Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
2Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
3Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
ХороскопДневен хороскоп за 15.3.2019Дневен хороскоп за петок , 15 март 2019 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако не сте задоволни од ссотојбата , денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост. Кариера Ќе ве збунива лицемерноста на надредените , зашто едно ќе зборуваат а друго ќе прават. Не дигајте тензија , туку набљудувајте. Здравје и совет Ќе дојдат вашите пет минути. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби меѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис. Кариера Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажат одбивност. Здравје и совет Штедете си ја силата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став. Кариера Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Добро би ви дошло малку повеќе да спиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг. Кариера Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни , кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи. Здравје и совет Никој не сака да слуша поплаки. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така , но бидете сигурни дека ќе помине наскоро. Кариера Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија. Здравје и совет Попладнево опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста , од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот. Кариера Иако другите ве сакаат и поддржуваат , денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете.Не е така. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата потреба за нежност ќе биде голема , а надворешната состојба ќе биде скромна.Затоа може да сонувате со отворени очи , да чекате подобри денови или да копнеете. Кариера Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега. Здравје и совет Погледнете добар филм. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се на прагот на тајна врска , денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисол. Кариера Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност. Здравје и совет Бидете смирени. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои и натаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска , но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат. Кариера Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место , зашто денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно. Здравје и совет Чувствителност на желудникот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Иако изгледа како добро да ви е во љубовта , од внатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето. Кариера Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност , па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени. Кариера Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи , доколку не се неопходни. Здравје и совет Бидете горди на своите дела. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно ќе мора да го поделите работното време.Еден дел ќе одвоите за својот партнер , а другиот за пријателите. Кариера Младата личност со која соработувате , денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе морате подобро да ги тренирате младите. Здравје и совет Ќе издржите се што ви претстои.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенцијаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаБојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните? Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни. Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања. И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит! Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕТагови: Бојаџиева Марковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаПовик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 годинаВо пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните. Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет. Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат најважните потреби за својата населба и заеднички да помогнат во дефинирањето на буџетските решенија. Средбите ќе се одржат на две локации, при што првата е закажана за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, во Домот на култура во Драчево. Втората средба ќе се реализира во среда, на 4 ноември 2026 година, од 17:00 до 18:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Доколку граѓаните не се во можност лично да присуствуваат на овие настани, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45