ХороскопДневен хороскоп за 14. април 2025 годинаДневен хороскоп за понеделник, 14. април 2025 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче пронајде нов начин да го зајакне идентитетот, ќе го продадеВенко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ.Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското МНР. Тој вели дека идентитетот би се зајакнал ако Македонија ги внесе Бугарите во Уставот, и тврди дека не бил загрозен на тој начин, иако Бугарија не го испорачува својот дел од обврските. Ја обвинуваше својата држава дека создавала вештачки конфликти со соседите. Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото. По стапките на Заев, подготвени се и СДС и Филипче на нова национална отстапка, само за да успеат да се додворат на Радев, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт, затоа што народот веќе се има изјаснето дека нема да ги гласа. Притоа, СДС и Филипче како опозиција се целосно отсутни, бојкотираат работни групи, одбиваат дијалог, и не признаваат ништо што Владата направила и што е добро за граѓаните. Нивната цел и стратегија се сведува само да се вратат на власт, без разлика по која цена и преку какви компромиси. СДС и Венко Филипче сметаат дека не се тие криви за ваквите политики на распродажба, на редефинирање на историјата, туку народот е крив оти не ги гласа. Комплетно ја обезличија Македонија додека беа на власт, ја испразнија државната каса, а државата исто така ја опустошија. И сега сакаат народот пак да им верува и да ги гласа по сите предавства што ги направија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
МакедонијаКонференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во СкопјеВо Скопје се одржува конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со поддршка на проект на ЕУ за владеење на правото. Учествуваат претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и виши окружни судии на САД , претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека целта е да се дискутира како да се подобри судската власт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 2 години Влада: Од 1198, резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА!Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови.Анализата на програмата „Платформа #1198“ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети. Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни. Ветуваа пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, инфлацијата е 4,8% двојно повисока од просекот во Европа. Ветуваа повеќе странски инвестиции, а странските инвестиции паднаа за речиси две третини. Ветуваа нови работни места и повисоки плати, а граѓаните се соочуваат со зголемена сиромаштија од 22% и намалена куповна моќ. Ветуваа намалување на задолжувањето а ги зголемија долговите за 2,5 милјарди евра. Ветуваа поддршка за земјоделците од 180 милиони евра, а субвенциите ги намалија за 40 милиони евра. Намалени субвенции, намален откуп, неизвесен пласман и целосно отсуство на системска грижа. Ветуваа мерки за младите да не се иселуваат, ништо не направија. Ветуваа искоренување на корупцијата и правда за сите, а јавноста е сведок на тендерски скандали тешки над 150 милиони евра, партизација на институциите, контрола на правосудството. Ветуваа напредок кон Европската Унија и реформи, а Македонија денес е со блокиран европски пат. Нема реформи, нема резултати, нема напредок, има само изолација. Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА! Нула во реформите. Нула во подобрувањето на животниот стандард. Нула во зголемувањето на платите. Нула во мерките за младите. Нула во поддршка за земјоделците. Нула во европскиот пат. Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook