Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините, Владата продолжува со силна поддршка за капитални проекти
1Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините, Владата продолжува со силна поддршка за капитални проекти
ХороскопДневен хороскоп за 14. октомври 2020 годинаДневен хороскоп за среда,14. октомври 2020 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично. Здравје и совет Покажете ја својата ведра страна. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате. Кариера Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите. Здравје и совет Вие знате како да постапите со секого. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства. Кариера Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки. Здравје и совет Бидете тактични. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност. Кариера Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери. Кариера И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот. Здравје и совет Бидете професионални. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате. Кариера Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата. Кариера Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате. Здравје и совет Едноставно издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите. Кариера Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас. Здравје и совет Носете заклучоци во тишина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството. Кариера Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание. Здравје и совет Помагајте им на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство. Кариера Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации. Здравје и совет Подобро е да верувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет. Кариера Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце. Кариера Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат. Здравје и совет Најдете златна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаКоцевски: Над 18 милијарди денари за општините, Владата продолжува со силна поддршка за капитални проектиПо резултатите што веќе ги дава првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата продолжи со втор јавен повик за уште посилен инвестициски циклус и подобрување на условите за живот на граѓаните.Со двата повика Владата им стави на располагање 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот кредит на единиците на локалната самоуправа за реализација на инфраструктурни и капитални проекти од директно значење за граѓаните. Ова претставува сериозна финансиска можност за општините, но уште поважно е што покажува дека поддршката на локалната самоуправа не е еднократна мерка или краткорочна политика. Станува збор за воспоставен модел во кој државата преку децентрализација на централниот буџет обезбедува финансиска поддршка, каде општините ги подготвуваат и предлагаат проектите според реалните потреби на граѓаните, а резултатот треба да биде подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот. Ова е особено важно за помалите општини, кои често имаат реални и сериозни инфраструктурни потреби, но немаат доволно финансиски капацитет самостојно да реализираат поголеми капитални инвестиции. Токму затоа улогата на државата е да помогне таму каде што е потребно и да создаде услови развојот да биде порамномерен низ целата територија на државата. Па така, со помошта на Владата во Гази Баба се инвестира во детска градинка во Инџиково и спортска сала во основното училиште во Црешево, со што се создаваат подобри услови за најмладите. Во Центар се реконструира спортската сала „Работнички“, во Бутел се уредува и заштитува речното корито на Серава, а во Чаир се гради водоводна и атмосферска мрежа во населбата „Дижонска“. Во Гевгелија се реконструира Старата чаршија, што има значење и за локалното културно наследство и за развојот на градот, додека во Аеродром се уредува јавната површина зад ТЦ „Капитол“. Во Охрид се гради катна гаража со која ќе се реши деценинскиот проблем со недостигот на паркинг места во туристичкиот бисер, во Ресен се реконструираат улици и се градат пешачки патеки, додека општина Кавадарци доби нов модерен базен. Општина Ѓорче Петров со владините средства ќе гради нова детска градинка, општина Тетово ќе гради водоводна мрежа во населбата Вонвардарска и ново средно училиште, Демир Капија ќе реконструира фудбалско игралиште и ќе гради нов тениски терен. Виница доби средства за партерно уредување на просторот кај градскиот пазар, Конче за фотонапонска централа на кровот на општинската зградата, додека Куманово за изградба на краци за секундарна гасоводна мрежа на неколку улици. Токму таквите инвестиции имаат најдиректен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните, зошто тие секој ден ги користат улиците, училиштата, јавните установи и комуналната инфраструктура. Затоа е важно јавните средства, како што се и средствата од унгарскиот кредит, да бидат насочени токму кон решавање на проблемите кои граѓаните ги чувствуваат секој ден. Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не остане концентриран само во најголемите градови, туку секоја општина да има можност да напредува, да инвестира и да ги решава проблемите што со години останале нерешени. Зоран Коцевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Коцевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаЦената на дизелот се намалува за 6,50 денари, поскапуваат бензинитеМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06% во однос на одлуката од 24.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 2,212%, кај дизелот има намалување за 8,237%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 4,389% и кај мазутот исто така има намалување за 2,793%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5477%. Од 1.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 94,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 96,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 44,410 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг и сега ќе изнесува 44,410 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: Бензин Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикриваСекој ден излегуваат нови детали кои го потврдуваат она за што СДСМ предупредува: под радарот, далеку од очите на граѓаните, се договараат бизниси со стратешките ресурси на Македонија: водата, струјата, земјата.Мицкоски вели дека се ќе биде транстапрентно а јавно признава дека преговара со 5-6 инвеститори. Со кого се договара Мицкоски „под радарот“ никој не знае. Имиња не се објавуваат. На кого Мицкоски му ги става на располагање водата, земјата и струјата на Македонија? Колку ќе ги чини тоа граѓните? Пари, вода, плодно земјиште? Граѓаните не знаат ништо. Мицкоски работи „под радарот“. Затоа вчера го пушти пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, да го правда. За кредибилитетот на Лефков нема да трошиме ниту збор граѓаните многу добро знаат дека го нема. Но тврдењата дека комерцијалните дата центри имаат врска со Реформската агенда со Европската Унија е класична лага. Што има заедничко националниот дата-центар за чување на податоци на државните институции со комерцијалните дата-центари што Мицкоски ги договора за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода? Апсолутно ништо. Станува збор за две сосема различни работи. ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси за профити и провизии. Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити. Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори? За приватните инвестиции кои Мицкоски ги договара „под радарот“да ги покријат со европската Реформска агенда која не ја исполнија. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook