Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопДневен хороскоп за 15. август 2023 година Дневен хороскоп за вторник, 15. август 2023 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста. Кариера Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии. Здравје Не сте задоволни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини. Кариера Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици. Здравје Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани. Вага 24.9.-23.10. Љубов Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови. Кариера Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје Послужете се со својата интуиција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата. Кариера Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки. Здравје Ќе бидете весели и емотивни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат. Кариера Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат. Здравје Ќе се веселите со блиски луѓе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска. Кариера Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена. Здравје Потпрете се на вашата смисла за хумор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло. Кариера Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре. Здравје Полни сте со енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство. Кариера Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите. Здравје Свртете се кон себеси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата. Кариера Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок. Здравје Користете ги паузите на работа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика. Кариера Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа. Здравје Би било корисно добро да се наспиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа. Кариера На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне. Здравје Занимавајте се со спорт. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно. Кариера Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами. Здравје Наспијте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусотПо неколку сезони во кои доминираа предимензионираните палта, модната сцена се свртува кон поструктурирани силуети.Кога станува збор за гардероба во преодниот период и есента, постојат неколку парчиња кои се апсолутно неопходни. Добар пар фармерки, пар удобни рамни чевли и стилска, но практична чанта секогаш се основа на нашиот изглед кога се шетаме низ град, како и квалитетен блејзер што може да се стилизира на безброј различни начини. Затоа не е изненадување што токму сега повторно сме во потрага по оној модел што ќе го воздигне нашиот есенски outfit. Судејќи според актуелните трендови, оваа сезона не бараме какво било сако, по долгото владеење на преголемите кроеви, модниот фокус се префрла кон поструктурираните стилови кои ја нагласуваат фигурата и враќаат одредена доза на женственост во кројот. Еден од најголемите трендови ќе бидат блејзерите што ја следат линијата на телото и го нагласуваат струкот. Моделите со „издолжен“ струк потсетуваат на елегантните силуети од педесеттите години, но во модерна интерпретација делуваат доволно опуштено за секојдневни комбинации. Можеме да ги замислиме со широки фармерки и рамни чевли, но и со здолништа, фустани или панталони од истиот материјал. Понудата е доволно разновидна за секој да може да ја пронајде својата верзија на овој тренд - од модели без јака и заоблени контури до построги кроеви со изразени рамена и јасни линии. Токму овој нагласен струк e она што ги разликува од блејзерите што ги носевме во последните неколку сезони. Особено изгледаат добро кога строгата силуета се комбинира со парчиња облека што даваат одредена лежерност, блејзер со нагласени рамена одлично се усогласува со обична бела маичка, фармерки, патики, но и со широки панталони и елегантни чевли. Кога станува збор за боите, класиката е сигурен избор. Црните, белите и сивите блејзери се сè уште најпопуларните стилови за есенската гардероба, но оваа сезона вреди да се обрне посебно внимание на потоплите тонови. Карамела, беж, темно кафеава и чоколадна боја се совршени за есенската палета и изгледаат особено добро со тексас, кремасти нијанси и други земјени тонови. Ако барате нешто малку подраматично, бордо е една од оние бои што и на наједноставен блејзер му дава сосема нова димензија. Не треба да се занемаруваат ниту материјалите. Превртената кожа, како и нејзините висококвалитетни имитации, веќе некое време се меѓу најпосакуваните есенски текстури, а блејзер направен од овој материјал функционира особено добро како алтернатива на класичната кожна јакна. Без разлика дали оваа есен ќе изберете женствен модел што го нагласува струкот или ќе се наклоните кон помоќната естетика од 80-тите, едно е сигурно - блејзерот повторно станува многу повеќе од практичен слој за постудените денови. Ако има добар крој, може да биде парче облека што го дефинира целиот изглед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаТатко немоќно гледа како синчето згазнува ѕвечарка, снимката е вознемирувачка (ВИДЕО)Еден татко го доживеал најголемиот ужас во животот додека шетал со своето дете: човек со TikTok профил @lgbenito снимил авантура во која неговото дете и кучето шетале по една од патеките, кога неговиот мал син, кој радосно трчал, згазнал на ѕвечарка.За среќа, змијата не го нападнала детето и сè завршило добро, но застрашувачкото видео сè уште е на мрежите. Таткото признал дека овој момент бил пострашен отколку кога речиси се удавил. Оваа ситуација можела да се одвива многу поинаку, а неговиот син имал голема среќа. Змијата се нашла на погрешно место во погрешно време, кучето не ја забележало, а момчето само се однесувало како дете, бркајќи го своето куче. Ова е најлошиот кошмар на секој родител и за среќа завршило без последици. @lgbenito Scarier than when I almost drowned. ♬ swing lynn - lovdfilmz Во регионите каде што живеат ѕвечарките, населението обично ја слуша оваа змија пред да ја види. Ѕвечарките користат „ѕвечка“ на крајот од опашката за да ве предупредат да не им се приближувате. Сепак, овие змии понекогаш го игнорираат предупредувањето и напаѓаат без него. Ако забележите ѕвечарка, застанете и гледајте ја, пуштете ја или полека повлечете се, пишува Pethelpful. Никогаш не ѝ вртете грб на змија додека не се оддалечите најмалку два метра. Ѕвечарките можат да нападнат од околу една третина до две третини од должината на нивното тело. Ако забележите ѕвечарка во вашиот двор и имате деца и домашни миленици кои поминуваат време надвор, јавете се на професионалец за безбедно да ја отстрани змијата од вашето подрачје. Змијата секогаш може да си замине сама, но подобро е да бидете безбедни отколку да се каете.Тагови: татко ѕвечарка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДвајца се уапсени во Лондон- осомничени се дека биле ирански шпиониДве лица се уапсени во Лондон под сомнение за помагање на иранската разузнавачка служба, соопшти Метрополитен полицијата.Жена (42) и маж (60) се уапсени и однесени на адреси во Лондон. Операцијата ја спроведоа полицајци од лондонската единица за борба против тероризмот како дел од истрагата за сомнителни кривични дела според Законот за национална безбедност (NSA), како што објави Скај њуз. Апсењата следат по претресите на адреси во северозападен Лондон на 24 јуни. По нивните апсења, трет имот во областа беше претресен од полицијата на 9 септември. Двајцата шпиони се обвинети за кривично дело според Член 3 од Законот за национална безбедност на Велика Британија од 2023 година, кој се однесува на помагање на странска разузнавачка служба. Осомничените беа одведени во полициска станица во Лондон, а подоцна ослободени со кауција со строги услови. Тие треба да се појават на суд кон крајот на октомври. Полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со серија напади претходно оваа година врз локации и објекти поврзани со Евреи и Иран низ Лондон. Командантката Хелен Фланаган, началничка на единицата за борба против тероризмот во Лондон, изјави дека полицијата ги разбира загриженостите на јавноста во врска со апсењата, но нагласи дека нема причина да се плаши од непосредна опасност. „Не веруваме дека постои непосредна закана за пошироката јавност во врска со овој инцидент“, рече Фланаган. Таа додаде дека има значително зголемување на полициската активност во текот на изминатата година поврзана со националната безбедност и заканите што доаѓаат од странски земји. „Доколку се сомневаме дека каква било активност може да ја загрози безбедноста на Обединетото Кралство или јавноста, нема да се двоумиме да преземеме мерки“, рече Фланаган. Фланаган, исто така, потсети дека нивото на терористичка закана во Обединетото Кралство останува „сериозно“ и ги повика граѓаните да бидат внимателни и да пријават сè што изгледа сомнително на полицијата. Тагови: Лондон шпиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter