ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
1Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
ХороскопДневен хороскоп за 14. март 2020 година Дневен хороскоп за сабота, 14. март 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку сте во тајна љубовна врска , денеска вонеа би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза. Кариера Уметниците денеска ќе бидат посебно инспирирани за големи и квалитетни дела. За сите се однесува дека треба подобра организација. Здравје и совет Обрнете внимание на соништата. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можело да дојде до искрени изливи на емоции од страна или кон личност од работното место. Другите во личниот живот ќе бидат успешни. Кариера На работното место денеска ќе ви биде пријатно. Можни за ангажмани поврзани со убавина или со уметност , односно со работи што го прават животот посреќен. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на ситници. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете расположени за шеги и забава , а ќе ви недостига јасна цел поврзана со трезвенсот и емотивност. Кариера Се чини дека колегите толку ве сакаат што се подготвени се да направат за вас. Немојте тоа да го злоупотребувате. Здравје и совет Барате пријатна диета за себе. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Засилени од претходните љубовни успеси , вашата самодоварба ќе порасне , а вие ќе тргнете во нови подвизи. Кариера Ќе се двоумите дали во нешто што е стабилно и добро да внесете малку чудни идеи , што уште не сте ги испробале. Здравје и совет Некои размислуваат за диета. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидете се понежни и поемотивни. плимата на чувства ќе направи да блескате. Кариера Во ситните деловни задачи ќе има мал хаос , што ќе треба да го надминете со добар план и подобра организација. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашиот главен адут во љубовните теми ќе биде сензуалноста и смилосот за еротика. Многумина ќе заведуваат , без оглед на резултатот. Кариера Влијанијата се многу различни. Од една страна убаво напредувате и имате поддршка од другите , а од друга , некого иритирате. Здравје и совет Ќе има мали неровози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска во личните прашања ќе успеете да ја поврзете еротиката со идеалите. Се ќе стане појасно , а вие ќе бидете помирни. Кариера Се чини како да нема ниедна нејаснотија , што сега не би можеле да ја решите.Затоа многумина ќе ве прашаат за совет. Здравје и совет Излезете им во пресрет на другите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денеска ќе се чувствувате стабилно ,а од вас ќе зрачи токлаво колилчество на самодоверба , што ќе оставате впечаток како се можете да постигнете. Кариера Кај некои ќе дојде до окрупнување на имотот или заработката што ќе ви изгледа како вистинско мало богатство. Здравје и совет Здрави сте и инвентивни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до поголема отвореност меѓу вас и саканата личност. Доколку се додворувате , ќе станете дрдорливи. Кариера Ќе анализирате можни опцииза влоувања и развој на работата врз добри финансиски темели. Здравје и совет Вашите идеи се се подобри и подобри. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот партнер денеска ќе биде особено емотивен и инспириран за љубов. Оние кои сеуште се сами, ќе ги измачува копнеж. Кариера Во соработката со другите ќе покажете исклучителна способност за дипломатија , па дури и да не ви се допаѓа. Здравје и совет Проблеми со исхраната. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето работи ќе се одвиваат според желбите на вашиот партнер , а на вас ќе остане само да ги следите. Кариера Некои ќе сонуваат за подобри деловни партнери , иако оние кои сега ги иамте не се толку лоши. Треба дас е разбудите и самите дасе уверите во тоа. Здравје и совет Разбистрете ги мислите во тишина. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ве води силна плима на чувства , ќе блескате и ќе имате потреба за љубов повеќе од порано. Ќе ви биде возвратена. Кариера Пред вас е ден одличен за секаков вид пријатни , естетски и уметнички проекти. Здравје и совет Изразете се слободно .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотСледете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од МакедонијаЕвропскиот совет за попис на птици ја претстави новата верзија на Европскиот портал за птици, преку кој во реално време може да се следи неделната распространетост на речиси 600 видови птици, колку што се среќаваат на европскиот континент. Благодарение на платформата ptici.mk што пред две години ја разви Македонското еколошко друштво (МЕД), во живо се евидентираат и набљудувањата на птици направени во нашата земја. Преку Европскиот портал на птици може лесно и да се спореди моменталната распространетост на кои било два вида птици што се среќаваат во Европа. Тука се прикажани селската ластовичка (лево) и белиот штрк (десно). Сето ова е возможно благодарение на огромниот обем на податоци што редовно ги доставуваат над 200.000 волонтери-набљудувачи на птици до различните онлајн-портали за евиденција на птици во Европа: 750 милиони записи за птици од 2010 година наваму, од кои 76 милиони само во 2026 година. Сите овие податоци автоматски и на дневна основа се доставуваат до централната база на податоци на Европскиот портал за птици, со што се овозможува секојдневно ажурирање на сите карти во алатката за преглед со најновите информации. Овој огромен проток на податоци за биолошката разновидност - најголемиот што моментално функционира во Европа со ажурирање во речиси реално време - се реализира преку Програмата „Лајф“ на Европската Унија и благодарение на тесната соработка на мрежа од 52 орнитолошки и еколошки организации од 41 различна земја. Една од нив е и Македонското еколошко друштво кое сакајќи да го поддржи растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, ја разви платформата ptici.mk во рамките на проектот „Зајакнување на Европскиот портал за птици“. Од нејзиното официјално пуштање во употреба во 2024 година до денес, на ptici.mk се внесени над 50.000 записи кои се „видливи“ и многу пошироко со оглед на тоа што платформата е целосно интегрирана во Европскиот портал на птици. „Користиме структурирани и стандардизирани протоколи за собирање податоци и унапредување на граѓанската наука без која ваквите потфати би биле невозможни. Така придонесуваме за поголема географска покриеност и подобрен квалитет на целокупните податоци за птици собрани во Југоисточна и Источна Европа. Ова е исклучително важно, бидејќи без континуирани и квалитетни податоци не може да се планира заштитата на природата, ниту соодветно да се управуваат значајните подрачја за птиците и нивните преселни патишта“, потсетува Данка Узунова, орнитолог и координаторка на проектот во МЕД. Новата алатка истовремено претставува и признание за клучната улога на илјадниците волонтери-набљудувачи на птици и покажува како ваквите поединечни локални придонеси можат да се обединат во корист на заштитата на птиците и подигнувањето на јавната свест на европско ниво, смета Габриел Гаргало од Каталoнскиот орнитолошки институт, главен координатор на европскиот проект. Токму значителните подобрувања во географскиот опфат, бројноста, квалитетот и поврзаноста на податоците во еден портал се од витално значење за правилно разбирање на сезонските обрасци на распространетост на птиците, промените во нивната бројност и следењето на популациските трендови на подолг временски рок. Собирањето на ваквите податоци е дотолку поважно имајќи предвид дека ја даваат основата на важни извештаи како што е најновиот извештај на „Брдлајф Интернешнал“. Насловен „Состојбата со птиците во светот“, тој укажува дека опаѓаат популациите на дури 41 % од птиците-преселници долж африканско-евроазискиот преселен пат, во кој влегува и Македонија. Оттука, освен што недвосмислено помагаат да се документираат и следат популациите на птици, ваквите сознанија и податоци даваат и насоки како да креираме политики и како да ги спроведуваме активностите за заштита на птиците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотОваа земја е прогласена за најдобра дестинација во светотЈапонија се најде на врвот на глобалната листа на Светскиот економски форум за развој на патувањата и туризмот, а по неа следуваат САД, Шпанија и Австрија. Што се однесува до Јапонија, во извештајот се наведува дека земјата ја проширила својата база на посетители и ги поттикнала патувањата надвор од главните туристички центри, со што го намалила ризикот од прекумерна концентрација на туристи, а истовремено пречекала рекорден број патници, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Во соопштението на Светскиот економски форум се наведува дека најновиот Индекс за развој на патувањата и туризмот покажува оти условите за патување се на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, при што 92 отсто од економиите бележат напредок во споредба со 2024 година. „Следното поглавје не се однесува само на привлекување повеќе посетители, туку ќе биде насочено кон создавање поголема вредност преку инвестирање во луѓето, инфраструктурата и посилна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, со цел туризмот да донесе трајни придобивки за заедниците, бизнисите и дестинациите“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот ЗаевГо разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС.Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче. Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница. Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07