речиси сите натпревари на Вила во Лигата на шампионите, каде што клубот стигна до четвртфиналето и беше елиминиран од евентуалните победници Пари Сен Жермен. Откако пристигна од Брентфорд во 2019 година, тој одигра 286 натпревари за клубот.

Пораката на Артета за борбата за титулата

Потегот на Арсенал по повредата на грбот на Вилијам Салиба ја покажува намерата на Микел Артета да има доволно квалитетни опции на сите позиции за сезоната 2026/27. Менаџерот на Арсенал би можел да ги користи Кристијан Москера и Бен Вајт како замени за Салиба, но побавното закрепнување на Јуриен Тимбер од повредата на препоните веројатно ќе ја направи одбраната приоритет.

„Сакаме да го подобриме тимот и дополнително да го развиеме. Идентификувавме области каде што можеме да се зајакнеме и работиме на тоа“, рече Артета пред победата во Комјунити Шилд против Манчестер Сити.

Веста за интересот за Конса предизвика дискусија за тоа дали 28-годишниот стопер е потребен по таа цена, особено затоа што клубот бараше различни профили на дефанзивци на почетокот на преодниот рок. Сепак, инсистирањето на Конса покажува колку сериозно Артета ја сфаќа одбраната на титулата. Наместо помлад играч, тој избра друг искусен фудбалер од Премиер лигата кој лесно би требало да се вклопи во неговиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев збесна во Синсинати- настрада екранот со реклами (ВИДЕО)

Данил Медведев (30) отпадна од Мастерсот во Синсинати по драматичниот натпревар против Брендон Накашима. 

Медведев збесна во Синсинати- настрада екранот со реклами (ВИДЕО)

Американецот, 22-риот носител во светот, го победи четвртиот носител со 6-7(3), 7-6(4), 6-1 по два часа и 51 минута игра, иако спаси три последователни меч топки во вториот сет.

Мечот беше обележан со неколку испади од Медведев. Првиот се случи во првиот сет. По сервисот на Накашима, Русинот не успеа да ја фати топката, која се одби од LED рекламниот ѕид зад него и го удри во главата. Потоа Медведев го фрли својот рекет кон рекламниот екран, оштетувајќи го.

Го изгуби трпението по три промашени меч топки

Медведев успеа да се смири потоа. Накашима водеше со 5-2 во првиот сет и имаше четири сет топки, но Русинот се врати и го освои сетот во тај-брејк. Во вториот сет, Медведев водеше со 5:4 и 0:40 на сервисот на Американецот и стигна до три нерешени меч топки.

Накашима ги спаси сите. Првиот го реши со одење кон мрежата, вториот по промена од 18 шута, а третиот со сервис-волеј игра. Потоа Американецот го доби тај-брејкот со 7:4 и го одведе мечот до одлучувачкиот сет. Медведев повторно го изгуби трпението. Ги погоди рекламните екрани зад основната линија, а во еден момент ги преврте микрофоните до теренот.

Во третиот сет повеќе немаше неизвесност. Накашима двапати му го одзеде сервисот на Медведев и го комплетираше големиот пресврт со 6:1. Тоа беше негова прва победа над Русинот во нивната четврта средба.

Накашима игра одлично ова лето

„Кога се најдов на меч-поените, само си реков да продолжам да се борам за секој поен. Многу сум задоволен од нивото што го покажав во третиот сет“, рече Накашима по победата.

Американецот го игра најдобриот тенис во својата кариера. Тој пристигна во Синсинати по првото финале на Мастерс 1000 во кариерата, кое го освои во Монтреал, а претходно играше во полуфиналето во Вашингтон. Тој моментално е на најдобриот ранг во кариерата, 22-ро место, и има резултат од 10:2 на летната турнеја на тврда подлога во Северна Америка.

Во осминафиналето во Синсинати, тој ќе игра против Португалецот Нуно Борхес, кој го нокаутира Андреј Рубљов со 6:3, 6:4.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер