3Кузеска: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
3Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
ХороскопДневен хороскоп за 13. октомври 2023 година Дневен хороскоп за петок, 13. октомври 2023 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот. Кариера Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист. Здравје Вежбајте за да зајакнете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат. Кариера Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало. Здравје Движете се што повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност. Кариера Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа. Здравје Движете се . Јарец 22.12.-20.1. Љубов За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини. Кариера Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување. Здравје Јадете помалку и патувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство. Кариера Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив. Здравје Не останувајте сами дома, излезете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж. Кариера Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно. Здравје Останете свои. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни. Кариера Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате. Здравје Внимавајте на вируси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде. Кариера Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново. Здравје Верувајте во себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте. Кариера Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија. Здравје Радувајте и се на иднината. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите. Кариера Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат. Здравје Веќе не сакате да ве искористуваат. Лав 23.7-22.8. Љубов Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето. Кариера Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода. Здравје Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја. Кариера Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој. Здравје Слабост и главоболка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
ЖивотКанада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраиниКанада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини. Гласањето се одржува денес.Жителите на Алберта денес ќе одлучат дали да го започнат процесот за распишување обврзувачки референдум за отцепување од Канада. Премиерот Марк Карни предупредува дека победата на сепаратистичката опција би предизвикала опасна неизвесност во време кога трае трговската војна со Соединетите Држави, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Анкетите покажуваат дека независноста ја поддржуваат помалку од една четвртина од жителите на оваа западна канадска провинција. И покрај тоа, во пресрет на гласањето, целото внимание е насочено кон излезноста и прашањето дали еден мотивиран сепаратистички табор, во услови на пасивност на федералистите, може да постигне неочекуван резултат. „Не дозволувајте некој да ви каже дека исходот е веќе одлучен. Излезноста ќе го одреди резултатот“, изјави Карни на еден собир во четвртокот. Карни, кој израснал во Алберта, го нарече референдумот „опасен блеф“ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп воведува казнени царини и се заканува со анексија, со цел да ја скрши канадската решителност. „Гласајте како од тоа да зависи опстанокот на Канада – бидејќи навистина зависи“, рече Карни. Алберта ги поседува четвртите по големина докажани резерви на нафта во светот, а сепаратистичкото движење е поттикнато од незадоволството од начинот на кој федералната влада управува со овој сектор. Многу жители на Алберта остро му се спротивставија на претходникот на Карни, Џастин Трудо, обвинувајќи го дека преку своите климатски политики се обидува да го задуши производството на нафта. „Ако сакате да посочам кој е одговорен за сепаратистичкото расположение, сметам дека тоа е Џастин Трудо“, изјави овој месец премиерката на Алберта, Даниел Смит, во подкастот „Канадаленд“ (Canadaland). На еден сепаратистички собир во Едмонтон, одржан во саботата, 61-годишната Сенди Мартел изјави за новинската агенција АФП дека луѓето поврзани со нафтената индустрија се чувствуваат „ограбени, измамени и лошо третирани“. „Време е да се исправиме и да кажеме: доста е“, додаде таа. Гласањето доаѓа само неколку дена откако во пожар во една воена база во оваа провинција загинаа најмалку четворица војници, а десетици беа повредени, што предизвика изливи на сочувство низ целата земја. Конзервативната премиерка на Алберта вели дека сака покраината да остане во Канада, но распиша референдум за конечно да се реши ова спорно прашање. Доколку мнозинството гласа за отцепување, таа вети дека ќе иницира процес што ќе води кон обврзувачки референдум. Ако победат федералистите, Смит смета дека прашањето за отцепување треба да се смета за затворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЛитера отвора ново поглавје: „Градови полни приказни“ и нов центар за детска креативностМеѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца и млади „Литера“ најавува два значајни проекта – едиција сликовници посветени на македонските градови и отворање Центар за развој на детска креативност.Од денес, 19 октомври до 10 ноември 2026 година е отворен конкурс за авторски текстови за сликовници под заедничката тема „Градови полни приказни“. Со овие иницијативи, фестивалот го проширува своето дејствување во целогодишна платформа за литература, илустрација, уметност и едукација. Шест градови, шест сликовници, една Македонија раскажана низ приказни. Гевгелија, Битола, Охрид, Скопје, Прилеп и Куманово ќе добијат свои авторски сликовници, кои преку автентични приказни и илустрации ќе го претстават нивниот културен идентитет пред домашната и меѓународната публика. Под мотото „Градови полни приказни“, „Литера“ ги повикува авторите да создадат оригинални текстови инспирирани од овие шест македонски градови. Конкурсот е отворен од 19 октомври до 10 ноември 2026 година и има цел да поттикне нови авторски гласови и современи приказни што ќе го доближат културното богатство на Македонија до најмладите генерации. Шесте сликовници ќе бидат изработени со висококвалитетни материјали и обединети во специјално дизајнирана кутија со интерактивна игра за запознавање на градовите. Проектот создава современо книжевно, визуелно и едукативно искуство, со потенцијал за промоција на македонската култура надвор од земјата. Од 1 ноември започнува со работа Центарот за детска креативност Во исто време, „Литера“ отвора Центар за развој на детската креативност, кој од 1 ноември 2026 година ќе понуди тематски работилници за боја, илустрација, 3Д-форми, раскажување приказни преку цртеж и изработка на сликовници. Работилниците ќе ги водат професионални автори и стручни лица, а програмата ќе се објавува однапред, со пријавување и до пополнување на капацитетите. Осум години посветени на квалитетната детска литература Во изминатите осум години „Литера“ придонесува за нов пристап кон детската литература и илустрацијата во Македонија, афирмирајќи ја сликовницата како уметничко дело со важна улога во развојот на визуелната култура, имагинацијата и љубовта кон читањето. „Веруваме дека вложувањето во детската литература и креативност е вложување во културната иднина на нашата земја. Со едицијата „Градови полни приказни“ сакаме да покажеме дека секој град има приказна што вреди да се раскаже и зачува. Паралелно, создаваме простор во кој децата ќе можат да ја развиваат својата имагинација и креативност. Нашата цел не е само да создаваме нови читатели, туку и идни автори, илустратори и генерации со развиена визуелна култура“, велат од тимот на „Литера“. Во 2026 година фестивалот ја развива својата целогодишна платформа, која ќе обедини изложби, работилници, предавања, професионални вмрежувања и меѓународни претставувања. Со новите проекти, „Литера“ продолжува да гради простор во кој приказните ја зачувуваат културата, а креативноста ја обликува иднината. Автор на официјалната илустрација за Литера 2026 е Анастасија Јованова. Конкурс „Градови полни приказни“ Рок за доставување авторски текстови: 10 ноември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПутин: Русија создава погранична безбедносна зона во Украина за која нема да се преговараРусија воспоставува безбедносна зона во Украина по должината на нејзината граница, што нема да биде предмет на какви било преговори со киев во иднина, изјави претседателот Владимир Путин.Тој рече дека операцијата е одговор на украинската инвазија во западниот руски регион Курск во 2024/25 година. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека планираната безбедносна зона се протега 660 километри, од кои 70% моментално се под контрола на Русија. Не кажа колку длабоко ќе навлегува во Украина. Путин рече дека руските сили сè уште не освоиле нешто повеќе од 10% од територијата на Доњецк и 16,5% од регионот запорожје, два од четиритие региони што беа анектирани во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01