ХороскопДневен хороскоп за 15. август 2024 годинаДневен хороскоп за четврток, 15. август 2024 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста. Кариера Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии. Здравје Не сте задоволни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини. Кариера Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици. Здравје Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани. Вага 24.9.-23.10 Љубов Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови. Кариера Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје Послужете се со својата интуиција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата. Кариера Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки. Здравје Ќе бидете весели и емотивни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат. Кариера Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат. Здравје Ќе се веселите со блиски луѓе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска. Кариера Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена. Здравје Потпрете се на вашата смисла за хумор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло. Кариера Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре. Здравје Полни сте со енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство. Кариера Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите. Здравје Свртете се кон себеси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата. Кариера Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок. Здравје Користете ги паузите на работа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика. Кариера Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа. Здравје Би било корисно добро да се наспиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа. Кариера На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне. Здравје Занимавајте се со спорт. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно. Кариера Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами. Здравје Наспијте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШест кандидати во трка за Брвеница: Програми, визии и пораки до граѓанитеШест кандидати од четири политички коалиции и двајца независни ќе ги одмерат силите во недела во трката за нов градоначалник на општина Брвеница. Вонредните избори доаѓаат по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски во јуни годинава. Владејачките коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ настапуваат со посебни кандидати, а ЗНАМ дава поддршка на кандидатот на најголемата владејачката партија. На митинзите во Брвеница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски најави посветена и транспарентна работа за развој на општината, а поддршка доби и од премиерот и партиски лидер Мицкоски, кој кажа дека очекува убедлива победа во недела. Со одделни кандидати ќе настапат и опозициските партии СДСМ и ДУИ. Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Јовица Радевски на синоќешниот митинг во Брвеница вети нов инфраструктурен развој и економски раст за општината. Партискиот лидер Филипче, пак, со поддршка и порака до Мицкоски и власта дека време е за промени, а СДСМ, како што рече е неуништлив. Во кампањата и кандидатите Јакуп Хусеини од ВРЕДИ и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција пред жителите на Брвеница ветија проекти за развој на општината, поддршка за младите и за локалната економија. Со сопствени програми, приоритети и визија за Брвеница настапија и двајцата независни кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи. Поради поголемиот број кандидати проценките се дека можен е и втор круг гласање кој треба да се одржи за две недели, на 1 ноември. Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат вкупно 16.256 запишани избирачи, кои ќе гласааат на 24 избирачки места.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБез консензус во Брисел: Ограничувањето на ветото за проширувањето оди на чекањеПредлогот за ограничување на ветото во текот на преговорите ќе почека подобри времиња. Европскиот Совет не успеа да постигне консензус околу новата нацрт - стратегија за проширување. По синоќешната двочасовна дебата произлезе заклучок, кој со ништо не упатува на промена на пристапот кон земјите кандидатки. „Европскиот совет го зема предвид Соопштението на Комисијата за „Подготовка за поширока Унија“ и го повикува Советот да ги анализира сите насоки и, врз основа на оваа анализа, да продолжи со работата.“ , се вели во заклучоците на Европскиот Совет. Најавена полноќна прес-конференција беше откажана. Најјасен беше белгискиот премиер кој појасни дека практично и немало што да се каже. -Постојат разлики на маса за проширувањето. Позицијата на мојата земја е прилично едноставна, пристап заснован на заслуги. Единствено достигнавме ниво на „прелистување“. Многу, многу сме далеку од финална одлука. , изјави Барт де Вевер, премиер на Белгија Најсвеж пример дека дел од земјите – членки во моментов не се подготвени да ги тргнат настрана билтералните прашања, како што предвидува и самиот документ, е Хрватска, која сега практично ја спушта рампата на амбициите на Подгорица наскоро да ги заокружи преговорите, потег кој може да го загрози целиот процес на проширување, со оглед дека Црна Гора веќе беше видена како 28-ма земја членка. Премиерот Пленковиќ се пофали дека успеал значително да ги смени заклучоците за Црна Гора, а во кои сега се вели: „Советот ја нотира намерата на ирското претседателство со Советот да работи на привремено затворање на преостанатите преговарачки поглавја, а на место довчерашната формулација (до крајот на годината), сега е вметнат терминот„под услов Црна Гора да ги спроведе соодветните реформи“. -Ги изменивме на наша иницијатива заклучоците, кои испратија една реална порака, порака до колегите од Црна Гора. Повеќе пати во изминатите години ги претставивме очекувањата, која треба да се решат и ги решаваме онака како што треба да се решат и сигурен сум дека соседите не разбраа. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Пленковиќ вчера и испорача список од осум услови на Црна Гора, кои во најголем дел се однесуваат на спорови наследени од војните во 90-тите, како имотни прашања, обесштетување на жртвите и истраги за воени злосторства. Пленковиќ вчера вчера изјави дека Хрватска досега била толерантна кон Црна Гора, за разлика од на пример Грција и Бугарија кон Македонија, за кои рече дека ѝ одзеле 21 година на патот кон ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилатаАфрим Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.На конференцијата на претседатели на парламенти и на генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“. Во својот говор пред колегите, претседателот Гаши нагласи дека во услови на зголемена неизвесност и сложени геополитички, безбедносни и економски предизвици, меѓународното право претставува клучен предуслов за зачувување на мирот и стабилноста, заштита на суверенитетот и правата на државите и воспоставување јасни правила во меѓународните односи. Притоа, ја истакна потребата од силни институции што ќе обезбедат доследна примена на овие правила, посочувајќи ја улогата на парламентите во демократскиот надзор, легитимирањето на меѓународните обврски и поттикнувањето на дијалогот и соработката. Осврнувајќи се на улогата на Советот на Европа, тој го истакна придонесот на Организацијата во унапредувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Нагласи и дека парламентарната дипломатија е важен инструмент за зајакнување на меѓусебната доверба, продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог и развивање долгорочни партнерства засновани на соработка и почитување. Во контекст на современите предизвици, претстедателот Гаши ја потенцираше важноста и на регионалната соработка и координираните активности за зајакнување на колективната отпорност и справување со заедничките безбедносни, економски и социјални предизвици. На крајот заклучи дека преку отворен дијалог, размена на искуства и меѓусебна поддршка, парламентите можат да придонесат кон траен мир, стабилност и одржлив развој, во интерес на граѓаните.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11