3 Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
ХороскопДневен хороскоп за 14. април 2021 година Дневен хороскоп за среда, 14. април 2021 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата. Кариера Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате. Здравје и совет Едноставно издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите. Кариера Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас. Здравје и совет Носете заклучоци во тишина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството. Кариера Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание. Здравје и совет Помагајте им на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство. Кариера Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации. Здравје и совет Подобро е да верувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет. Кариера Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце. Кариера Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат. Здравје и совет Најдете златна средина. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично. Здравје и совет Покажете ја својата ведра страна. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате. Кариера Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите. Здравје и совет Вие знате како да постапите со секого. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства. Кариера Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки. Здравје и совет Бидете тактични. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност. Кариера Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери. Кариера И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот. Здравје и совет Бидете професионални. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате. Кариера Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции. Здравје и совет Емотивни фрустрации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДенеска се празнува Мала Богородица: Еве каква ќе биде есента ако на овој ден осамне облачно утроДенеска, 21 септември, православна црква и верниците ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој се поврзуваат бројни обичаи и верувања.Денеска, 21 септември, православните верници ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој во македонската народна традиција се поврзуваат бројни обичаи и верувања. Едно од нив е особено интересно во овој период од годината – се верува дека времето на Мала Богородица може да навести какви ќе бидат есента и зимата. А денешниот ден во Македонија осамна облачно. Утрото го пречекавме под облаци, додека во текот на денот се очекуваат периоди на разведрување и појава на сончеви интервали. Токму поради тоа, ако се водиме според старото народно толкување, денешниот празник Мала Богородица би можел да се опише како своевидна „мешавина од знаци“. Не нè пречека целосно ведро и сончево утро, но облачноста не значи дека целиот ден ќе остане под облаци. Есента и зимата, фигуративно кажано, денеска „испраќаат порака“ – облачното утро според народното верување може да најави порано заладување, додека разведрувањето и сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за верување дека нè очекуваат и уште многу убави и благи денови. Што вели народното верување? Според едно од распространетите народни верувања, доколку на Мала Богородица е ведро, сончево и без облаци во поголемиот дел од денот, претстојната есен и зима би требало да бидат благи, без многу студени денови. Спротивно на тоа, облачното време на овој празник во народната традиција се толкувало како најава за постуден период. Во некои народни преданија се наведува дека особено се набљудувала промената на времето во текот на самиот ден, па смената на облаци и сонце можела да се толкува како најава за променлива есен. Во минатото, кога немало современи временски прогнози, луѓето внимателно го следеле однесувањето на облаците, ветерот, температурата, животните и растенијата и врз основа на искуството создавале изреки и правила кои се пренесувале од генерација на генерација. Мала Богородица била важен пресврт во годината Не е случајно што токму со овој празник се поврзуваат толку многу верувања за времето. Мала Богородица се одбележува во периодот кога летото дефинитивно се приближува кон својот крај, а природата влегува во есен. Во традиционалниот живот во Македонија, овој празник имал и практично значење – се поврзувал со почетокот на есенските земјоделски работи, орањето и сеидбата на озимите култури, а периодот околу Мала Богородица бил поврзан и со почетокот на есенските свадби. Затоа, некогаш погледот кон небото на овој ден се сфаќал многу посериозно отколку денес. Времето не било само прашање дали денот ќе биде пријатен за прошетка или работа – од него зависеле земјоделските активности, приносот и подготовката на домаќинствата за постудениот дел од годината. А според денешното небо, по облачното утро, сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за различни толкувања. Ако се протолкува во духот на старото народно верување, есента би можела да биде променлива – со први постудени периоди, но и со доволно сончеви и топли денови.Тагови: Мала Богородица православен календар празник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
СветПартијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума Тродневното гласање на изборите за деветтиот состав на руската Државна дума заврши со затворањето на избирачките места во најзападниот регион на Русија, Калининградската област.Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на Русија, пренесе „Спутник“. На второто место се најде Комунистичката партија на Русија со 13,80 отсто од гласовите. „Единствена Русија“, чиј претседател е Дмитриј Медведев, долго време го поддржува актуелниот претседател Владимир Путин. На третото и четвртото место се „Нови луѓе“ со 7,96 отсто од гласовите, односно „Праведна Русија“ со 5,16 отсто. Според податоците од 20:55 часот по московско време, прелиминарната излезност на изборите за Државната дума до крајот на гласањето изнесуваше 56,66 отсто. Последниот ден од гласањето, како и претходните два, започна на Далечниот Исток и постепено се поместуваше кон запад. Распоредот се разликуваше во некои региони. На пример, во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), избирачките места останаа отворени до 14 часот по московско време. Републиканската изборна комисија ја оправда оваа одлука со активноста на беспилотни летала и потребата за безбедно доставување на изборните документи по затворањето на избирачките места, пренесе ТАСС. Изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот состав се одржаа од 18 до 20 септември. Жителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат учествуваа на изборите. На изборните листи за федералната изборна единица беа застапени десет партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMSМинистерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан. Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски силиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook