ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија
2ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија
3Уапсени се две Србинки, кои шпионирале во корист на Албанија- едната е фатена додека ужива во кафуле (ВИДЕО)
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 13.октомври 2019 годинаДневен хороскоп за недела, 13.октомври 2019 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНевиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)Крајно необичното однесување на францускиот тенисер Теренс Атман беше видено на Челинџер во Џингшан, каде што одеднаш реши да му го предаде мечот на Елијас Имер .Крајно необичното однесување на францускиот тенисер Теренс Атман беше видено на Челинџер во Џингшан, каде што одеднаш реши да му го предаде мечот на Елијас Имер и да го пропушти во осминафиналето, без никаков физички проблем. Атман сервираше за мечот против шведскиот претставник во третиот сет, кога сè гореше, а кога не успеа да го доведе мечот до крај, отиде до мрежата да му подаде рака. Имер отпрвин не разбра што се случува, но потоа истрча до јажето и се збогува со противникот. Ова не е прв пат Французинот да прави неразумни потези, неговите непрофесионални моменти беа чести во месеците зад нас, па ја прекина соработката со тренерот, кој изјави дека повеќе не може да го толерира недостатокот на посветеност на работата. Се зборуваше и за мешањето на неговиот татко во неговата работа, но ова е нешто што никој навистина не го очекуваше, особено со активниот резултат 5:5 во третиот сет. Атман е меѓу првите 100. Тој сè уште не освоил АТП титула во кариерата, а интересно е што и покрај тоа што е рангиран на 41-то место во светот, не стигнал до второто коло на Гренд слем.Тагови: противник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЕвропаОсудени се шестмина по трагедијата во Ламанш, кога пред пет години загинаа 30 мигрантиСудот во Париз прогласи шест мажи за виновни за убиство без умисла поради давење на повеќе од 30 лица во Ламанш пред пет години. Тоа беше најлошата регистрирана несреќа со мигранти во морскиот премин меѓу Франција и Велика Британија. Уште седум мажи беа прогласени за виновни за помали кривични дела поврзани со шверц со различен степен на сериозност, вклучително и помагање и поттикнување на нелегален влез во земјата како дел од организирана група и криминално здружение, објави Ројтерс. Мигрантите починаа откако нивниот преполн чамец се издуваше додека преминуваше еден од најпрометните водни патишта во светот. Француски рибарски брод ги извести службите за итни случаи откако забележа тела како пловат покрај францускиот брег во близина на Кале во ноември 2021 година. Пронајдени се 27 жртви, додека најмалку четири лица никогаш не беа пронајдени. Само двајца мажи преживеаја. Шестмината мажи прогласени за виновни за убиство без умисла беа осудени на шест до десет години затвор. Другите добија казни од шест месеци условна до четири години затвор. Еден маж беше ослободен. Повеќето од жртвите беа ирачки Курди Жртвите беа претежно ирачки Курди, но меѓу нив имаше и Авганистанци, Етиопјани, еден Египќанец, еден Сомалиец, еден Иранец и еден Виетнамец. За време на судењето, роднините на некои од жртвите го опишаа страдањето што им го предизвика трагедијата. „Живеам со неизвесноста дали некогаш ќе дознаам нешто за неговото исчезнување, дали ќе најдам тело или гроб“, изјави пред судот Зана Маманд Мухамед, чиј брат Твана, тогаш 18-годишен, никогаш не беше пронајден по несреќата. „Живеам со оваа постојана болка“, рече тој низ солзи, држејќи фотографија од својот брат.Тагови: Ламанш мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во БугаријаВо однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, би посочиле дека посоодветно е поканата да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче. Впрочем да не заборавиме дека Заев беше тој кој велеше дека Бугарите биле ослободители а не фашисти, дека биле администратори, дека македонскиот јазик е после 44та итн. А Венко Филипче и денес има идентичен став со бугарската политика, прво Бугари во Устав, а после се друго. Тоа се мотивите на една срамна и предавничка политика, јавно етаблирана во Преспанскиот договор и Бугарскиот договор за добрососедство кои се една иста страна од паричката. Во однос на удирањето во гради со пренесување на моштите на Цар Самоил во Бугарија, ќе потсетиме дека англискиот крал Ричард I е во Франција, иако тоа не го прави французин. Притоа ќе потсетиме и на мудриот потег на Бугарија во минатото кога моштите на Гоце Делчев ги предаваат на Македонија. Добро е да објасни тогаш што е Гоце Делчев за нив и бугарските гласноговорници? За нас, за разлика од Заев, Филипче или Каракачанов вистината е едноставна, а тоа е дека е еден од најсветлите ликови во македонската историја. За жал, таа мудрост ја нема официјална Софија, но истовремено ја поздравуваме возбудата со која Бугарија го почитува делото на Цар Самоил кој има неизбришива трага за Македонија, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook