Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ХороскопДневен хороскоп за 14. февруари 2021 година Дневен хороскоп за недела, 14. февруари 2021 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски. Кариера На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Здравје и совет Ќе бидете весели. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Цврсто стоите на земја. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Кариера Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци. Здравје и совет Успешно се справувате со уморот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни. Кариера Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Здравје и совет Ќе се засили вашата смисла за хумор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво. Кариера Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате. Здравје и совет Немате смисол за хиерархија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Кариера Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Здравје и совет Стабилни сте и цврсти. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе. Кариера Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска. Кариера Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано. Здравје и совет Поминете го слободното време со пријателите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака. Кариера Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку. Кариера Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро. Здравје и совет Пад на имунитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп, сепак, нема да помогнеЗа време на телефонски разговор со јеменскиот претседател Рашад ал-Алими, американскиот претседател Доналд Трамп не дал директно ветување за американска воена поддршка во борбата против Хутите, потврдија денес за Ројтерс повеќе независни извори.Еден јеменски и еден западен извор наведоа дека Алими побарал американска поддршка за својата влада – која е поддржана од Саудиска Арабија – во борбата против Хутите, кои зазедоа клучни области долж теснецот Баб ел-Мандеб за време на офанзивата овој месец. Трамп претходно изјави дека САД се во контакт со Хутите и дека групата сигнализирала оти нема да ги напаѓа американските бродови. Тој, исто така, ги одби барањата на Саудиска Арабија за воена поддршка против Хутите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
СветОдговор од Москва за Марин Ле Пен (ВИДЕО)Русија не претставува закана за Франција или за која било друга европска земја, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, отфрлајќи ги тврдењата на раководството на партијата „Национален собир“.Песков наведе дека Москва не ги прифаќа таквите критики. „Не се согласуваме со таа изјава. Русија не ѝ се заканува на Франција ниту на која било друга земја во Европа. Претседателот Путин тоа го има нагласено повеќепати. Немаме спорови со европските држави што би можеле да доведат до сериозни несогласувања“, рече Песков. „Според тоа, Русија апсолутно не претставува закана; таа никого не заплашува ниту уценува. Затоа, категорично не се согласуваме со таквите изјави. Не ги прифаќаме“, додаде тој. Kremlin: Russia does not threaten France or any other state in Europe. President Putin has said this repeatedly. We have no disputes with any European states that could be the reason for any serious disagreements. Therefore, Russia does not represent any threat, and Russia… pic.twitter.com/dp9PLyAf6c — Clash Report (@clashreport) September 21, 2026 Во заедничката изјава објавена за време на викендот, претседателската кандидатка Марин Ле Пен и претседателот на партијата, Жордан Бардела, изјавија дека „никогаш нема да толерираат странска сила – во овој случај Русија – да се обидува да ја диктира политиката на нашата земја, директно или индиректно, преку заплашување, закани, дестабилизација или психолошки притисок“. Ова претставува промена во однос на претходниот, поблаг став на партијата кон Москва. Извор: Б92Тагови: Марин Ле Пен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУбил три девојчиња во Саутпорт, истурил врела вода врз затворски чуварАксел Рудакубана, осуден за убиство на три девојчиња и обид за убиство на уште десет лица во Саутпорт, е обвинет за нови напади извршени додека бил во затвор.Тој се товари дека истурил врела вода измешана со шеќер врз чувар во затворот „Белмарш“ и дека нападнал друг службеник, пренесува „Скај њуз“. Пред Судот за прекршоци во Вестминстер денеска беше изнесено дека на 8 мај минатата година, Рудакубана истурил врела течност врз затворски чувар низ отворот на вратата од својата ќелија. Брзата медицинска интервенција спречила трајни повреди. Обвинителката Кетрин Патисон изјави дека, неколку дена претходно, Рудакубана ѝ се заканил на една чуварка, велејќи дека ќе ја „полие“ доколку не му донесе весник. Подоцна тој истурил непозната течност врз неа, иако тоа не предизвикало повреди. Обвинителите исто така го товарат дека удрил чувар на 28 октомври 2025 година. Инцидентот се случил кога службеникот го запрел додека се обидувал да ја избегне контролата за земање лекови. Патисон додаде дека во јуни минатата година, во ќелијата на Рудакубана биле пронајдени наострени парчиња камен, заглавени под една полица. Се верува дека тој ги извадил од подот. Кога чувар го прашал за тоа, Рудакубана рекол дека ги чува за самоодбрана. По нападот со врела вода, тој тврдел дека чуварите му ја трујат храната. Рудакубана е обвинет за обид за нанесување тешка телесна повреда, напад врз службено лице и поседување оружје во затворот. Тој е задржан во притвор и треба да се појави пред судот „Олд Бејли“ на 19 октомври. Дваесетгодишниот Рудакубана издржува доживотна казна затвор за убиствата на деветгодишната Алис да Силва Агијар, шестгодишната Бебе Кинг и седумгодишната Елси Дот Станкомб. Тој исто така беше осуден за обид за убиство на уште осум деца и двајца возрасни. Нападот се случи на 29 јули 2024 година, за време на час по танц со музика на Тејлор Свифт. Тој беше префрлен во болница. Во јули оваа година, Министерството за правда потврди дека Рудакубана е префрлен од затворот со високо обезбедување „Белмарш“ во психијатриската болница „Бродмур“. Болницата, која се наоѓа во Беркшир, е најстарата од трите британски психијатриски установи со високо обезбедување. Во неа биле сместени некои од најозлогласените криминалци, како што се Рони Креј и серискиот убиец Питер Сатклиф. Согласно Законот за ментално здравје, одлуките за префрлање на затвореник во установа со високо обезбедување ги носат службени лица кои постапуваат во име на министерот за правда, врз основа на стручно медицинско мислење. Извор: Индекс.хрТагови: напад убиства Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter