ХороскопДневен хороскоп за 14. ноември 2020 годинаДневен хороскоп за сабота,14.ноември 2020 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои можеби ќе почнат да размислуваат за личност што ја познаваат од работа. Нема да бидат сигурниз а што точно станува збор. Кариера Мислите за работа ќе доаѓаат сами по себе , но ќе бидат смирени , позитивни и амбициозни. Денот е добар за на мир да се направат нови планови. Здравје Барем на момент заборавете на се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малку нешта може да ви попречат во овој момент на вашиот љубовен пат. Се се развива на добро , а вие сте задоволни. Кариера Денеска не ги слушајте пријателите ако ви дадат свое мислење за една ваша деловна идеја. Нема да ве разберат. Здравје Наспијте се . Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска е можно убаво да се забавувате и да бидете гостин на атрактивна забава. Саканата личност ќе биде покрај вас. Кариера Оние кои сакаат спорт , ќе се најдат на напнат натпревар.Другите ќе уживаат , малку ќе работат , а малку ќе се забавуваат. Здравје Време е за повеќе вежбање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не очекувајте премногу од денешниот ден. Добар е за пребарување по спомени , но без конечни заклучоци. Кариера Ќе размислувате дали и колку ве сака шефот , какви ви се односите со соработниците и дали си ја сакате работата. Здравје Преспијте до утре , па донесете одлука. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете популарни и прифатени во секое друштво. Ако уште сте сами , излезете меѓу луѓе , па макар само на кафе. Кариера Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило. Здравје Држете се до својот план. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако имате потреба денот да го поминете сами , направете го тоа. Ако сакате да се поверите на близок пријател , и тоа е добро. Но , не очекувајте љубовен жар. Кариера Може само да бидете среќни што денеска немате многу работа , зашто не сте во топ форма. Одработете го она што го морате и опуштете се со содржини што ги сакате. Здравје Не размислувајте премногу. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе почувствувате дека може да уживате во ссосема обични работи и дека покрај љубов не вио се потребни атракции. Кариера Потрудете се добро да ги организирате работните часови , за подготвени да го дочекате она што доаѓа и да имате нергија да го завршите. Здравје Останете смирени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе сакате да најдете решение по секоја цена , а токму таквиот приод нема да донесе резултати. Ви преостанува само да чекате. Кариера Веројатно ќе го почувствувате новиот бран енергија , поради што ќе изгледате поактивно и позитивно кон работата. Здравје Продолжете да работите. Рак 22.6-22.7. Љубов Мало вознемирување поврзано со вашето семејство накратко ќе ве потресе , но вашата врска и натаму е квалитетна. Кариера Одвнатре ќе бидете нетрпеливи за да ги докажете своите проценки , но сепак цел ден ќе мора да слушате други. Здравје Мал душевен немир. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако денеска се обидете да го збогатите својот љубовен живот , преку некоја своја креативна идеја , тоа нема многу да успее. Кариера Ќе уживате во бавното темпо на работа. Некои дури и ќе претераат во опуштање. Добро е да се работи без стрес , но треба добро да се сработи. Здравје Немојте толку да се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Додека вие се трудите да бидете љубезни и да го одржувате балансот и мирот во врската, од внатре ќе чувствувате сомнеж. Кариера Објективно , не сте лоши и другите ве поддржуваат во работата , но без особен апричина некој од колегите би можел да биде деструктивен. Здравје Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Конечно влегувате во поконструктивен љубовен период , кога критиките на ваша сметка се забораваат. Радувајте се. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓе и дружби , така што за работа нема многу да размислувате . Ќе работите автоматски. Здравје Ќе се снајдете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
СветВенецуела: Повеќе од 4.100 мртви од двата разорни земјотресиБројот на жртви од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела минатиот месец се искачи на 4.118, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.Во земјотресите се повредени 16.740 лица, а 17.907 останаа без покрив над главата, што е непроменето од претходниот извештај, се вели во извештајот, објави Ројтерс. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени се случија на 24 јуни во интервал од 39 секунди, погодувајќи го главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира најтешко. Откако се случија двата разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси, претежно со послаба магнитуда, вклучувајќи еден со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала. Извор: Б92Тагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфунот Бави предизвикува хаос во Јапонија, Кина објави највисока тревога (ВИДЕО)Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи ветрови со сила на ураган, обилни врнежи од дожд и прекини во воздушниот сообраќај.Кина издаде црвена тревога, највисоко ниво на тревога, додека се приближува тајфунот. Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови, при што пет лица беа полесно повредени, соопштија локалните власти. Според Јапонската метеоролошка агенција, тајфунот достигна брзина на ветерот до 144 километри на час над островот Мијако во Окинава, објави Кјодо. „Џапан ерлајнс“ и „Ол Нипон ервејс“ ги откажаа летовите до и од Окинава, како и до регионот Амами во југозападната префектура Кагошима. Кина издаде црвена тревога Кина издаде највисоко ниво на тревога за дожд додека тајфунот Бави денес се приближува кон североисточниот дел од кинескиот регион Тајван, прекинувајќи ја работата и наставата во повеќето области. Typhoon Bavi LATEST UPDATE Schools were closed Friday in Taipei, and fishing boats have been tied up close together in ports in northern Taiwan. More than 17,000 people have been evacuated in Zhejiang and 170,000 rescue workers placed on standby, the official Xinhua News… pic.twitter.com/78QjwhXcV7 — Abhijit Pathak (@aajtakabhijit) July 10, 2026 Кинеската Национална опсерваторија издаде црвена тревога за дождовни бури, највисоко ниво во систем со четири нивоа, предупредувајќи дека обилни, па дури и екстремни врнежи од дожд би можеле да погодат неколку региони во земјата, објави Ксинхуа. Се очекува тајфунот Бави да стигне до брегот на источна Кина во раните утрински часови во недела. Typhoon Bavi brings strong winds, rain to Taiwan pic.twitter.com/gQLeqe8LKg — Focus Taiwan (CNA English News) (@Focus_Taiwan) July 11, 2026 Обилни врнежи од дожд се прогнозираат за Жеџијанг, северен Фуџијан, североисточен Џангси, јужен Анхуи, како и делови од Пекинг и Хебеј во следните 24 часа. Според прогнозите, акумулираните врнежи од дожд би можеле да достигнат од 250 до 500 милиметри во делови од источен и јужен Жеџијанг и северен Фуџијан, додека се очекува некои области во регионот Тајван во централна и северна Кина да добијат помеѓу 250 и 800 милиметри дожд. Тајфунот Бави, деветтиот тајфун оваа година, рано утрово стигна до копното во регионот Тајван во североисточна Кина, предизвикувајќи откажувања на летови во Тајпеј и Тајчунг и прекини во работата и училиштата низ целиот остров. Метеоролошкиот орган на регионот соопшти дека центарот на тајфунот е околу 360 километри југоисточно од Тајпеј и се движи кон северозапад со брзина од 27 километри на час. 🇹🇼 More than 14,000 people have evacuated their homes in Taiwan as Typhoon Bavi approaches. In Keelung, violent winds, heavy rain and deserted streets signal worsening conditions. More than 27,000 people are already without power. pic.twitter.com/m1L8cHjpY6 — Incas Productions (@IncasProd) July 11, 2026 Регионот пријавил обилни врнежи од дожд и ветрови, како и изолирани случаи на штети, вклучувајќи прекини на електричната енергија и лизгање на земјиштето. Властите ги предупредија граѓаните да го избегнуваат брегот поради високите бранови, а се очекува врнежите од дожд на островот постепено да се намалуваат во недела. Извор: Б92Тагови: јапонија Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во посета на Општина ОхридМицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“.Денес во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“, а потоа и на реконструираната улица „Кленоец“ во Општина Охрид.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter