Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
1Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
ХороскопДневен хороскоп за 14. јануари 2020 годинаДневен хороскоп за вториник, 14.јануари 2020 година.Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно. Кариера Добро ќе соработувате со сите , но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни. \ариера Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација.Ќе ви тргне од рака. Здравје и совет Можни се преоптоварувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор.Не изразувајте што мислите , ако тоа не можете да го промислите. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите. Здравје и совет Добро ќе маневрирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат.Тоа ќе биде напредок и благо олеснување. Кариера Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Одморете,наспијте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт , но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело. Кариера Пред вас е порака, понуда или слично , која што доаѓа од странство.Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност. Здравје и совет Засега анализирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи , доколку не предложите и некои конкретни решнија. Кариера Верувајте дека можете подобро и повеќе.Имате право , но не треба од себе да го барате неможното.И вие сте само човек. Здравје и совет Бидете пореални. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро ,а осамените заведуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефиинирани , ниту готови. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици. Лав 23.7-22.8. Љубов И да одите чекор напред па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски , уметнички и креативно подобрување на работата. Здравје и совет Имате добра форма. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања. Кариера На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале. Здравје и совет Само продолжете со зададените активности. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите , ќе се побуните , а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен. Кариера На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Имате доволно слобода , без грижа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе , а до зближувањето ве дели еден мал чекор. Кариера Ќе се ослободите од некаква нејаснотија , што ќе ја видите пред да ја забележат другите.Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите. Здравје и совет Бидете разбрани. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои се вљубени , би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом . Кариера Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата.Ќе успеете. Здравје и совет Не претерувајте со јадење и пиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат. Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки. Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува. СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат. Едниот криминалец со тапија, а другиот без. Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијатаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода. - Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МетеоОд утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дождПод влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. . Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m2. Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m2 дожд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24