Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
1Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател
2Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
ХороскопДневен хороскоп за 14. јуни 2019 годинаДневен хороскоп за петок , 14. јуни 2019 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално. Здравје и совет Ќе знаете да се справите со проблемите. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех. Кариера Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив. Кариера Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото. Здравје и совет Мала меланхолија. Вага 24.9.-23.10 Љубов За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро. Кариера Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат. Здравје и совет Не освојувајте по секоја цена. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската. Кариера Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план. Здравје и совет Не можете вие да одработите за другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” . Кариера Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех. Здравје и совет Прво промислете , а потоа делувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија. Здравје и совет Освежете се на чист воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата. Кариера Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи. Здравје и совет Релаксирајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи. Здравје и совет Можна е мала настинка. Овен 21.3-20.4. Љубов Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини. Кариера Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите. Здравје и совет Крајот делото го краси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат. Кариера Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став. Здравје и совет Сега живеете уредно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНиска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите. Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка. -Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски. Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг. -Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов. Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУдовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банкаСлучајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците. Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката. Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем. -Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија. И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон. Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија. Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДиего Симеоне испиша историја во шпанскиот фудбал Шпанскиот фудбалски гигант, Атлетико Мадрид го совлада Леванте со 2:0 во 11 коло од Ла Лига и привремено го презеде врвот на табелата, но натпреварот беше одбележан со историско достигнување на предводникот на популарните „јорганџии“ Диего Симеоне.Аргентинскиот стручњак ја оствари својата 344-та лигашка победа на клупата на „јорганџиите“, со што се израмни со легендарниот Луис Арагонес на врвот на вечната листа на најуспешни тренери во историјата на шпанското првенство. Атлетико триумфираше на гостински терен со головите на Алехандро Грималдо во 28-мата минута и Џулијано Симеоне во 62-рата минута. Податокот дека Симеоне стигнал до 344 победи на само 565 натпревари звучи особено импресивно, додека на Арагонес му биле потребни дури 756 натпревари за истиот учинок.Тагови: Атлетико Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter