Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
2Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
3Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
2Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
ХороскопДневен хороскоп за 14. јули 2023 годинаДневен хороскоп за петок, 14. јули 2023 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Сега сѐ е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат. Кариера Додека се одморате во мирот на својот дом , во главата си замислувате како работите на друга позиција. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики. Кариера Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните методи. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас. Кариера За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа , а другите ќе поминат вообичаен работен ден. Здравје и совет Соработувајте со другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи. Кариера Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето. Здравје и совет Поченете да спортувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди. Кариера Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен ан соработка. Здравје и совет Верувајте им на другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост. Кариера Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи . Здравје и совет Одморете си ги нозете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично , а разгледувајте ги полека. Здравје и совет Мали главоболки. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе добиете покана за излегување , каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи. Кариера Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте. Здравје и совет Преспијте пред одлуката. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било дас е решите за прошетка во двојка , можеби само на кафе со пријателите. Кариера Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат , но прво причекајте да стигнат сите информации. Здравје и совет Не се замарајте со ситни работи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не сакате да бидете здодевни , но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни. Кариера Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки. Здравје и совет Нервози и грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка . Кариера Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност , но ќе бидат необјективни во одлуките. Здравје и совет Осмислете ги прашањата пред да ги поставите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСи отстапи од протоколот поради Трамп – лично го пречека на аеродромот (ВИДЕО)Кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, по повод неговото пристигнување на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако стана шеф на државата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг им ја придава на односите со Соединетите Држави. Trump arrives in China, where he is personally welcomed by Xi Jinping. https://t.co/bTt8haeSMl — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата вообичаено не ги пречекува гостите при нивното пристигнување на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен претходно денес, беше пречекан од Цаи Ќи, шефот на кабинетот на Си – што, само по себе, се сметаше за невообичаено високо ниво на почест. Xi Jinping once again holds a welcoming ceremony for Trump as he arrives in China. https://t.co/yntHotnlWv — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Овој потег уследи по настанот од претходно оваа година, кога Трамп лично го пречека Си при неговото пристигнување во воената база „Џоинт бејс Ендрјус“ во Соединетите Држави.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисРафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисотРафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот, не можев да го кажам тоа кога играв, но сега можам. .Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал смета дека е време за темелна реформа на системот на АТП-бодови – промена која би им овозможила на играчите повеќе време за одмор и за закрепнување од повреди. Во интервју за „Асошиејтед прес“, освојувачот на 22 гренд слем титули зборуваше за сè понапорниот тениски календар, физичкиот товар врз играчите и проблемите што произлегуваат од сегашниот систем на рангирање. Неговиот предлог е прилично радикален: наместо бодовите да се пресметуваат врз основа на резултатите постигнати во претходните 12 месеци – како што е случајот сега – АТП-рангирањето би требало да ги опфаќа резултатите од последните две години. Според Надал, сегашниот систем создава дополнителен притисок врз тенисерите, бидејќи тие се обврзани да ги бранат поените освоени во текот на претходната сезона. Како резултат на тоа, играчите често се враќаат на теренот пред целосно да заздрават, плашејќи се од значителен пад на ранг-листата. „Систем за рангирање заснован на резултатите од последните две години, наместо само од една, би им дал на играчите поголема слобода за носење подобри одлуки. Исто така, доколку дојде до повреда, би имале повеќе време за закрепнување, без притоа нивната позиција на ранг-листата толку нагло да опаѓа“, објасни Надал. Шпанецот смета дека една таква промена би им помогнала на тенисерите подобро да ги планираат своите сезони и да избираат турнири, без постојано да чувствуваат обврска да настапуваат само за да ги заштитат своите поени. Поранешниот светски број еден, исто така, ја критикуваше одлуката повеќето турнири од серијата „Мастерс 1000“ да се продолжат на речиси две недели. Седум од деветте турнири во оваа категорија сега траат 12 дена, додека Монте Карло и Париз го задржаа својот традиционален еднонеделен формат. „Мислам дека продолжувањето на речиси сите турнири од серијата ’Мастерс 1000‘ на две недели беше грешка“, заклучи Надал. Неговите предлози повторно ја разгореа дебатата за тоа како да се најде рамнотежа помеѓу комерцијалниот развој на тенисот, сè понапорниот календар и здравјето на тенисерите. Сепак, засега, ова остануваат само предлози на Надал, а не најавени промени во правилата на АТП.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начиниСе размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook