Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
2Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
ХороскопДневен хороскоп за 15. декември 2019 годинаДневен хороскоп за недела , 15. декември 2019 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во љубовните прашања нека ве води вашата интуиција. Со нејзина помош се ќе биде подобро и полесно. Кариера Во работите каде што постои слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите познати дејности ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Најдете златна средина. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ги пополнувате празнините. Кариера Во работењето со младите , ќе измислите нови идеи , кои целата работа ќе ја поместат чекор напред. Здравје и совет Помогнете им на послабите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Она што сте го кажале , ќе има позитивно влијание. Партнерот ќе размислува за реалноста , а вие ќе бидете позадоволни. Кариера Ќе одработите она што мора да се сработи и тоа што можете побргу. По тоа ќе им се посветите на другите луѓе. Здравје и совет Излезете во природа на свеж воздух. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Кога би ги собрале сите ваши љубовни сништа , ќе увидите дека во последно време само сонувате. Спуштете се на земја. Кариера Климањето со глава не може никому да му користи, но ниту покренуваљње револуција не е најдобро решение. Треба да се размисли. Здравје и совет Успех со алтернартивните терапии. Овен 21.3-20.4. Љубов Својата среќа во личниот живот ќе ја споделите со блиските луѓе. Можно е да повикате гости кои ги сакате. Кариера Што и да работите , денеска без грижа ќе може да се потпрете на некои колеги , како и тие на вас . Ви претстои убава соработка. Здравје и совет Вежбајте правилно дишење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Фазата на уживање во љубовта ќе продолжи и денеска . Имате речиси се што можете да посакате. Кариера Одличен ден за сите дејности во кои се бара поврзаност со луѓето и смисол за убаво. Се се одвива се подобро и подобро. Здравје и совет Кашлица. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе иамте некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате помалку строго и опуштете се. Кариера Нема ништо да се придвижи доколку само чекате. Треба да се покажете , да зсе јавите , да се претставите. Здравје и совет Некои ќе имаат преодна настинка. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку сте решиле да бидете пољубезни , тоа нека биде искрено. Секоја измама ќе ве носи чекор наназад во односите со саканата личност. Кариера Доколку го проанализирате она што сте го сработиле , можете да бидете сосема задоволни. барем работата ви оди од рака. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Доколку тоа ви е премногу тешко , почекајте. Кариера Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Немојте многу да се грижите , зашто се ќе се врати на друга страна. Здравје и совет Бидете поконкретни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои се сами , нека не се откажуваат од додворувања. Кариера Денешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите колеги на работното место. Најдете компромис. Здравје и совет Внимавајте на сопствената грубост. Вага 24.9.-23.10. Љубов Оние кои успеале да воспостават поотворен контакт со лицата од работното место , денеска би можеле да ги повикаат на забава. Кариера Работата ќе ја одработите како зомби, а потоа ќе живнете и ќе се занимавате со спорт , забава , пријатели и љубов. Здравје и совет Можете да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се обидете уште повеќе да се зближите со личноста што ја сакате. Во тоа ќе ви помогне вашиот внатрешен глас , како и сексот. Кариера Многумина за време на работењето ќе осмислуваат нов проект , што сеуште нема конкретни темели. Сепак , идејата ќе биде многу јасна. Здравје и совет Ќе ги видите работите во целост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрама на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800Британски авион „Џет2“, кој денес леташе од Самос, Грција, до Манчестер, беше пренасочен поради технички проблеми кон сплитскиот аеродром „Свети Јероним“.Во авионот имало 165 патници и шест члена на екипажот, и сите се добро, според информациите од аеродромот. Екипажот го активирал меѓународниот код 7700 за општа вонредна состојба, пишува „Далмација Данас“. Летот бил LS1750 и „Боинг 737-800“ со регистрациски број G-JZBU. Аеродромот „Свети Јероним“ објави дека во 14:20 часот добил известување од хрватската контрола на летање за вонредно слетување поради технички проблеми. Аеродромот започнал целосна постапка за тревога и ги ставил во состојба на тревога сопствените служби и надворешните служби за вонредни ситуации. Патеката на авионот ја следеле корисниците на платформата „Флајтрадар24“. Боингот направил неколку свртувања над морето во близина на Трогир и Сплит, а во еден момент летал на надморска височина од приближно 700 метри, со брзина од околу 306 километри на час. Откако ја сменил дестинацијата, не го продолжил патувањето кон Обединетото Кралство, туку се упатил кон Сплит. Кодот 7700 го користат пилотите за да сигнализираат општа вонредна состојба до контролорите на летање. Неговото активирање му обезбедува на авионот посебно внимание од контролата на летање и, доколку е потребно, иницира безбедносни процедури. Самиот код не мора да значи дека авионот е во непосредна опасност од пад. Аеродромот ги потврди техничките проблеми, но не ја откри нивната точна природа. Според аеродромот Свети Јероним, сите патници и членови на екипажот биле добро. Целосната тревога завршила во 14:42 часот, 22 минути по известувањето за вонредно слетување. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит потоа продолжил нормално. Тагови: Сплит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноЦариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр Бразилските власти запленија повеќе од 17 тони перки од ајкула наменети за извоз во Малезија, при што се проценува дека за пратката се убиени 5.700 ајкули, соопштија официјални лица.Запленетиот товар е откриен на 27 октомври во пристаништето Итапоа, во бразилската држава Санта Катарина, откако цариниците се посомневале во содржината на контејнер кој бил деклариран како пратка замрзнати сардини. Идентификувани се два вида При пребарување на контејнерот се пронајдени вреќи со перки од ајкула, за кои Бразилската агенција за заштита на животната средина (IBAMA) утврди дека припаѓаат на сината ајкула (Prionace glauca) и краткоперката мако ајкула (Isurus oxyrinchus), кои се загрозени. IBAMA ја казни компанијата поврзана со нелегалниот обид за извоз со 50 милиони бразилски реали (околу 8,3 милиони евра). Според агенцијата, цената на перките од ајкула на некои азиски пазари достигнува 3.000 долари за килограм, што укажува на голема побарувачка што придонесува за заканата за популацијата на овие морски предатори. Важна улога во екосистемот Запленетата пратка беше откриена откако Бразил во март 2026 година воведе построги прописи што ја регулираат меѓународната трговија со сини ајкули, вклучувајќи го нивниот извоз, увоз и реекспорт. Ајкулите играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми, но нивните популации низ целиот свет се загрозени од прекумерен риболов и комерцијална експлоатација. Бразилските власти оценуваат дека заплената претставува значаен чекор во борбата против нелегалната трговија со заштитени морски видови.Тагови: контејнер цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ си го зема знамето на Србија од зградата на Претседателството (ВИДЕО)Доскорешниот српски претседател Александар Вучиќ, кој ја предводеше листата на СНС на парламентарните избори, го зеде српското знаме од Претседателството и објави на Инстаграм со свое објаснување.„Решив да го понесам со себе знамето на Србија што го носев за време на борбата во Обединетите нации, кога успеавме да ја победиме иницијативата на најмоќните земји во светот да го прогласат нашиот народ за геноциден. Ќе го вратам знамето на нашите институции кога ќе бидам сигурен дека ќе се однесуваат кон него со почитта што ја заслужува и дека нема да го уништат, како што ги уништуваат муралите на нашите светци низ цела Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Тагови: Александар Вучиќ знаме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06