ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 14. август 2019 година Дневен хороскоп за среда , 14. август 2019 година.Лав 23.7-22.8. Љубов Нема да дозволите да ве збуни провокацијата од другата страна. напротив , тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зајакнете врската. Кариера Ќе ви биде потребна добра доза на самоконтрола за да се воздржите од искушението да се откажете од некои за вас важни деловни планови. Здравје и совет Немојте да се предавате . Девица 23.8.-23.9. Љубов Изразувањето на лично незадоволство не е начин за да ги подобрите личните односи , доколку во исто време не предлагате некои конкретни решенија. Кариера На некои ќе им изгледа како да им е се однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Поработете на себеси. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете заинтригирани од една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Зацртајте го оној минимум што треба професионално да го изработите и држете се до тоа. Се што е повеќе , ќе биде добивка. Здравје и совет Можете да ги средите недоразбирањата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои можеби се цел на различни додворувачи , денеска ќе бидат лесно подложни на нивното влијание. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Добро ќе соработувате со сите, а најдобро со младите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање. Здравје и совет Дишете со полни гради. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска се ќе ви оди како забава. Можно е излегување и лудо забавување без емоционално влијание. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само доколку постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Продолжете со истражувањето на методите за здрав живот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве измачува. Тоа ќе биде позитивно поместување и благо олеснување. Кариера Ќе чувствувате силна желба и потреба за да ги презентирате своите способности , но сеуште нема да добиете шанса. Почекајте. Здравје и совет Продолжете со грижата за вашето здравје. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Доколку нешто ве измачуваше , денеска ќе се соочите со тоа на вистински начин. Можеби енма да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Пред вас се нови можности , но пред да се впуштите во новата работа, ќе треба да решите една што ви е заостаната. Здравје и совет Ќе го надминете малиот стрес. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе ве покани да излезете , па дури и да отидете на полудневен излет. Доколку прифатите, ќе си поминете одлично. Кариера Ќе согледате повеќе од другите , но моментално нема да можете многу да направите за да ја смените состојбата. Здравје и совет Зголемување на општата виталност. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно и денеска ќе уживате во друштвото на личноста која ја сакате или ќе се трудите да освоите некој кој ви се допаѓа. Кариера Сеуште не сте навикнати дека пшречките се урнати , па цело време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите. Здравје и совет Не коментирајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Било да сте млади или стари . ќе бидете несигурни со низа љубовни прашања за целта на заедничката врска. Од вас се бара поголема толеранција. Кариера Треба малку повеќе да се поработи , а сеуште не сте прилагодени кон новото темпо , па ќе бидете незадоволни. Стиснете заби , организирајте се и работете. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои ќе се подготвуваат за важни зборови и во главата ќе кројат важен говор. Не изразувајте го она што го мислите , почекајте. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место , зашто не само што имаат убава работа, туку и односите со колегите се подобрени. Здравје и совет Никогаш не е доцна за добра мисла. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се двоумите околу тоа колку да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка. Сетете се на своите задачи и кон што тежнеете. Кариера На дневен ред ќе се најдат морални , правни и организациски дилеми. Вие сето тоа ќе мора да почнете да го решавате. Здравје и совет Размислувајте шетајќи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook