ХороскопДневен хороскоп за 14. април 2024 година дневен хороскоп за недела, 14. април 2024 година.Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил. Кариера Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие? Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Бик 21.4- 20.5. Љубов рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези. Кариера Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт. Здравје и совет Обидете се да се однесувате позрело. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е. Кариера Ќер бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите. Здравје и совет Несоница. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија. Кариера Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас. Здравје и совет Бидете реални во своите проценки. Лав 23.7-22.8. Љубов Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца. Кариера Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи. Здравје и совет Следува нов козметички третман. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се. Кариера Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени. Здравје и совет Ќе се чувствувате како риба во море. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат. Кариера Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени. Кариера Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно. Кариера Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате. Здравје и совет Послушајте ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло. Кариера Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу. Кариера Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат. Здравје и совет Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас. Кариера Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија. Здравје и совет Некои делуваат прикриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БизарноНеверојатна глетка во Кина: Удари на силен ветер создадоа замрзнати бранови на езерото Хулун (ВИДЕО)Со постепеното опаѓање на температурата, езерото Хулун во Внатрешна Монголија, во северна Кина, полека влегува во фаза на замрзнување.Меѓутоа, наместо мирна, рамна површина, се појавува прекрасна сцена. Силни налети на ветер се движат и натрупуваат слоеви мраз, кои се преклопуваат еден со друг и формираат необични „ледени бранови“. Тие се протегаат во неправилни редови на огромна површина, создавајќи впечаток дека замрзнатата вода се претворила во брановидно море, објавува „la Repubblica“. Спектакуларните снимки го покажуваат овој необичен феномен, карактеристичен за северните езера на почетокот на зимата, додека ледените плочи се судираат, се движат и се натрупуваат под влијание на ветерот. Ваквите форми се формираат додека мразот е сè уште тенок и кршлив - ветерот ги поместува скршените плочи, туркајќи ги еден врз друг и натрупувајќи ги, а ниските температури потоа повторно ги поврзуваат во нерамна ледена површина. View this post on Instagram A post shared by La Stampa (@la_stampa) Хулун е петтото најголемо езеро во Кина и најголемото во Внатрешна Монголија. Долго е околу 93 километри, а во текот на зимата е претежно покриено со мраз - од ноември до март.Тагови: бранови езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПочна судењето на Гркинката која уби три бебиња- донесена е во судот под силно обезбедување (ВИДЕО)Судењето на Ирина Мурцук, која се соочува со многу сериозни обвиненија за смртта на три бебиња, како и за обид за убиство, започна пред судот во Патра со силно полициско присуство.Од раните утрински часови, силни полициски сили се распоредени и во и околу судот во Патра. Преземени се зголемени безбедносни мерки за да се обезбеди непречено одвивање на судските постапки и да се спречат какви било инциденти. Присуството на полицијата е особено изразено бидејќи за време на претходните транспорти на 26-годишната до судот во Патра, собраните граѓани гласно протестираа, и при нејзиното пристигнување и при заминување, пишува Прототема. Пред судот, граѓаните дури и истакнаа транспарент посветен на бебињата кои, како што изјавија, неправедно ги загубија своите животи. Обвинетата е во притворската единица во Патра од четврток, 5 ноември, откако беше префрлена од затворот Елеонас во Тива, каде што беше притворена. 🚨 Ξεκινά σήμερα Παρασκευή (6/11) στο Μικτό Ορκωτό Δικαστήριο Πάτρας η πολύκροτη δίκη της 26χρονης Ειρήνης Μουρτζούκου. 🚔 Η κατηγορούμενη μεταφέρθηκε στο δικαστικό μέγαρο υπό δρακόντεια μέτρα ασφαλείας της ΕΛ.ΑΣ., αντιμετωπίζοντας τις βαρύτατες κατηγορίες της ανθρωποκτονίας από πρόθεση κατά συρροή σε ήρεμη ψυχική κατάσταση, καθώς και της απόπειρας ανθρωποκτονίας. 👶 ⚡️ Οι κατηγορίες αφορούν την αφαίρεση της ζωής των δύο δικών της βρεφών, καθώς και ενός ακόμη βρέφους. 📌 Σημειώνεται ότι η υπόθεση του μικρού Παναγιώτη παραμένει σε ξεχωριστή δικαστική διερεύνηση. 🎥 Orange Press Agency #parapolitikagr #ΕιρήνηΜουρτζούκου #Δίκη — Parapolitika (@parapolitika) November 6, 2026 Обвинение Според обвинението, 26-годишната жена е обвинета за повеќекратни обвиненија за убиство со умисла извршено додека била во состојба на мир, како и за обид за убиство. Првиот случај се однесува на инцидент за кој се сомнева дека се случил на Божиќ 2020 година, кога, според обвиненијата, таа се обидела да го одземе животот на својот тогашен партнер. Потоа, во обвинението се наведува смртта на шестмесечно бебе на 4 февруари 2021 година, кое било дете на нејзина пријателка. Две обвиненија поврзани со нејзините деца се особено сериозни. Имено, на 19 јуни 2022 година починала нејзината прва ќерка, на возраст од само 19 дена, додека на 17 октомври 2023 година починала и нејзината втора ќерка, на возраст од два месеци. Στο εδώλιο η Ειρήνη Μουρτζούκου – Δικάζεται στην Πάτρα για τον θάνατο τριών βρεφών https://t.co/4EFemLHVTz https://t.co/pRfftL2c0Z — npress.gr (@Npressgr) November 6, 2026 Се изјасни за виновна Според судските записи, Ирина Мурцук се изјасни за виновна во врска со овие случаи, додека судот треба да ги разгледа извештаите од вештачења, форензичките наоди и изјавите на сведоците, според Newsbeast. Во исто време, кривичната истрага за смртта на малиот Панајотис во Амалијада е сè уште во полн ек како посебен судски случај и не е вклучена во денешното судење. Силни полициски сили беа распоредени за да ја придружуваат обвинетата до и од судницата, како во судницата, така и во околните улици.Тагови: бебиња судењето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај!Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска! Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме! Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас. Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите - така се гради пријателство што остава трага. Од срце им благодарам на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот. Заедно испишуваме уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела! Скопје се сака со дела! , објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00