Божиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија
1Божиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
1Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
ХороскопДневен хороскоп за 14. март 2025 година Дневен хороскоп за петок, 14. март 2025 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе. Кариера Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика. Здравје и совет Ќе ја надминете малата меланхолија. Овен 21.3-20.4. Љубов Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава. Кариера Направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење. Здравје и совет Вежбајте повеќе. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите. Кариера Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност. Здравје и совет Можни се интересни сништа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта. Кариера Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите. Кариера Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност. Здравје и совет Добро ќе се држите. Лав 23.7-22.8. Љубов Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи. Кариера Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу. Здравје и совет Душевен немир. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра. Кариера Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа. Здравје и совет Зголемена општа сензуалност . Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов. Кариера Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното. Здравје и совет Ќе сонувате интересни сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание. Кариера Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни. Здравје и совет Дотерајте се за да блеснете уште повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат. Кариера Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите. Здравје и совет Почитувајте го своето тело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин. Кариера Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара. Здравје и совет Одморете се од преголемите очекувања. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени. Кариера Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат. Здравје и совет Продолжете понатаму .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ЖивотТргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажуваБританецот Карл Бушби, кој во 1998 година тргна на пат околу светот пеш, конечно се врати на британско тло откако го преплива Ламанш, пишува британскиот весник „Индипендент“. 57 годишниот Карл се врати на британско тло по 28-годишно патување низ светот, за време на кое поминал 50.000 километри низ 29 земји, но сепак му преостануваат уште околу 400 километри до крајната дестинација. Поранешниот падобранец од Хал своето извонредно патување го започна во Чиле пред 28 години, а во понеделникот, на 5 октомври, пристигна на плажата Шекспир, јужно од Довер. За време на патувањето, тој помина вкупно 50.000 километри низ 29 земји, придржувајќи се до правилата што сам си ги поставил – да не користи никакви превозни средства и да не се враќа дома сè додека не го заврши својот потфат. Бушби го мина опасниот регион Дариен меѓу Колумбија и Панама за време на конфликтот меѓу колумбиските власти и марксистичките герилци. Тој исто така го оствари првото забележано пешачко преминување на Беринговиот Проток од исток кон запад и стана првиот човек што препливал 184 милји, односно околу 296 километри, низ Каспиското Море. Тоа пристигна во Европа минатата година, а минатиот месец стигна до каналот Ламанш. По 20 часа поминати во вода и три дена на море, за време на кои се бореше со силни ветрови, тој конечно стигна до британскиот брег. Таму го пречекаа неговиот татко, браќата и неколку пријатели. „Чувството е одлично повторно да се биде на британско тло по сите овие години“, изјави Бушби за ITV News. „Не беше лесно, а токму тоа е и поентата – да докажам дека сум поспособен отколку што мислев. Сите можеме да постигнеме многу повеќе отколку што воопшто можеме да замислиме“, додаде тој. Сепак, неговото патување сè уште не е завршено. Крајната дестинација е куќата на неговата мајка во Хал, до која треба да стигне во текот на следниот месец. Кога пред 28 години замина од домот на мајка си, очекуваше дека ќе се врати за само 12 години. Сега е на чекор до целта. „Заминав оттаму пред 28 години и наскоро ќе го завршам патувањето таму. Остануваат уште околу 400 километри, така што морам да побрзам“, изјави Бушби за „Тајмс“. Неговото враќање во Хал ќе го означи крајот на еден од најизвонредните долгорочни патнички потфати, кој траеше речиси три децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на МакедонијаВо отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната програма за обука „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црно Море/Јужен Кавказ 2026“, оствари средба и одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија. Во отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија, стратешките проекти за диверзификација на изворите и модернизација на инфраструктурата, како и активностите за зајакнување на енергетската независност и сигурноста во снабдувањето. Студентите имаа можност да поставуваат прашања и непосредно да се запознаат со предизвиците во креирањето и спроведувањето на енергетските политики и нивната поврзаност со економскиот развој и меѓународната соработка. Во рамките на програмата, министерката учествуваше и на сесијата „Дигитална дипломатија“, посветена на примената на дигиталните алатки во современите дипломатски односи и меѓународната комуникација. За време на посетата на Виена, Божиновска оствари и средба во Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во насока на одржување на институционалниот дијалог и унапредување на соработката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
НБАШеј Гилџес-Александер: „Јас сум најдобар во светот“Актуелниот МВП во НБА, Шеј Гилџес-Александер, смета дека е најдобриот кошаркар во светот.Предводникот на Оклахома се стави себе си пред центрите Јокиќ и Вембањама: „Јас сум најдобар во светот“ . Оклахома Сити Тандер го имаат одличниот канадски плејмејкер Шеј Гилџес-Александер, кој е двократен добитник на наградата МВП. Во разговор со новинарите на списанието „Тајм“, за време на едно интервју, тој изјави дека смета оти е најдобриот кошаркар на планетата. Тој самоуверено изјави дека е најефикасниот играч и нагласи дека неговиот тим има фантастичен сооднос на победи и порази во последните неколку години. „Мислам дека сум најдобриот играч во НБА. Сè што прикажувам секоја вечер е најдоброто што еден НБА-играч може да го понуди. Сметав дека сум најефикасниот НБА-кошаркар. А и многу придонесов за тимот да победува“, вели Шеј. Често го обвинуваат за „флопинг“ (симулирање контакт) и му велат дека „живее“ на линијата за слободни фрлања, на што тој одговара: „Кошарката ми донесе многу убави работи, и мене и на моето семејство. Ако наративот на социјалните мрежи е таков што го извлекува најлошото од мене, а се работи за слободни фрлања... тогаш би го прифатил тоа милион пати“, додаде Гилџес-Александер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter