Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот „Добар ден и од мене.
ЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
1Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот „Добар ден и од мене.
2ЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
2Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
ХороскопДневен хороскоп за 14. декември 2021 година Дневен хороскоп за вторник, 14. декември 2021 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни. Кариера Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат. Здравје Јадете здрава храна . Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе. Кариера Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови. Здравје Терапиите се ефективни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви. Кариера Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им. Здравје Помалку јадете , повеќе спортувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни. Кариера Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас. Здравје Нема пречки пред вас. Овен 21.3-20.4. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки. Кариера Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето. Здравје Не се откажувајте од вашата цел. Бик 21.4- 20.5. Љубов Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности. Кариера Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено. Здравје Делата се посилни од зборовите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи. Кариера Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се сопгласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво. Здравје Бидете пообјективни. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција. Кариера На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт. Здравје Одете на сонце и на свеж воздух. Лав 23.7-22.8. Љубов Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа. Кариера Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите. Здравје Не брзајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската. Кариера Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата. Здравје Можна е минлива главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите. Кариера Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги. Здравје Зајакнете се со прошетка на свеж воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре. Кариера Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека. Здравје Осмислете пријатен ден за себеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот „Добар ден и од мене.Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци. Во своето обраќање македонскиот премиер истакна: -Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да обезбедиме токму овде за жителите во Општина Кавадарци, за нивната посветена тимска работа бидејќи само така можеме да реализираме проект повеќе и да направиме нешто за граѓаните, нешто што претставува наша главна цел и задача практично како политичари. Да се заблагодарам на министерот за спорт, на колегите од Владата коишто посветено работиме да оној проект којшто го почнавме пред нешто повеќе од две години кога бевме избрани како Влада, а тоа е реалокација на средства од централниот буџет кон општините биде вака успешен како што е денес. Зборуваме за повеќе од 1.200 проекти, преку 1.200 градилишта на целата територија на државата нешто што е незапаметено во независна Македонија, така што успешноста се мери со економските параметри и ние планираме да продолжиме и во годините коишто следат на овој начин да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните. Уште еднашка нека е со среќа почетокот на изградбата на овој објект и отприлика како што ми кажа градоначалникот за година дена да се собереме повторно овде и да го пуштиме во употреба истиот.“Тагови: Митко Јанчев Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границитеГолем дипломатски успех во Виена: На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границитеЛиберално-демократската партија (ЛДП) оствари огромна дипломатска победа на меѓународна сцена во директна заштита на достоинството на македонските граѓани и нивната европска иднина. На овогодинешниот Конгрес на партијата АЛДЕ, кој викендов се одржува во Виена (3-5 јули 2026), со огромно мнозинство беше усвоена Итната резолуција за визионерско проширување на ЕУ и достоинство на границите. Овој стратешки важен документ беше поднесен од страна на ЛДП, предводејќи ги сестринските партии од Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕН), со што уште еднаш се докажа моќта на либералното сојузништво кога се во прашање државните интереси. Македонската делегација во Виена ја предводеше претседателката на ЛДП и актуелна претседателка на ЛИБСЕН, Моника Зајкова, заедно со меѓународниот секретар и член на Извршниот одбор на партијата, Емир Ќориќ. Преку силна лоби-акција и координација со европските партнери, ЛДП успеа да ги наметне реалните проблеми на македонските граѓани како врвен приоритет на европското либерално семејство. Клучниот аспект на оваа резолуција е директниот напад врз понижувачкиот третман што македонските граѓани го доживуваат на границите со Европската Унија, со посебен акцент на т.н. Систем за влез/излез (EES). Во текстот на резолуцијата, европските либерали изразија длабока загриженост поради фактот што овој систем неправедно ги третира земјите-кандидати како обични „трети земји“, што резултира со недозволиви административни тесни грла, деградација и сцени на границите кои сериозно го нарушуваат човековото достоинство. АЛДЕ упати итен повик до институциите на ЕУ и земјите-членки за итна реформа на овие протоколи, со цел да се заштити прекуграничната економија и да се врати европската солидарност на дело. Истовремено, со оваа резолуција се бара децидно и итно прекинување на практиката на билатерализација на пристапниот процес. Европските либерали испратија кристално јасна порака дека не смее да се дозволи ниту една земја-членка да го злоупотребува правото на вето за билатерални спорови и прашања базирани на историја, кои со години неправедно го кочат македонскиот напредок. Наместо тоа, се бара брза транзиција кон гласање со квалификувано мнозинство (QMV) за сите меѓучекори во интеграцијата, што ќе обезбеди предвидлив процес заснован исклучиво на реални заслуги и исполнети критериуми. Резолуцијата исто така јасно дефинира дека фазната интеграција и пристапот до Единствениот пазар мора да бидат исклучиво во корист на граѓаните и бизнисите, со цел забрзување на патот кон полноправно членство во ЕУ, а не создавање на европски граѓани од втор ред. Изјава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и ЛИБСЕН: „Додека на домашната сцена се води празна реторика и се троши драгоцено време на дневен популизам, ЛДП испорачува реални и опипливи резултати таму каде што се носат клучните одлуки за иднината на Македонија. Со оваа победа во Виена, извојувана заедно со нашите сестрински либерални партии, испративме силна и обединета порака од срцето на Европа: за либералите Македонија мора да напредува кон ЕУ со крената глава, без уцени и историски кочници, а малтретирањето на нашите граѓани по границите мора веднаш да престане. Човековото достоинство нема цена и ЛДП нема да отстапи од неговата заштита. Либерално-демократската партија продолжува да биде најсилниот и најефикасниот мост на Македонија кон развиениот демократски свет, борејќи се со аргументи и конкретни дела за достоинството на секој македонски граѓанин.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалL'Equipe: Судијата го упропасти натпреварот, заслужи чиста единицаФранција го победи Парагвај со 1–0 во натпревар од осминафиналето на Светското првенство, одигран на екстремна жештина со температури што надминуваа 40 степени. Јужноамериканската екипа долго време им одолеваше на нападите на актуелните вицешампиони на светот, но Французите на крајот ја обезбедија победата благодарение на голот од пенал на Килијан Мбапе во 70-тата минута. Парагвајците играа поагресивно од Французите во текот на целиот натпревар. Направија 13 прекршоци, а не добија ниту еден картон. Узбечкиот судија Илгиз Танташев ја доби најлошата можна оценка од престижниот француски весник „Л'Екип“ – единица. „Тој го уништи натпреварот. Не покажа ниту еден жолт картон за парагвајските играчи“, се наведува во написот на „Л'Екип“. Кој е Илгиз Танташев? Илгиз Танташев е 41-годишен узбечки судија кој е на листата на ФИФА од 2013 година. Во 2021 година ја доби наградата за најдобар судија во Узбекистан. Има судено најмногу натпревари во Азија, на турнири како што се Азискиот куп, Индиската лига и Саудиската лига. Тој судеше и на Олимписките игри во 2024 година. Судењето на Светското првенство претставува најголемо достигнување во неговата кариера. Натпреварот меѓу Парагвај и Франција е негов трет на ова првенство. Претходно, во групната фаза, судеше на натпреварите меѓу Шкотска и Мароко (0:1) и меѓу Алжир и Австрија (3:3).Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook