ХороскопДневен хороскоп за 14. февруари 2023 година Дневен хороскоп за вторник, 14. февруари 2023 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин. Кариера Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми. Здравје и совет Погледнете добар филм и опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Овен 21.3-20.4. Љубов Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја. Кариера Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Бик 21.4- 20.5. Љубов И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови. Кариера Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Можете малку да земете пауза. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете. Кариера Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате. Здравје и совет Одете каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени, Кариера Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални. Кариера Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично. Здравје и совет Бидете упорни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете. Кариера Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување. Кариера Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат. Здравје и совет Разбудете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во ОхридПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона. Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЌе можат ли младите брачни парови полесно да доаѓаат до стан?Најмалку 20% пониска цена за становите наменети за млади брачни парови до 35 години, но попустот нема да се пресметува според цената што инвеститорот ја бара во моментот, туку според просечната цена на продадените станови во претходната година. Ова дополнително го појасни премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера ги најави новите мерки за полесно решавање на станбеното прашање на младите, меѓу кои и обврската градежните компании да издвојат најмалку 10% од станбената површина во новите објекти за млади брачни двојки. Мицкоски вели дека со законски решенија и подзаконски акти ќе се спречат можните злоупотреби, а најави и горна граница за цените на комерцијално продаваните станови. -Оваа цена која што ќе биде понудена на брачни парови до 35 години ќе биде за 20% минимум, за 20% пониска од цената за катастарската општина просечна во претходната календарска година. И тука ќе нема можност за артифициелно или вештачко зголемување на цената на квадратот. Значи силингот, односно плафонот ни е јасен и врз основа на тој плафон за младите брачни парови, односно брачните парови до 35 години, ќе ја добијат цената за таа катастарска општина.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Освен оваа мерка, Мицкоски најави и ослободување од комуналии за градење на куќа за младите – мерка која според градежниците побрзо и поедноставно би се спровела. Од здружението за градежништво при стопанската комора ја поздравуваат иницијативата на Владата, но сметаат дека треба поширока дискусија и консултации со инвеститорите и бизнис-заедницата. - Овие исклучувања тврдам дека нема да имаат никаква улога ниту импакт врз цената на становите во иднина, затоа што се работи за иницијативи за помош на млади брачни парови, кои што треба заедно со бизнис-заедницата да бидат усогласени во едно решение кое што ќе значи помош. Тоа е субвенција врз база на која младите би добиле станбени единици. - Андреја Серафимовски – претседател на здружение за градежништво при стопанска комора Од опозициската СДСМ пак, во соопштние оценија дека одлуката била дискриминаторска, дополнително, обинуваат дека Владата ги копирала политиките на поранешниот претседател на Србија Вучиќ. Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ? – соопштија од СДСМ Иако слична поддршка за младите при купување прв дом во Србија се спроведува од март минатата година, сепак моделот е поразличен. Таму, лицата од 20 до 35 години без разлика на нивниот брачен статус, можат да добијат станбен кредит со минимално учество од 1%, при што државата гарантира дел од кредитот и субвенционира дел од каматата во првите шест години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе областиГрчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на земјава во повеќе области и јавно му честиташе на македонскиот министер Тимчо муцунски.Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на земјава во повеќе области и јавно му честиташе на македонскиот министер Тимчо муцунски, во обраќањето на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ што се одржува во Атина. По него, двајцата министри попладнево имаа и билатерна средба. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter