Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
1Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
2Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
2Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
2Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ХороскопДневен хороскоп за 14. февруари 2020 година Дневен хороскоп за петок, 14. февруари 2020 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаваријаВладата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“.Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, Владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата. Оваа мерка се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, при што приоритет останува заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непречено продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите. Надлежните служби интензивно работат на санација на последиците и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчини по победата над Турција: Вистинскиот одговорИталијанската фудбалска репрезентација предводена од Роберто Манчини им ги врати насмевките на лицата на фановите со убедлива победа од 4:1 над Турција во Бурса. По ремито без голови против Белгија, „Аѕурите“ одиграа многу подобро, особено во нападот. Манчини не сакаше да издвојува поединци, туку одлучи да го пофали целиот тим. „Сакам да зборувам само за тимот, бидејќи сите одиграа одличен натпревар денес. Беше тежок меч, но му пристапивме на вистински начин; игравме со висока линија и бевме агресивни во текот на целиот натпревар“, изјави Манчини. Сега за Италија претстои голем предизвик – натпреварот против Франција во Париз. Иако домаќините ќе бидат без Килијан Мбапе, Манчини смета дека Франција останува главен фаворит за освојување на првото место во групата. „Ќе се обидеме да се опоравиме и да бидеме подготвени за натпреварот во Париз. Сепак, оптимист сум. Имаме многу млади и посвежи играчи кои можат да ни помогнат“, изјави селекторот на Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБлокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијатаФранцуските средношколци продолжуваат со блокирање на училиштата барајќи подобри услови за образование.Протестите ескалираа во судири со полицијата, при што учениците палеа канти за отпадоци и фрлаа разни предмети кон полицајците. Демонстрациите пред средните училишта траат уште од минатата недела. Учениците се незадоволни од пренатрупаните распореди, преголемите паралелки и недостигот на наставници, пренесува „Еуроњуз“. Проблем претставуваат и прегреаните училници по неодамнешните топлотни бранови. Движењето започна во регионот Ил-де-Франс (областа околу Париз), каде што образовните власти забележаа блокади во околу десетина училишта. Оттогаш, протестите се проширија и во други градови низ земјата. Судири низ Франција Во Лил, во северна Франција, маскирани ученици се собраа пред средното училиште „Сезар Баџо“. Според фотограф на АФП, тие запалиле канти за отпадоци и уништиле автобуски постојки и билборди. Фрлале шишиња, калдрма и други предмети кон полицијата, која возвратила со солзавец. 🇫🇷 French high schools blocked as student protests escalate, security forces deployed 💢 Schools in Paris, Saint-Denis, Grenoble and Lille among those affected as students protest overcrowded classes and teacher shortages 🚨 Police fire tear gas at students in southern France… pic.twitter.com/BJjfMFny9x — Anadolu English (@anadoluagency) September 29, 2026 Во Нант, на западот од земјата, тинејџери го блокирале влезот на училиштето „Габриел Гист'о“ користејќи десетици канти за отпадоци. Тензично беше и пред училиштето „Араго“ во Париз, каде што околу триесет ученици се соочија со полициски кордон. Слични акции беа пријавени во Марсеј, Бордо и Лион. Околу осумдесет ученици се собраа пред училиштето „Ламартин“ во Париз. Тие носеа транспаренти со натписи: „повеќе часови на настава отколку спиење“ и „од 8 наутро до 6 попладне – дали сме ученици или затвореници?“. Немири избија и во Рен, пред најголемото средно училиште во Бретања, „Брекињи“, каде што околу стотина ученици фрлаа разни предмети кон зградата. Политички реакции и поширок контекст Ученичките протести се одвиваат во време кога синдикатите организираат национални демонстрации и штрајкови против буџетот предложен од владата на премиерот Себастиен Лекорну, близок соработник на претседателот Емануел Макрон. 🇫🇷 🪧 French high-schoolers formed blockades outside their #schools in Paris and across the country on Tuesday, demanding better conditions and more resources for their educators and themselves ahead of a crucial presidential election. This coincides with a nationwide strike by… pic.twitter.com/Y2i4pofB8O — FRANCE 24 English (@France24_en) September 29, 2026 Се очекува десетици илјади луѓе да се соберат во Париз и во други градови. Наставниците и пожарникарите штрајкуваат низ целата земја, иако јавниот превоз моментално функционира без поголеми прекини. „Гневот е огромен. Ја предупредувам владата дека мора да ги слушне барањата и да го ревидира нацрт-буџетот. Тоа е опасно за земјата и нè води директно кон рецесија со брзина од 200 километри на час“, изјави за „BFM TV“ Софи Бине, лидерката на синдикатот „CGT“. Една 17-годишна ученичка од гимназијата „Ламартин“, која сакаше да остане анонимна, изјави дека се фрустрирани поради недостигот на ресурси, условите во училниците и пренатрупаните распореди. „Тука сме и за да ги поддржиме нашите наставници, кои работат исклучително напорно за платата што ја добиваат“, изјави таа за „AFP“. Премиерот Лекорну вчера изјави дека каква било ескалација на протестите во училиштата би била неодговорна. Тој остро ја критикуваше радикално левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI) за поттикнување немири. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека вчера биле уапсени 164 лица и дека протестите опфатиле 180 училишта. „Нема да толерираме неред“, додаде тој. Un blocage scolaire ne devrait pas dégénérer en affrontements physiques. Si ces images sont authentiques, la réaction de la police exige des explications. #France #Lycées pic.twitter.com/5euGJv6J3P — Chloe Dubios 🇫🇷 (@ChloeDubiosl) September 29, 2026 Во сиромашното париско предградие Сен-Сен-Дени, градоначалникот од редовите на „LFI“, Бали Багајоко, им се придружи на стотици ученици на протестот пред гимназијата „Пол Елијар“. Тој ги предводеше учениците во пеењето на „Марсејезата“ и ги опиша протестите како целосно легитимни. Тој предупреди дека посиромашните области добиваат значително помалку средства од побогатите. Извор: Индекс.хрТагови: блокадите Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook