Дневен хороскоп за 14.3.2019 - Канал 5

Дневен хороскоп за 14.3.2019

Дневен хороскоп за четврток , 14 март 2019 година. 

Дневен хороскоп за 14.3.2019

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Почнува помирен љубовен период , кој и натаму ќе биде пријатен , но со помалку настани.

Кариера

Вашиот труд е препознаен и само се чека согласност од сите нивоа на оние кои решаваат , за да ви се отвори една врата.

Здравје и совет

Мала тага.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Почнува поквалитетен љубовен период , кога ќе успеете да го постигнете она што со години го посакувате.

Кариера

Вешиот труд ќе се цени , но и натаму ќе бидете збунети во врска со барањата што ќе ви бидат поставени во врска со некоја работа.

Здравје и совет

Подобрување.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

И покрај малите недоразбирања во комуникацијата, вие сепак успешно ги градите љубовните мостови.

Кариера

Ќе му бидете благодарни на вашиот деловен партнер , кој ќе ви прогледа низ прсти. Ќе ја разбере вашата мала неорганизираност.

Здравје и совет

Вежбајте за концентрација.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Секој вид на пријателски или опуштен контакт денеска би можел да ви биде интересен и да ве исполни.

Кариера

Можеби се прашувате до кога морате толку да работите , зашто сте убедени дека се може подобро да се сработи.

Здравје и совет

Не се форсирајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашиот љубовен живот се развива стабилно , тивко и искрено. Сето тоа ве прави уште посилна личност , а вашата врска е поквалитетна.

Кариера

Малкумина сега би можеле да ви застанат на патот. Тој одамна е зацртан , а вие само го следите.

Здравје и совет

Не вреди да собирате плодови додека не се зрели.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малата меланхолија ќе ја надминете ако излезете. Таму ве чека убаво изненадување и уживање.

Кариера

Работите денеска ќе ви изгледаат полошо отколку што навистина се. Затоа , не носете предвремени заклучоци и пуштете на времето да ја покаже вистинската состојба.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Од вас ќе се бара да бидете внимателни и верно да слушате што ви зборува другата страна. Прифатете го тоа.

Кариера

Ќе комбинирате дипломатија со претприемнички дух. На моменти ќе ви биде тешко , но со трпение , се ќе успеете да направите.

Здравје и совет

Краткотраен дефетизам.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Влегувате во малку неповолна љубовна фаза, кога потешко ќе добивате емоционално исполнување , а љубовните можности ќе бидат поретки.

Кариера

Ќе видите некои детали кои другите не ги гледаат и затоа ќе носите различни заклучоци од другите колеги.

Здравје и совет

Подобрете го односот со околината.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете склони да правите слон од глушец , а сето тоа е резултат на вашата фантазија. Не е идеално , но далеку е подобро отколку она што вие го гледате.

Кариера

Вашите тајни непријатели денеска ќе чепкаат тивко и полека, но упорно.Бргу ќе ги пшрепознаете , но не им откривајте дека знаете што прават.

Здравје и совет

Кој последен се смее, најслатко се смее.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете позитивни во вашите љубовни намери , без оглед што некои околности не ви одат од рака.

Кариера

На работното место ќе има преодни промени . Затоа атмосферата ќе биде малку мрачна , а вработените натажени.

Здравје и совет

Внесете ведрина каде и да одите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Нема да бидете задоволни , а особено ако се трудите по секоја цена да одржите добро расположение.

Кариера

Некои од вашите колеги ќе покаже дека не е доволно силен и дораснат на она што го работите. Помогнете им ако треба.

Здравје и совет

Чувствителност со бубрезите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие се забавувате и поигрувате , можеби испуштате важна љубовна шанса. Бидете посериозни.

\Кариера

Не дозволувајте да ви се собира работатата , поради заморот што го чувствувате. Организирајте се подобро.

Здравје и совет

Помогнете му на еден пријател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани

Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.

Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.11.2026) се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор.

Целта на посетата е да се оцени спроведувањето на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се согледаат националните капацитети и предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и да се идентификуваат можностите за дополнително унапредување на институционалниот одговор и меѓународната соработка.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.

„Во изминатите петнаесет години Македонија помина низ значајни институционални, законодавни и структурни реформи, со кои ги зајакна своите безбедносни капацитети и ја потврди својата улога на одговорен партнер во зачувувањето на регионалната и меѓународната стабилност. Нашата определба е да продолжиме со развојот на систем кој навремено ги препознава заканите, ефикасно ги спречува и обезбедува сигурност за граѓаните“, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека во изминатиот период се унапредени механизмите за меѓуинституционална координација, размена на оперативни информации и соработка меѓу полицијата, разузнавачките служби и органите за гранично управување. Истовремено, посебно внимание е посветено на превенцијата на насилниот екстремизам, раното препознавање на радикализацијата, дерадикализацијата и ресоцијализацијата, преку вклучување на локалните заедници, образовните институции и граѓанскиот сектор.

Говорејќи за идните приоритети, Тошковски го најави донесувањето на ревидираната Национална стратегија за борба против тероризмот, со посебен акцент на дигиталната радикализација и новите безбедносни закани.

„Терористичките закани сè повеќе се пренесуваат во дигиталниот простор. Затоа веќе го започнавме процесот на формирање специјализирана Национална единица за следење и сузбивање на терористичките содржини на интернет. Паралелно, планираме меѓуинституционални симулациски вежби за заштита на критичната инфраструктура и справување со хибридни закани, со вклучување и на приватниот сектор“, истакна министерот.

Во рамки на петдневната евалуациска посета ќе се разгледуваат повеќе области, меѓу кои антитерористичкото законодавство, спречувањето на финансирањето на тероризмот, граничната безбедност, меѓународната полициска и правосудна соработка, спречувањето на радикализацијата, злоупотребата на интернетот и новите технологии, како и заштитата на критичната инфраструктура. Предвидени се и теренски посети на Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин „Табановце“.

На завршните сесии делегацијата ќе ги презентира своите прелиминарни согледувања и препораки, кои ќе послужат како основа за натамошно унапредување на националните капацитети.

Министерот Тошковски ја потврди подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за целосна соработка со експертскиот тим на Обединетите нации, нагласувајќи дека објективната процена и меѓународната размена на искуства се важни за градење поотпорен и поефикасен безбедносен систем.

„На оваа евалуација гледаме како на можност да ги потврдиме постигнатите резултати, но и да ги препознаеме областите во кои можеме да бидеме подобри. Борбата против тероризмот бара постојана будност, силни институции и меѓународно партнерство. Нашата крајна цел останува заштитата на граѓаните и обезбедувањето стабилна и безбедна држава“, порача Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај

Амбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами.

Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај

На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик.

Одбележувањето на Денот на културата ќе продолжи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 13 ноември, Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча (јапонски чај), кои ќе ги води г-ѓа Курита Јунко, специјалист за јапонски чај.

3 ноември е Ден на културата (Bunka no Hi), национален празник што секоја година се одбележува во чест на слободата и мирот, како и за промовирање на културата, уметноста и науката. На Денот на културата, многу музеи во Јапонија се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу овој датум се организираат бројни фестивали за промоција на уметноста и културата, а различни јавни и приватни организации низ целата земја доделуваат награди од повеќе области.

Во Империјалната палата во Токио се одржува свечената церемонија за доделување на Орденот за култура. Царот лично им ги врачува признанијата на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на науката, уметноста или културата.

Учеството на сите настани е бесплатно. За работилницата за оригами во Центарот за култура Битола е потребна претходна резервација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници

Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462.

Со ова продолжуваат активностите за спречување на нелегалното приредување игри на среќа преку интернет и за ограничување на пристапот до платформи кои работат спротивно на законските прописи во државата.

Овие мерки се насочени кон заштита на граѓаните во интернет-просторот, вклучително и од ризиците поврзани со споделување лични и финансиски податоци на нелегални платформи за игри на среќа. Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците и спречувањето на нивната изложеност на онлајн коцкање.

Согласно доставениот налог, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Апелираме граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници. Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет просторот.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со преземање мерки во рамките на своите надлежности за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа и создавање побезбеден интернет-простор за граѓаните.

Во прилог ги доставуваме листата со веб-страниците опфатени со налогот и официјалниот допис до Агенцијата за електронски комуникации.

Со почит,

Кабинет на Министер

Стефан Андоновски,

Министер за дигитална трансформација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер