Денес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!
2Денес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!
3Делчево ќе добие современа спортска сала - Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија
ХороскопДневен хороскоп за 15. април 2023 годинаДневен хороскоп за сабота, 15. април 2023 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот ќе ви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил. Кариера Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие? Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Бик 21.4- 20.5. Љубов Рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези. Кариера Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт. Здравје и совет Обидете се да се однесувате позрело. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е. Кариера Ќер бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите. Здравје и совет Несоница. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија. Кариера Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас. Здравје и совет Бидете реални во своите проценки. Лав 23.7-22.8. Љубов Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца. Кариера Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи. Здравје и совет Следува нов козметички третман. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се. Кариера Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени. Здравје и совет Ќе се чувствувате како риба во море. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат. Кариера Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени. Кариера Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно. Кариера Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате. Здравје и совет Послушајте ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло. Кариера Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу. Кариера Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат. Здравје и совет Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас. Кариера Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија. Здравје и совет Некои делуваат прикриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
БалканНовиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува Новиот претседател на српското собрание, Александар Чупиќ, кој привремено ја извршува и функцијата претседател на Србија добил покана да учествува на Самитот на Европската унија и Западен Балкан, што ќе се одржи на 25 ноември во Брисел.Од делегацијата на Европската унија во Србија информирале дека Чупиќ изразил жалење што нема да може да присуствува на состанокот, но не ја наведуваат точната причина за тоа. Поканата ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во писмото тој навел дека самитот ќе биде можност за разговор за клучните прашања поврзани со соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан. Инаку, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ одби да учествува на Самитот во Брисел во декември 2024 година, незадоволен од тогашната одлука на Европската унија да не го отвори кластерот 3 во пристапните преговори со србија, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот.Многубројни граѓани од Крива Паланка и околните села денес, 21 ноември, се приклучија на мирниот протест кај мотел „Македонија“, изразувајќи поддршка за барањата за безбедност, заштита на имотот и итно спроведување на решенијата за одземање на добитокот. Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот. „Одиме до крај, додека не биде спроведен законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот. Оваа агонија и голгота мора да престане. Дадов збор дека ќе останам со народот до крај и тој збор ќе го одржам“, порача градоначалникот Сашко Митовски. Митовски побара надлежните институции да ги исполнат своите обврски и да ги спроведат решенијата донесени пред повеќе од две и пол години. Нагласи дека граѓаните предолго ги трпат последиците и дека заштитата на нивните семејства, имоти и егзистенција бара итно постапување. На протестот се обрати и претседателот на Советот на Општина Крива Паланка, Миле Трајковски, кој порача дека остануваат со граѓаните до решавање на проблемот и најави порадикални протестни мерки доколку изостане конкретно институционално постапување. Оштетени граѓани сведочеа за уништени насади, оштетени имоти, големи материјални загуби и закани со кои се соочувале. Побараа заштита на своите семејства и услови за безбедно живеење и непречено обработување на земјоделските површини. Денешниот протест следува по мерките предложени од Општинскиот кризен штаб, барањето за прогласување 30-дневна кризна состојба и многубројните јавни апели. На 18 ноември, градоначалникот и засегнати граѓани поднесоа кривични пријави со барање да се испита одговорноста за неспроведувањето на решенијата. Доставени се и претставка до ДКСК и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат. Општина Крива Паланка останува покрај своите граѓани, со јасно барање за спроведување на решенијата, институционална одговорност и конкретни резултати на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелчево ќе добие современа спортска сала - Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела МакедонијаМинистерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Во Делчево денеска официјално започнаа градежните активности за реконструкција на спортската сала, значаен проект во вредност од 50 милиони денари, со кој ќе се обезбедат современи и квалитетни услови за развој на спортот во општината. Почетокот на градежните активности го означија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. Министерот Ристовски, истакна дека реконструкцијата на спортската сала е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. „Овој проект е уште еден чекор во она што Министерството за спорт сака да го направи, а тоа е враќање во живот на сите спортски центри на територијата на цела Македонија. Со реконструкцијата на оваа спортска сала Делчево ќе заживее како спортски град, а што е уште поважно, децата и младите ќе имаат место каде што ќе можат да се занимаваат со спорт. По реконструкцијата, која треба да биде реализирана во рок од 18 месеци, сигурен сум дека овој објект, кој со години пропаѓал, ќе прерасне во современ спортски центар, во кој ќе може да се организираат и поголеми спортски настани“ - истакна Ристовски. Министерот за спорт нагласи дека спортската инфраструктура е основа за развојот на спортот и токму затоа Министерството за спорт посветува посебно внимание на овој сегмент. „Упатувам голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за поддршката што ја имаме во спроведувањето на ваквите инфраструктурни проекти како и до градоначалниците и локалните самоуправи со кои имаме добра соработка во реализацијата. Без сето тоа не би можеле да се реализираат овие капитални проекти кои значат многу за македонскиот спорт и генерално за граѓаните, особено за младите на кои мора да им обезбедиме современи, достапни и безбедни објекти за спорт и рекреација“ - рече министерот Ристовски. Реконструкцијата на спортската сала во Делчево е дел од континуираните инвестиции на Министерството за спорт и Владата во подобрување на спортските услови и инфраструктурните капацитети. Во рамките на оваа програма на Министерството за спорт во изминатиот период целосно се реконструирани спортските сали во Радовиш, Ново Село и спортската сала „Расадник“ во Скопје, започната е реконструкцијата на салата „Македонија“ во Прилеп, а паралелно се реализира и изградба на три нови спортски сали – две во Скопје и една во Крушево. Министерството за спорт останува посветено на реализација на конкретни инфраструктурни проекти со цел создавање современи услови за спортување, унапредување на спортскиот потенцијал и поттикнување на младите да бидат активни и да се занимаваат со спорт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08